Никад не ми била битна ваквата статистика. Колку вакви играчи ги палеле ради статистики и дрва испаднале, да не набројувам. Знам дека Балотели е gamechanger, има играно во Премиер Лигата, настапувано во многу натпреварувања за негова возраст, па со неговото влегување за Сити од 1-2 се вратија на 3-2, неговата асистенција титула донесе. Му ги знам фудбалските квалитети и високо го рејтувам, ниедна статистика не може тоа да го промени. Сите знаеме што е единствениот проблем со него. За среќа нема да се очекува да биде клучниот играч за Ливерпул, ниту бекап опција, туку она совршеното измеѓу. Паметен потег е пошто нема да се потпираме тој да биде играчот кој ќе го движи клубот, туку напротив, ќе иаме бенефит од неговиот придонес на колективно ниво. Фудбалските квалитети не се спорни.