Сообраќајни прекршоци и казни

Ова е случајот.

Мој познаник управувал скутер 49cc, што се води како велосипед со помошен мотор,возачот има валидна возачка дозвола од М категорија , самиот скутер е нов и со комплетна документација и осигурен е.
Се движел по некоја споредна улица во Автокоманда и налетал на лежечки полицаец со 30 км на час , изгубил контрола , паднал и ја скршил раката.Со возило на брза помош е пренесен в болница. Немало во близина други возила , сам го предизвикал инцидентот.

Дошле на увид од сообракајна полиција,нашле некои траги на кочење од одредена далечина (кои не се совпаѓаат со тврдењето на возачот) и напоменале некаква прекршочна пријава. Бидејки не ги познавам закониве , молам некој од поупатените да наведе за каква пријава би се работело , како оди процедурата и дали е сериозно и колкава евентуална казна би била изречена.

Благодарам однапред.
 
Aaaaa? Каква прекршочна пријава? Малку му е што ја скршил раката? По кој основ?

Мислам дека нема основ за никаква пријава.
 
полицаецот на увид спомнал дека ке му поднесат пријава за движење со брзона неприлагодена на условите на патот. и мене тоа ми е чудно , сам себеси се повредил , и сега пак него ке го глават
 
Кога веќе паднал од здраво стоење (по негова вина) и никој друг не повредил, можел да речи дека куче му претрчало... Инаку ако возел велосипед со мотор, нив максималната брзина им е 45 км/ч. Така да не гледам која е таа неприлагодена брзина спрема условите, кога низ град е дозволено 60.
 
Уште кога ја видов темава морници ми се појавија... :( 2 од по 300 евра, плус неплатени во рок од 7 дена = 1200 евра.. ОД КАЈ ДА ГИ НАЈДАМ БЕ АЛОООО ?????
 
а зашто ти ги пишале ако може да знаеме? :nesvest:
 
Ај честито.

Aj фала да не ти се врати! :) На првата казна за поминување на црвено бев нервозен и се расправав со полицаецот. На втората за 110 км/х во град бев пресреќен што не ми направи алко тест, дека ми прогледа низ прсти за пречекорена брзина повеќе од 60км/х казната е многу поголема а ми ја пиша минималната, не носев безбедносен појас, звукот на колата ми е далеку над максимално дозволените децибели, колата заради предниот спојлер ми е пониска од дозволеното со закон, бевме 6 души во кола регистрирана за 5. Се насмеавме на крај и двајцата со полицаецот кога ми кажа дека доколку сакал можел да ми стави казна од 1500 евра.:vozbud:
 
Ова е случајот.

Мој познаник управувал скутер 49cc, што се води како велосипед со помошен мотор,возачот има валидна возачка дозвола од М категорија , самиот скутер е нов и со комплетна документација и осигурен е.
Се движел по некоја споредна улица во Автокоманда и налетал на лежечки полицаец со 30 км на час , изгубил контрола , паднал и ја скршил раката.Со возило на брза помош е пренесен в болница. Немало во близина други возила , сам го предизвикал инцидентот.

Дошле на увид од сообракајна полиција,нашле некои траги на кочење од одредена далечина (кои не се совпаѓаат со тврдењето на возачот) и напоменале некаква прекршочна пријава. Бидејки не ги познавам закониве , молам некој од поупатените да наведе за каква пријава би се работело , како оди процедурата и дали е сериозно и колкава евентуална казна би била изречена.

Благодарам однапред.
Najverojatno ke mu pisat za neprilagoduvanje na brzina na uslovi na pat !
A sega zavisi ako nasle deka vozel prebrzo, odnosno nad dozvolenoto, moze ke mu pisat prijava i za toa :)

Ај ве читам вака како глупости правите малолетни шофери, па ум да ви дадам...
Најдена е колата, но не и возачот...
Нормално, ќе има пријава за сопственикот на возилото, и ќе биде повикан на таа комисијата за прекршоци.
И, таму ќе каже дека тогаш и тогаш не ја возел колата, и на прашањето кој ја возел ќе одговори дека се повикува на правото на несведочење против ближни...
И, неможе да се утврди кој возел...и готово...
Strumiks, po staro imse clen so kazna za sopstvenikot ako ne kaze koj ja vozel kolata. E sega po novo treba da vidam, ama bi trebalo da ima, clenovite se gore dole prepisani od stariot zakon nema nekoi izmeni golemi vo toj pogled :)
 
Aj фала да не ти се врати! :) На првата казна за поминување на црвено бев нервозен и се расправав со полицаецот. На втората за 110 км/х во град бев пресреќен што не ми направи алко тест, дека ми прогледа низ прсти за пречекорена брзина повеќе од 60км/х казната е многу поголема а ми ја пиша минималната, не носев безбедносен појас, звукот на колата ми е далеку над максимално дозволените децибели, колата заради предниот спојлер ми е пониска од дозволеното со закон, бевме 6 души во кола регистрирана за 5. Се насмеавме на крај и двајцата со полицаецот кога ми кажа дека доколку сакал можел да ми стави казна од 1500 евра.:vozbud:

па, колега. стварно ти се погодил добар саобрачајец.
+ и тука по Скопје не контролираат толку, како низ друѓите градови. Мене летниот период ме сопираат сигурно едно 7-8 пати во рок од 3 месеци, а досега имам само една казна за брзо возење од 97, на дозволени 40км/ч.
 
Возам Мотор 150cc, Малолетен сум, возев 70 на пат дозволен 40, нерегистриран мотор, без кацига, без светла, ме сопри полиција не застанав ме бркаа ама не ме фатија, сеа ако ме дознаат некако што е скоро невозможно колку ГОЛЕМА казна да очекувам?
 
како што викаат србите: јебо си ежа у леџа :tapp:
ако те најдат, и ти се нагледаат, го јадеш стапот:kesa:
 
Возам Мотор 150cc, Малолетен сум, возев 70 на пат дозволен 40, нерегистриран мотор, без кацига, без светла, ме сопри полиција не застанав ме бркаа ама не ме фатија, сеа ако ме дознаат некако што е скоро невозможно колку ГОЛЕМА казна да очекувам?

А бе не си направил некој поголем прекршок, ако те најдат ќе те пуштат со 50-100 евра немај гајле.:vozbud:

А чекај малку, моторот краден ти беше?
 
Сакам да прашам како е казната ако те фатат без возачка да управуваш кола дали е точно јас што мислам дека е 500 евра плус две години забрана да не смееш да полагаш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom