Дали ако слушаме рок/метал сме неверници?

  • Креатор на темата Креатор на темата TheShadow
  • Време на започнување Време на започнување
Не е грев да слушаш музика, но ако ти го вршиш она што е испеано во тие песни и музика, тогаш ги правиш гревовите, но ако слушаш само дека сакаш да го поминеш времето со слушање такви песни или си во некој клуб каде што пуштаат такви песни или музика тоа не е грев.
Значи според ова напишаново сметаш дека рокот е неморална музика!? (болд)[DOUBLEPOST=1408399995][/DOUBLEPOST]
Не е проблем ако слушаш музика, проблемот е ако тоа ти стане страст. Ако утре не можеш да се откажеш од тој начин на живот. Сега може само ретките продуховени луѓе да ја препознаат сатанската мзузика, но ќе дојде еден ден вистината и сите ќе препознаат, тогаш ако си навлезен во такви страсти тешко ќе ти биде да не се завртиш назад. А тоа значи дека нема да можеш да влезеш во царството небесно без разлика колку веруваш.
Значи сега и сатанска стана покрај неморална?! Што е сатанското!?
 
Дали ако ја слушам оваа песна мене ме прави христијанин?
Муабетов ме потсеќа на УСА во 60-тите години, кога се' живо и диво било сатанска музика, кога сите биле неверници и следбеници на сатаната.
:pos:[DOUBLEPOST=1408400444][/DOUBLEPOST]
Па и тоа има цел. Да видат другите дали си бил човек или си бил нешто подолу. Ако ти сметаш дека нема да се покаеш е треба да ти биде и страв, ама ако си сигурен дека ќе станеш со тек на време вистински човек (во самата смисла на зборот) е тогаш тој ќе биде праведен суд и нема да ти биде страв. А тука треба да се каже дека има посебен, но на крајот и сеопшт суд (на сите луѓе).
Нема смисла да те тролам од прва (нов си), па ќе ти поставам сериозно прашање. Дали си сигурен дека постои тој суд? Дали си бил таму па си го видел дека постои и како се суди на дело? Или ова ти е само прифатено автоматски пошто само некој така кажал?
Секој оној кој ги изменил догмите на едната, света, соборна и апостолска Црква е еретик. Така да сите кои не се православни се еретици или секташи.
Ова е веќе дискутирано и докажано од моја страна дека христијанството е секта.
Побарај по темите за атеизам и ќе видиш за што зборам
 
Се тоа убаво , ама пак дипломатски одговор ми даваш.

Ај доста е , да не ја тегнеме многу, полноќ веќе бидна, ситни саати, сатаната можеби не дебне однекаде.Несакам да паднам во искушение па да почнам да ги реализирам во живо стиховите од песните.

Али само за крај.Ако искрено се покајам за моите гревови кога ќе дојде судниот ми ден, безразлика какви се , нема да ми бидат опростени ?

„Се' ќе ви се прости (ако се покаеме), ама хулата кон Светиот Дух нема да ви се прости“.
Таа хула е самото неверување за Бог Сесвета Троица бидејќи без разлика што сме (христијани, муслимани, хиндуисти, белци, црнци и слично), сепак Светиот Дух делува врз нас бидејќи Бог е на секаде, но тоа сепак зависи од нас дали ќе прифатиме. Ете ти си го знаеш животот и ќе те прашам дали некогаш ти се случило да одиш некаде, но да немаш нешто што би те задоволило во моментот, ама така случајно (нема случајно ништо, но да разбереш) ти се отвора можност да го имаш или да ти дојде кога ти не го очекуваш.
Ова го наведувам бидејќи сметам дека на секој човек тоа му се има случено, а со тоа сакам да кажам дека нема ништо случајно, туку се' е со Божја Волја и Промисла.[DOUBLEPOST=1408401068][/DOUBLEPOST]
Ова е веќе дискутирано и докажано од моја страна дека христијанството е секта.
Побарај по темите за атеизам и ќе видиш за што зборам

Посочи ми каде точно.
 
За да паднеш на приемен за во рајот, колку грева треба да имаш направено? Дали со еден грев (било каков) си положен?
 
Значи според ова напишаново сметаш дека рокот е неморална музика!? (болд)[DOUBLEPOST=1408399995][/DOUBLEPOST]
Значи сега и сатанска стана покрај неморална?! Што е сатанското!?

Све е контраст како не разбираш. Она што не е од бога од кого е? Оној што сака да го одалечи човекот од Бога што е ?
 
„Се' ќе ви се прости (ако се покаеме), ама хулата кон Светиот Дух нема да ви се прости“.
Таа хула е самото неверување за Бог Сесвета Троица бидејќи без разлика што сме (христијани, муслимани, хиндуисти, белци, црнци и слично), сепак Светиот Дух делува врз нас бидејќи Бог е на секаде, но тоа сепак зависи од нас дали ќе прифатиме. Ете ти си го знаеш животот и ќе те прашам дали некогаш ти се случило да одиш некаде, но да немаш нешто што би те задоволило во моментот, ама така случајно (нема случајно ништо, но да разбереш) ти се отвора можност да го имаш или да ти дојде кога ти не го очекуваш.
Ова го наведувам бидејќи сметам дека на секој човек тоа му се има случено, а со тоа сакам да кажам дека нема ништо случајно, туку се' е со Божја Волја и Промисла

Го хулам ја Светиот Дух со слушањето музика ?

Штом се е Божја вољја , тогаш Негова волјаа е и да постои музиката така ?

За ова другово со имање\немање конкретизирај, неможам да те укапирам баш.
 
За да паднеш на приемен за во рајот, колку грева треба да имаш направено? Дали со еден грев (било каков) си положен?

Затоа треба да се бара Божјата љубов и милост за да можеме да влеземе во рајот бидејќи за нас не е можно и никој не е достоен да влезе во Царството Божјо (кое е духовно, а не телесно како што сметаат некои секти), но за Бог се' е можно и можеби попрво ќе влезат некои други, отколку јас кој ова го зборувам.
П.С. „Сетете се на разбојникот кој беше распнат на крстот од десната страна на Господ Исус Христос кој рече „Спомни си за мене Господи во Твоето Царство“.
 
Го хулам ја Светиот Дух со слушањето музика ?

Штом се е Божја вољја , тогаш Негова волјаа е и да постои музиката така ?

За ова другово со имање\немање конкретизирај, неможам да те укапирам баш.

Неверувањето за Бог Сесвета Троица е хула кон Светиот Дух. Ќе те замолам да прочиташ со трпение и пополека и ќе сфатиш.
 
Isaiah 45
7: I form the light, and create darkness: I make peace, and create evil: I the LORD do all these things.

7. „Јас ја создавам светлината и ја правам темнината, правам мир и причинувам неволји. Јас, Господ го вршам сето тоа“.
Е вака е правилно. А за тоа што вели причинувам неволји не треба да се сфати буквално, туку алегориски. Најпрво за неволја се смета она што за нас изгледа како неволја, а не дека за Бог е тоа неволја. Има Божја Промисла и таа прави се да биде добро, па дури и она што за нас е неубаво и лошо, па и неволја.
 
Затоа треба да се бара Божјата љубов и милост за да можеме да влеземе во рајот бидејќи за нас не е можно и никој не е достоен да влезе во Царството Божјо (кое е духовно, а не телесно како што сметаат некои секти), но за Бог се' е можно и можеби попрво ќе влезат некои други, отколку јас кој ова го зборувам.
П.С. „Сетете се на разбојникот кој беше распнат на крстот од десната страна на Господ Исус Христос кој рече „Спомни си за мене Господи во Твоето Царство“.
А што правиме сто тоа дека јас НЕ сакам никаде да идам? Едноставно не верувам ни во рај, ни во пекол!!! Значи за мене нема место ни таму ни таму.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom