Ретардирано до курца. Ученици се, не работници. Нема никаква потреба да ги маркирате
како засебна типизација бидејќи се подразбира дека дете = ученик.
Обично децата во училиште не рассудуваат и малтретираат на база на финансиска поткрепеност од дома. Барем не кај нас. Повеќе задеваат за физички изглед и антисоцијално однесување. Така да и во овој аспект е непотребно.
Ако стварно сакате таа класна диференцијација да се изгуби ондак ќе треба сите да ги облечете во истата трошна блузичка,
да ги имаат сите истите битпазарски патики итн. И тогаш ќе се кренат родителите на богатите деца.
Зошто моето дете да носи битпазарска патика?
Плус, се наметнува психологија на сериско производство. Времето во училиште се периодите во кои децата ги восприемаат првите влијанија, се
диференцираат како личности низ многу архетипи и нивни атрибути како начин на облекување, одење, говор, гестикулации и мал милион ситници.
Со наметнување на униформи практично им викаш "еве ти ја етикетата #3546467, оди во редицата.
Студии покажале дека носење униформи придонесува и до други развојни проблеми. Во понатамошниот тек на животот, од луѓето се бара да внимаваат на изгледот,
на облеката која ја искомбинирале за интервјуа за работа итн.
Ваквиот кодекс на однесување налага понизност пред авторитет и други вредности кои се унаказувачки за сечиј кариерен дух.