- Член од
- 25 март 2012
- Мислења
- 8.686
- Поени од реакции
- 5.373
МакедонијаФоткава ме потсетува на една друга (квази)држава, само не ми текнува која.

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
МакедонијаФоткава ме потсетува на една друга (квази)држава, само не ми текнува која.
На Енверовата Албанија сите вода можат да им носат.
Black hawk down доста кажуваАјде малце за Сомалија
![]()
Земјата нема парламент ниту претседател две децении. За тоа време државата е во анархија и константна војна. Во Сомалија неофицијално постојат две други држави, Сомалиленд и Пунтленд и бројни други терористи, исламисти и кланови со warlords. Животен век на населението е 50 години. Туристите кои ја посетуваат Сомалија (...Travel to Somalia is EXTREMELY NOT recommended as the conflict continues...) мораат да бидат обезбедувани од телохранители/полиција итн 24/7.![]()
Главниот град Могадишу е еден од најопасните во светот. Храна во Сомалија едноставно НЕМА.
![]()
Слики од Могадишу
![]()
![]()
И секако надалеку прочуените Сомалиски пирати (мада во последно време слабо им иде)![]()
![]()
![]()
![]()
Да влезеш во Сомалија не е толку тешко отколку да излезеш.
Северна Кореа не е затворена, не тресете глупости. Има полно агенции во Кина, само треба да скенирате пасош и да платите 3-4000 евра за авиони до Пекинг и плус зависи кој период сакате и колку денови сакате да останете и ќе влезете. Како што вика @Malcolm van den Сабаховић сите Кореа затворена ваква таква а повеќе знаат за неа него за државите нивни.
Не е затворена туку скапо е да се отиде.
До Јужна Италија имаат пливано, а не па до Грција за да избегаат. Иначе Италија ако не грешам најблиската точка е на 20 km од Албанија.Сега незнам колку е вистина,ама на локалното население во Ксамил-Албанија во периодот на Енвер им било забрането да влааат во морето за да не избегаат со пливањедо Крф-Грција.(информација добиена од жител на Албанија)
![]()
Мали не се заебавај.Иначе Италија ако не грешам најблиската точка е на 20 km од Албанија.
Ќути, масонерија тешка.......и по некое шише Кока Кола
....во Албанија беше лесно да влезеш, но тешко да излезеш....тоа што чичко Енвер беше опседнат со градење бункери беше погрешно разбрано, тој само сакаше да ја разработи индустријата со цемент.....исто како што нашите мили и драги властодршци со изградбата на споменици и барокни фасади сакаат да го размрдаат градежниот сектор
Кога веќе се зборува за затворени земји не треба да се изостави и кралството Саудиска Арабија....влезот за немуслимани е отежнат, а за некои делови од земјата и невозможен (прекршување на ова правило значи сигурна смрт)
Јас летував неколку пати во воениот камп во Свети Наум (во време на СФРЈ) тој е одма до границата со Албанија, преку езерото се гледаше албанско градче, на брегот, немаше никогаш ни еден чун, поради близината со Југославија им беа одземени и забранети чунови да не пребегнуваат а навечер силен рефлектор од Албанска страна го осветлуваше во неправилни интервали езерото, имаше еден милиционер кој стоеше кај манастирот и во едно тефтерче забележуваше во колку сатот го осветлуваа езерото, во муабет со него ми кажа дека према меѓународни прописи не би смееле туѓа територија (на СФРЈ) да ја осветлуваат - а зракот цел манастир го осветлуваше, па тој тоа го пријавувал па после на повисоко ниво протестираа кај албанците, тоа го правеле за да спречат албанците со пливање да пребегаат, инаку од средина на 80 десети имаше пребегнување на албански гранични патроли, памтам во весник имаше за еден таков случај пребегаа и се предадоа на Југословенски граничари па ги однесоа во Дебар во касарната беа воодушевени од храната во мензата (месо имало за ручек) па ги прошетале низ Дебар, велае не можеле да се изначудат на возила, осветлени улици и роба по излозите. Еднаш во 70 десетите имаше едно мало автобусче албанско во Битола, паркирано пред хотел Епинал, памтам како сега, одма тука беше тогаш тазе направен дом на култура, бакарниот кров блештеше од сонце на залез, сите светла во домот беа запалени, народ излезен шета, врват коли по улицата, а тие 20 стина души внатре, со раширени очи гледаат, а на вратата од автобусчето (беше отворена) седеше еден крупен човек со двете раце се држеше за страните кај вратата така да никој не можеше ни да влези ни да излези од таму....За Енвер Хоџа имам слушано дека кај Парламентот ставил рампа за да не му поминува обичен народ и да валка.
Друга приказна е дека некаде патувал со автомобил и пред него на патот имало запрежна кола со сено и наредил човекот да биде ликвидиран одма затоа што го забавувал.
Трето што сум слушал е дека за кражба се сечело рака. И дека народот бил многу дисциплиниран после тие мерки. Криминалот бил низок. И дека по отварањето на раниците едни од Македонија биле таму и им се дупнала гумата. И одма застанале да им помогнат овие. Еден им оставил пумпа и заминал и им рекол оставете ја во тревата нема никој да ја земе, а јас ќе си ја земам на враќање.
Четвра од граничар што ни беше пријател ни кажуваше не знам која година слушале пукање од другата страна на границата и отишле да проверат и прашале што се случува (Југославија[СР Македонија]-Албанија тогаш). Им рекле дека им донеле црно-бел телевизор. А овој вика ние во тоа време имавме два во колор и 5 радиа. xD