Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Што предмет е Интернет Технологии кориесен ли е и дали го прават тежок ?
 
Колеги, сакам да ве прашам во врска со некоја така наречена казнена сесија која е после јануарската сесија. Прашувам поточно за предметот аок бидејки некој од постарите години спомнал дека имало казнена сесија после јануари за АОК и као давале прелесни задачи али макс оцена била 6? Дали е ова точно, иако мене не ми изгледа така?
А, да и уште едно прашање, дали можам некако да запишам ВиС ако немам положено Калкулус 1, како само да го слушам па ако во јануари полоам калкулус 1 во јуни да можам да полагам ВиС за да не ми влече цела редица предмети после, и за ова ми кажаа од постарите генерации па ако некој знае дали овие две информации се точни нека пише.
 
1. Да мислам дека имаше казнена сесија лани и дека мн луѓе ги "пуштија" со 6-ки.
2. И не можеш да запишеш ВИС без К1. Прво мора да го положиш предметот па после тоа да го запишеш оној кој тој предмет го има во услови. Сеа гледам некои лани со молби, курци палци успеаа да запишат алгоритми без положено структурно. Само реално ако не знаеш да сортираш, мн е мала веројатноста декс ќе научиш некој посложен алгоритам.
Така е и со ВИС, веројатноста дека ќе го положиш вис без К1, а особено К2 е мн мала. Подобро фокусирај се на тоа да си ја исчистиш годината , а ако ти остане место за некој предмет земи си некој изборен. Условите на предметите не се туку така ставени, се си има некое значење.
 
Дечки, слушав обични бази кај Давчев, и доста незадоволен барам да научам нешто повеќе во оваа област.

Па кој има повеќе информации за следниве предмети, како кој професор го предава, колку добро и што повеќе се учи во споредба со обични бази, нека пише.

Предметите помеѓу кои се мислам се: Рударење на податоци, Складишта на податоци, Бази на податоци 2 (Велинов/Маргарита), Напредни бази на податоци и уште еден Бази на податоци 2 кој изгледа го предава Давчев (од ИНФО е последниов).
 
Рударење на податоци учев овој семестар и нема баш врска со бази на податоци. Тука скоро се е применета веројатност и техники на машинска интелегенција за извлекување на информации од тие податоци. Интересен предмет, лесен кај Жанета Попеска. ВИС си е како предуслов (не формално) ама треба да знаеш сепак нешто од нешто.
 
Фала, во таков случај го бришам рударење.

Кој го предава Напредни бази на податоци? Според програмава, најмногу ми фаќа око: http://finki.ukim.mk/Content/conten...Dodiplomski/KNI/Napredni_bazi_na_podatoci.pdf
 
Податочно рударење ти е многу убав предмет, ама ако целта ти е да го продлабочиш знаењето од бази на податоци - тогаш не го бирај, нема никаква врска со бази. За напредни бази на податоци не знам како - што, ама мислам дека Бази на податоци 2 би ти одговарал ако сметаш дека немаш некоја основа од Бази на податоци 1.
 
Фала, во таков случај го бришам рударење.

Кој го предава Напредни бази на податоци? Според програмава, најмногу ми фаќа око: http://finki.ukim.mk/Content/conten...Dodiplomski/KNI/Napredni_bazi_na_podatoci.pdf
Јас колку што знам Велинов го предава напредни бази. Барем така викаше минатиот семестар....
 
Некој од постарите колеги накратко да објасни за предметот Алгоритми и Податочни Структури? Што се изучува, колку е тежок и сл

Фала

Според мене најлесен предмет во трет семестар за положување, најтежок за десетка. Предметот се положува со решена една задача на испит (или на двата колоквиуми по една). На колоквиум две задачи се лесни(а едната полесна дури од КРС задачите), една тешка. Со редовно решавање на лабараториските вежби (сам) секако го положуваш, а голема е веројатноста и до осумка без проблем да стасаш.
 
Фала. А што би било подобро во C да се пишуваат или во Java, пошто ние само C го имаме учено, втор семестар C++.. Сум слушал дека во C било многу потешко
 
Да во C е потешко. Јас искрено не познавам никој кој решаваше во C, многумина почнаа но потоа се префрлија на Java. Со самото тоа што треба да користиш покажувачи, па двојни покажувачи, па алокации на меморија итн... Да не зборам за тоа што немаш никаква помош од развојната околина, не покажува синтаксички грешки, а некаде ќе има поголеми кодови, нема ауто комплит (или имаше ?), итн...
 
Фала. А што би било подобро во C да се пишуваат или во Java, пошто ние само C го имаме учено, втор семестар C++.. Сум слушал дека во C било многу потешко
Јас ги решавав во C без проблем, кога ќе се навикнеш на тие ситниците со алокација на меморија, покажувачи и референци немаш гајле. Многу ќе ти помогне употреба на debugger како gdb или од самата развојна околина што ја користиш.
 
Сепак мислам дека треба да ПРОБА да ги решава во С ама на крај да си продожи со Java бидејќи објектно ќе му треба во иднина многу повеќе одколку С или С++. Сам ќе одлучиш на крај сепак.
 
:cautious: C++ е објектно ориентиран.
 
Ви благодарам на одгворите. Инаку, имал некој искуство со префрлање во друг смер? На пример индексот е испишан со едни предмети, па си решил да одиш на друг смер како идат тие работи, исто и со запишување 6ти предмет во семестар, дали посекако ги одобруваат или не?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom