G
Gricko_
Гостин
Јас кога студирав на ПМФ еволуција се учеше цел семестар, предавања плус вежби. Си го предаде професорката првото предавање и ни вика утре дебата креационизам vs еволуционизам, тие што ќе се истакнат ќе добијат поени. Од 15 луѓе во група 6 љоптурки и почнува професоркава ај да видам што знаете и направете една паралела. Зошто верувате во богови? Одговори: Taка, семејна традиција, се осеќаме позитивно на празници. Кога ги праша муслиманкиве за нивните богови, пророци, абре ќе се истепаат што се вика, викаат по професорката како не требало да се негира постоењето на богови. И виде професоркава како стојат 90% од колегиве со еволуција, вежбите веќе не беа со дебати, туку ни даваше од книга некој дел и смешно изгледа, иритирачки смешно, некој што не се ни потрудил да истражи да дискутира за ефект на генетски дрифт, варијабилност или да објаснува што покажува принципот Харди-Вајнберг.
Со ЕКТС системот глеам споиле екологија заедно со еволуција со скрипта од 50 страни. Значи тоа е пола семестар, тоа се 8-9 предавања, едно ќе се погоди празник, последното е колоквиум и кога ќе видиш за 5-6 предавања ќе си исчита се од слајдови, студентите 90% задоволни што ќе полагаат скриптиче од 50 страни. Милина!