Креационизам наспроти еволуционизам

G

Gricko_

Гостин
Јас кога студирав на ПМФ еволуција се учеше цел семестар, предавања плус вежби. Си го предаде професорката првото предавање и ни вика утре дебата креационизам vs еволуционизам, тие што ќе се истакнат ќе добијат поени. Од 15 луѓе во група 6 љоптурки и почнува професоркава ај да видам што знаете и направете една паралела. Зошто верувате во богови? Одговори: Taка, семејна традиција, се осеќаме позитивно на празници. Кога ги праша муслиманкиве за нивните богови, пророци, абре ќе се истепаат што се вика, викаат по професорката како не требало да се негира постоењето на богови. И виде професоркава како стојат 90% од колегиве со еволуција, вежбите веќе не беа со дебати, туку ни даваше од книга некој дел и смешно изгледа, иритирачки смешно, некој што не се ни потрудил да истражи да дискутира за ефект на генетски дрифт, варијабилност или да објаснува што покажува принципот Харди-Вајнберг.

Со ЕКТС системот глеам споиле екологија заедно со еволуција со скрипта од 50 страни. Значи тоа е пола семестар, тоа се 8-9 предавања, едно ќе се погоди празник, последното е колоквиум и кога ќе видиш за 5-6 предавања ќе си исчита се од слајдови, студентите 90% задоволни што ќе полагаат скриптиче од 50 страни. Милина!
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

И, како студентите го положуваат посочениов предмет?
Пишуваат како еволуционисти или како креационисти? Велат дека се атеисти или велат дека се верници? До каде е испитот објективен а каде и кога влегува со лични ставови и определби?

Ако студентот, од некоја причина, верува и вели дека Светот и животот се створени, дали тоа по автоматизам значи дека таквиот студент може слободно да се оптише од факултетот, оти не полага испит според убедувањата од дотичната професорка?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Кој ти даде тебе диплома?!
Ти како си полагал испити? Со верување дека нешто е точно или погрешно?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Кој ти даде тебе диплома?!
Ти како си полагал испити? Со верување дека нешто е точно или погрешно?
Не си повикан на муабет со прашање...
Полагањето испит за еволуцијата, згора на све и положен барем со „шестка„, е исто како и полагањето испит за телемата, со изложување на непобитни „докази„ за нејзината точност.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не си повикан на муабет со прашање...
Полагањето испит за еволуцијата, згора на све и положен барем со „шестка„, е исто како и полагањето испит за телемата, со изложување на непобитни „докази„ за нејзината точност.
Полагање на било кој испит бара знаење, не верување. Ти може да веруваш колку сакаш дека 2+2 се 7, тоа нема да го смени фактот дека не се.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Полагање на било кој испит бара знаење, не верување. .
...што значи, ако полагам на испит по Телемата, треба да покажам „знаење„, кое се сведува на испразен субјективизам, кој сам по себе е „објективизирано„ знаење...[DOUBLEPOST=1409580778][/DOUBLEPOST]
Ти може да веруваш колку сакаш дека 2+2 се 7, тоа нема да го смени фактот дека не се.
Јас сеуште велам дека 2+2=4, така да немам потреба од верување во равенката, туку од овосветовно знаење кон посочената равенка.

Верувам во нешта кои се сетилно и рационално недостижни, а не во нешта кои се очигледни.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
...што значи, ако полагам на испит по Телемата, треба да покажам „знаење„, кое се сведува на испразен субјективизам, кој сам по себе е „објективизирано„ знаење...
Телемата не е предмет на дискусија на темава, има посебна тема кај што е на долго и широко дискутирано за ова.
Јас сеуште велам дека 2+2=4, така да немам потреба од верување во равенката, туку од овосветовно знаење кон посочената равенка.

Верувам во нешта кои се сетилно и рационално недостижни, а не во нешта кои се очигледни.
Епа слично како што и примерот со 2+2 нема потреба од верување, така е и со еволуцијата, бидејќи таа не зависи од ничии верувања, туку од рационалните заклучоци и откритија на разните обласни од науката.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Епа слично како што и примерот со 2+2 нема потреба од верување, така е и со еволуцијата, бидејќи таа не зависи од ничии верувања, туку од рационалните заклучоци и откритија на разните обласни од науката.
Во Црквата, еволуцијата се нарекува „...лага која трае...„.

Критичарите на еволуцијата, ја нарекуваат „...нова вера..„, (види кај Филип. Е. Џонсон), која е заснована не на правилно толкување на фактите, туку на испразната философија околу толкувањето на фактите.

Таму каде фактот и неговото толкување се во расчекор, таму има(ме) вер(б)а во толкувањето на фактите, кои сами од себе не можат да (до)кажат ништо.[DOUBLEPOST=1409587162][/DOUBLEPOST]
Телемата не е предмет на дискусија на темава, има посебна тема кај што е на долго и широко дискутирано за ова.
Не е ништо дискутирано, туку е само „монологизирано„.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Во Црквата, еволуцијата се нарекува „...лага која трае...„.

Критичарите на еволуцијата, ја нарекуваат „...нова вера..„, (види кај Филип. Е. Џонсон), која е заснована не на правилно толкување на фактите, туку на испразната философија околу толкувањето на фактите.

Таму каде фактот и неговото толкување се во расчекор, таму има(ме) вер(б)а во толкувањето на фактите, кои сами од себе не можат да (до)кажат ништо.
Црквата може да ја нарекува како сака, тоа нема да го смени фактот што еволуцијата не се базира на никакво верување, туку на заклучоци и откритија од различни гранки на науката. Одбивањето да се отворат очите не прави светлината да престане да постои.
Не е ништо дискутирано, туку е само „монологизирано„.
Општо познато е дека за тебе се што не се совпаѓа со твоите догми е монолог.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Црквата може да ја нарекува како сака, тоа нема да го смени фактот што еволуцијата не се базира на никакво верување, туку на заклучоци и откритија од различни гранки на науката. Одбивањето да се отворат очите не прави светлината да престане да постои.
Токму тие различни гранки од науките, ја растурија еволуционистичката вера, а од тоа растурање, некои нејќат да се разбудат од својата заблуда, оти ќе мора да се приклонат кон некоја друга вистина...[DOUBLEPOST=1409587614][/DOUBLEPOST]
Општо познато е дека за тебе се што не се совпаѓа со твоите догми е монолог.
Црковните догми се соборно и личносно донесени одлуки, не се монолози. Во догмите, верните се согласни едни со други, а не со самите себе.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Токму тие различни гранки од науките, ја растурија еволуционистичката вера, а од тоа растурање, некои нејќат да се разбудат од својата заблуда, оти ќе мора да се приклонат кон некоја друга вистина...
Единствена заблуда е тврдењето дека нечие верување е апсолутна вистина, а заклучок донесен без никакви предходни очекувања за исходот - лага.
Црковните догми се соборно и личносно донесени одлуки, не се монолози. Во догмите, верните се согласни едни со други, а не со самите себе.
Затоа денес има над 30 000 деноминации на христијани?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Единствена заблуда е тврдењето дека нечие верување е апсолутна вистина, а заклучок донесен без никакви предходни очекувања за исходот - лага.
За вистината, можат да зборуваат и сведочат само поединци кои стојат во вистината и кои веќе се во заедница со Вистината. Надвор од вистината, постои лагата, во оваа или онаа форма.[DOUBLEPOST=1409589525][/DOUBLEPOST]
Затоа денес има над 30 000 деноминации на христијани?
За неверните, секогаш постои по некое убедливо самооправдување за своето неверие: ако не се оние 30 000 самоименувани инстант-христијани, тогаш ќе беа некои други.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
За вистината, можат да зборуваат и сведочат само поединци кои стојат во вистината и кои веќе се во заедница со Вистината. Надвор од вистината, постои лагата, во оваа или онаа форма.
А вистината е само тоа што на тебе и на твоите истомисленици им одговара, факти, аргументи, наука...све тоа е ѓаолска работа......и монолог, се разбира.
За неверните, секогаш постои по некое убедливо самооправдување за своето неверие: ако не се оние 30 000 самоименувани инстант-христијани, тогаш ќе беа некои други.
Оправдување бараат оние што имаат очекување за тоа што мора да биде Вистината, за оној што нема предходни очекувања, нема ни потреба да бара оправдување, бидејќи што и да се добие како заклучок или резултат ќе биде прифатено како вистина.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.611
Поени од реакции
9.240
Знаете ли кога Црквата го прифати Коперник? Го прифати кога астрономите целосно го отфрлија. Зашто ако сте го читале Коперниковиот хелиоцентризам ќе сте виделе дека тој не само што тврдел дека дотогаш познатите планети заедно со Месечината се вртеле околу Сонцето, туку тврдел и дека ѕвездите се вртеле околу Сонцето, дека во близина на Сонцето се наоѓа и центарот на Вселената и дека небесните тела се движат по кружни патеки.
Кога астрономите открија дека Сонцето не само што не е блиску до центарот на Вселената, туку и дека не е блиску ни до центарот на нашата галаксија, кога открија дека планетите не се движат по кружни, туку по елиптични патеки, кога открија дека ѕвездите се сонца кои не се движат околу нашето Сонце, туку околу центарот на нашата галаксија Млечен Пат, кога открија дека освен нашата галаксија има многу други галаксии кои формираат галактички гроздови, а овие гроздови формираат супергроздови, тогаш Црквата рече дека Коперник е во право.
Така ќе биде и со Дарвин. Барем петпати ќе се модифицира Теоријата на еволуцијата, најголем дел од претпоставките на Дарвин ќе се отфрлат во науката и тогаш Црквата ќе рече дека Дарвин е во право.
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Така ќе биде и со Дарвин. Барем петпати ќе се модифицира Теоријата на еволуцијата, најголем дел од претпоставките на Дарвин ќе се отфрлат во науката и тогаш Црквата ќе рече дека Дарвин е во право.

Кога „теоријата„ од Дарвин ќе биде не само 5, туку поприлично пати модфицирана, тогаш тоа модифицирање ќе биде се светлосни години далеку од изворниот дарвинизам и само насилно „лепење„ на етикетата „дарвизнизам„ ќе го прави идниот дарвинизам блиску до Дарвина.

Еве, јас сум трпелив па штом Црквата ја прифати Дарвиновата лага за вистина, веднага извести ме...[DOUBLEPOST=1409602039][/DOUBLEPOST]
Знаете ли кога Црквата го прифати Коперник? Го прифати кога астрономите целосно го отфрлија. Зашто ако сте го читале Коперниковиот хелиоцентризам ќе сте виделе дека тој не само што тврдел дека дотогаш познатите планети заедно со Месечината се вртеле околу Сонцето, туку тврдел и дека ѕвездите се вртеле околу Сонцето, дека во близина на Сонцето се наоѓа и центарот на Вселената и дека небесните тела се движат по кружни патеки.
Кога астрономите открија дека Сонцето не само што не е блиску до центарот на Вселената, туку и дека не е блиску ни до центарот на нашата галаксија, кога открија дека планетите не се движат по кружни, туку по елиптични патеки, кога открија дека ѕвездите се сонца кои не се движат околу нашето Сонце, туку околу центарот на нашата галаксија Млечен Пат, кога открија дека освен нашата галаксија има многу други галаксии кои формираат галактички гроздови, а овие гроздови формираат супергроздови, тогаш Црквата рече дека Коперник е во право.
.
Хелиоцентризмот од Копериник е прифатен не оти е точен, туку оти е поедноставен за прифаќање за човековиот ограничен и огревовен ум, за разлика од геоцентризмот и епициклите.

Или како што би рекол блажениот Серафим: кога човековиот ум ќе почне да поедноставува одредена работа, тогаш умот продолжува со поедноставувањето.[DOUBLEPOST=1409602097][/DOUBLEPOST]
А вистината е само тоа што на тебе и на твоите истомисленици им одговара, факти, аргументи, наука...све тоа е ѓаолска работа......и монолог, се разбира.
Црквата прави точна поделба на она што е научен факт од она што е празнословие, кое „као„ треба да го „толкува„ фактот.[DOUBLEPOST=1409602216][/DOUBLEPOST]
Оправдување бараат оние што имаат очекување за тоа што мора да биде Вистината, за оној што нема предходни очекувања, нема ни потреба да бара оправдување, бидејќи што и да се добие како заклучок или резултат ќе биде прифатено како вистина.
Оние кои немаат очекувања, немаат ни на што да се надеваат...освен на самите себе.
Тоа „немање„ одлично се „уклапа„ во Дарвинивиот светоглед на случајни настани, без смисла и без посебна цел,

Или поинаку кажано: лагата на лага „иде„.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom