Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.999
- Поени од реакции
- 61.818
Има основа, и многу е глупаво. Играчот за ракоплескање може да добие црвен картон. Тоа не е спорно. Она што мене ме мачи кај денешниве судии е нивото на глупоќа што го поседуваат, и не можат да разберат дека фудбалски натпревар не се суди со прирачник. Имаше една добра изрека порано која вели: Најдобар судија е оној кој не се забележува на теренот. Јас во последно време забележувам многу судии и сите сакаат да се експонираат со тоа што ќе покажат црвен картон на фудбалска ѕвезда или ќе уништат перфектно добар и значаен натпревар затоа што некое правило во прирачникот ги оправдува. Типичен пример ако се сеќавате втор жолт картон на Арсенал Барселона за шутната топка после судиски свиреж, која лакрдија беше тоа...
Судиите мора да сфатат дека тие се тука да овозможат натпреварот да помине во најдобар ред и треба да се фаќаат за џебот само кога е навистина потребно за да се одржи редот на теренот. Но за жал, толку им дал господ во тиквите па ќе ги гледаме и во иднина како се бламираат пред милиони гледачи.
Нема ништо поопасно од идиот со ресурси... ко Џиги на пример.