Рано е да се збори тоа е факт, сепак Барса играше со противник кој не пружи отпор.
Тимот има промени, забележително е. Новите засилувања донесоа освежување. Се приметува дека колку и да се вежба на тренинг, додавања помеѓу новите и оние кои беа се слаба алка. Со текот на времето ќе се поврзат.
Меси и Нејмар. Ова дуо функционира многу подобро од лани. Можам да кажам дека и со заврзани очи едниот знае да го пронајде другиот. Проигруваат, единствени се, уште се приметува дека Меси во очите на Нејмар е бог.
Ракитич е одлично засилување. (После Анри го рангирам на второ место) Одлични пасови, кога ќе извади пас ме потесетува на еден од оние "ненормални" пасови на Чави.
Матие беше одличен во одбрана, добро се разбираше со Маске и средината, одлично проигруваше со Браво. Само мора да ги поправи воздушните дуели кои и тоа како ќе ни требаат.
Браво одлично функционира, ја знае лигата и имам чувство како веќе да е дел од тимот долго време, иако навивам за Тер Штеген.
Рафиња има добар потенцијал, изгледа мирно и повлечено а вешто избегнува фластери и се всадува таму каде никој не го очекува.
Суарез за жал не покажа нешто многу, доцна влезе, играше со децава кои во тој момент одлучија дека они се главни. Се виде дека овациите ќе го расплачеа после се што се случи. Ќе треба малку време да профункционира.
Децата.
Дефинитивно сме среќни со Ла Масиа, проектот кој некој го поставил дава континуирано резултати.
Мунир одличен потенцијал, го сака топката, ако со ова темпо се развива, прв тим не му бега.
Најголем впечаток ми остави затоа него ќе го коментирам.
Со измените и давање шанса на децата од Масиа, Барселона продолжува со зацртаните цели и децата да добиваат шанса и еден ден да бидат од тимот. Добра генерација, очекувам тројца нови играчи, потенцијални за прв тим.
Во однос на Енрике.
Интересен тип, мотиватор, покажа добар авторитет, тоа што го црта на листовите го спроведува, ги врати пасовите во празно, му даде тотална слобода на Меси, но и како што приметив Меси почна и почесто да проигрува. Не е тип на човек кој може да седи на столче, кога водевме 2:0 викаше како да губиме од некој опасен конкурент. Рано е да се каже, но делува како цврсто да ги држи конците.
Ретко пишивам долги постови, ама сега морав.
Едно нешто приметив. Кампот, фановите и играчите се мотивирани и гладни за трофери. Ова чувство го имав кога дојдоа, Рајкард, Пеп и кога не водеше Ван Гал.
Се надевам на добра игра и секако нови титули.
Visca el Barca!