Ај апдејтирај си го инфото и извести ме, за секој случај.
Дуле 99, се наоѓа до СЕТ Компјутери на Рузвелтова. Ќе кажеш Рената те прати
Типот работи за Работнички иначе. Незнам за цена.[DOUBLEPOST=1408639492][/DOUBLEPOST]Вчера гледав едно видео во врска со сонцето и колку е тоа штетно и колку влијае на нашата кожа.
Ако некој сака да го погледне, еве, интересно е.
Е сега, во видеото ќе приметите дека тие што имаат пооштетена кожа, имаат повеќе пеги (видливи со око или невидливи - само под УВ светло). Наводно, во видеото поентата им е да покажат дека колку повеќе пеги - толку пооштетена кожа.
Ама што правиме со оние што имаат пеги заради гените? Дали и тие се штетни? Ако не се, која е разликата?
Се утепав читање, ама секаде пишува дека пегите може да ги имаат луѓето од раѓање (или да се појават покасно) и тие се нормални, ама се размножуваат ако тие луѓе поминуваат повеќе време на сонце. Исто така прочитав дека не е убаво да имаш многу пеги зашто тоа значело дека имаш поголема шанса да добиеш рак на кожа.
Дали тоа значи дека оние луѓе кои имаат пеги од раѓање, имаат поголема шанса да добијат рак на кожа уште кога ќе се родат, без разлика што пример не поминуваат многу време на сонце? Ако не, како тоа они кога имаат пеги е нормално и здраво, а други луѓе кога имаат пеги не е е здраво и значи дека поминуваат многу време на сонце без креми за сончање или друга заштита?
Многу ме интересира, се надевам некој може да ми одговори