1.Црвено: не си ми јасен како тоа ем да ги контролираш мислите, ем да НЕ извршуваат влијание на мене? Или лошо се изразуваш или ептен ти е лоша/погрешна логиката
![Збунет :confused: :confused:](/styles/default/xenforo/smilies/confused.png)
2.Сино: Такво нешто е скоро невозможно. Нема шанса да позитивноста биде константа. Секогаш надворешните услови ќе имаат влијание на нас. ДА, на нас е да се трудиме да бидеме што е можно пообјективни, но сепак, ние сме суштества од месо, крв, чуства и мисли, и тие работи се подложни на надворешните влијанија. Само роботот има константа во своето однесување. Еве на пример, и кај тебе како верник играат улога надворешните влијанија. Дали да го спомнам опкружувањето, дали библијата? Еве пошто сме на тема религија, ќе останам на библијата. Таа ти вели дека си се родил грешен/со грев и дека грешниците ќе горат во пеколот. А ти пустиот цицалче, појма немаш ни дека си жив, ама важно си грешен. И како таков растеш, но таа доктрина е веќе всадена во твојата/верничката глава. И цел живот живееш во страв, со фобија од пеколот кој постои само затоа што некој така кажал, а не дека ти или некој друг го видел и искусил.
3.Болд: Ако ти кажам ќе треба да те убијам. ТОП СИКРЕТ е тоа.
![Јазиче :P :P](/styles/default/xenforo/smilies/tongue.png)
Али еве да не биде дека бегам од одговор, ...... секој на свој сопствен начин се бори и делува. за некого тоа ќе биде слушањето на класика/рок/поп/турбо, за некој читањето книга, за трет филозофски мисли, четврто сексот, ......... опциите се безбројни, ама кој е мојот метод не е толку важно