Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
И цело време да го шокира кучето со струјата? Да, има подесување на струјата колку да го шокира кучето, ама не само што е нехумано ова, злобно е. Јас неќам чоук ланчиња да ставам на моето куче, а не па огрлици против лаење...Ima ogrlici protiv laenje, probaj
Абе ненормални се шарпланинциве мн се пуни со енергија поготово машко..
Сега вечер ке го шетам низ маало и ќе го трчам. Има душата да му ја извадам
Па ке видам дали ке лае сабаље![]()
Па веројатно ќе лае, ти збориш за лаење сабајле не преку ноќ. И многу убаво си пиша дека дедо ти порано тоа време му обрнувал внимание. Кучето сега ти е навикнато дека во тој период некој треба да стане и да го изнесе кучето надвор (ок претпоставувам дека ти е надвор) да го пушти од ланец/бокс да се истрча и да си заврши физиолошките потреби. Или па ако дедо ти го шетал во тој период он сега си бара прошетка. Така што пробај полека да си го прилагодиш на твојот начин на живот ако ти сега се грижиш за него.Абе ненормални се шарпланинциве мн се пуни со енергија поготово машко..
Сега вечер ке го шетам низ маало и ќе го трчам. Има душата да му ја извадам
Па ке видам дали ке лае сабаље![]()
Абе сите го чуваме, само оно и како помало лаеше а пошто дедоми станува 5-6-7 саат, и што да праи го пушташе трчаше у двор и он па ке си се пикенеше у соба оно само ке си играше.Па веројатно ќе лае, ти збориш за лаење сабајле не преку ноќ. И многу убаво си пиша дека дедо ти порано тоа време му обрнувал внимание. Кучето сега ти е навикнато дека во тој период некој треба да стане и да го изнесе кучето надвор (ок претпоставувам дека ти е надвор) да го пушти од ланец/бокс да се истрча и да си заврши физиолошките потреби. Или па ако дедо ти го шетал во тој период он сега си бара прошетка. Така што пробај полека да си го прилагодиш на твојот начин на живот ако ти сега се грижиш за него.
Те разбирам де ти викам така се научил сеа тоа му е рутина, јас зашто имам 2 кога женското ми беше во циклус машково со мене кај дедо ми беше. Месец дена бевме таму и што се случи. Дедо ми го научи секој ден во 7 најкасно да се излезени и да шетаат (секако секој ден пешачи стариот на кеј или вози точак па не му беше проблем) и одкако се вративме он си е научен дека сега тоа време треба да шета (ќути со праксиве рано станувам па можам даго прошетам). И кај мене е поголем проблемот не ми се у двор дома ги чувам на кревет ми рипа да ме разбуди ако не сум станат да го шетам.Абе сите го чуваме, само оно и како помало лаеше а пошто дедоми станува 5-6-7 саат, и што да праи го пушташе трчаше у двор и он па ке си се пикенеше у соба оно само ке си играше.
Сеа е големо кучето а и се навикнало така, како да го пуштам у двор, башка може да рипне на некој да го извади од памет, големо е а и сака да си игра со секој....
По пред три-четри дена кај што седеше беше заградно со стари огради со мрежа што најдов дома, и една даска метро ипол на метро како врата, ама порасна коа ке рипне ке те однесе, ќе треба нов бокс да му правам од шипки и сл.
и зборот ми беше му ги тргнав оградите и одна другиот ден кај што беше закачен за кукичката,даската одма ја одковал и шетал по двор ,рипал ,напраил хаос.
Стварно многу го сакам ама па многу ме нервира неможам да спиам у 5 саат да ти лае како ненормален, а шарпланинец е не е пикинејзер па да не се слуша, пола мало го слушаат како лае, мада уште никој ништо не ми рекол ама па може да го отрујат има секакви луѓе.
Маста има да му ја извадам вечер па ке видам утре како ке се понаша
A, zoshto da trosham pari za takvi raboti koga mozham da go istreniram besplatno?Ти може со твоето куче и други работи да правиш, од тие "незлобните". Олабавете малце со кучињата и не дигајте толку галама без потреба.
Гледам дека не си информиран за огрлициве, и не трескај зелени кога не разбираш. Да му одговорам на @Biomage ,а ако те интересира прочитај и ти, за да не мислиш дека јас мачам и злоставувам кучиња. Огрлицата реагира секогаш кога кучето лае, и има различни степени на електричен импулс што ги пушта. Кога лае кучето, најпрво испушта звук, доколку продолжи со лаење испушта втор звук, и ако продолжи со лаење испушта ел.импулс.
Ел. импулс служи да го предупреди кучето, а не да го повреди, и е сличен како да те штипне некој (сум пробал повеќе пати кај мене на рака, и еве со истата рака ти куцам без проблеми).
Личен избор ти е огрлицата, јас сум ја пробал на моето куче и нема никаков проблем, здраво и право си е, и не лае безвезе, туку само кога ќе дојде некој на врата.
Никој не е должен да ги трпи вашите кучиња да лаат без потреба по цел ноќ
Сакаш кучиња а ти пречи нивниот начин на комуникација, па си тргнал на тоа да користиш и огрлица? Е па браво бе!Си пробал ли ти со огрлица или само солиш памет? Фрлање пари 10 еур??? За 10 еур ако можам да си го "купам" мирот и да не се карам со комшии ич не размислувам. Немаат сите време по 4-5 саати да си го "трчкаат" кучето, а има и раси - особено малите кои лаат непрекинато по се што мрда и шушка.
Бидејќи имаш искуство и си многу хуман, ти научи му го кучето и сите среќни и весели ќе бидеме
Поздрав од мене, и очекувам видео со резултати
Затоа кажав како функционира огрлицата. Ел. импулси ќе се користат само првиот ден, после тоа кучето реагира само на звукот и не дозволува да го пецне. Исто е и со огрлиците што ги спомна за дресура. Ако не сакаш огрлицата можеш да ја вадиш, и да ја ставаш кога има потреба на пр. ноќе.Сакаш кучиња а ти пречи нивниот начин на комуникација, па си тргнал на тоа да користиш и огрлица? Е па браво бе!
Прво, можеш секогаш да обезбедиш огрлица која испушта мириси, потоа имаш огрлици кои прскаат вода, огрлици со звуци... не разбирам зашто да казнувам начин на комуникација.
Куче е, лае! Да не сакаш да почне да пее?
Ако немаш време да му се посветиш на воспитување, однак ја реално не ја гледам поентата на чување на куче. И куче кое што лае претерано е незадоволно куче. Моите глас не пуштаат кога сите потреби им се задоволени! И да, едното е ротвајлер (никогаш глас не сум слушнала и да залае нема да и го познаам гласот) а другото е пинч и со 200 на саат. И никогаш не лае без потреба. А ако залае, дали тоа значи дека треба електрични шокови да му правам поради лаење? НЕ!
Електричните огрлици би ги оправдала (до некаде....) за време на дресура при специјализирани тренинзи, дали за чувари- да не земаат храна од земја или непознат, дали поради контрола кога е без ланец! Во никој друг случај. Тоа е проблемот со тие алатки, што човек ќе ги користи само поради личен комодитет, притоа не размислувајќи за благосостојба на животни. Тоа е страшен апсурд! Ти пречи куче? Не го чувај, едноставно е!
Дали воспитувањето со повишување на тон, со кликер дресура, со награда, можеш да го споредиш со ова?Затоа кажав како функционира огрлицата. Ел. импулси ќе се користат само првиот ден, после тоа кучето реагира само на звукот и не дозволува да го пецне. Исто е и со огрлиците што ги спомна за дресура. Ако не сакаш огрлицата можеш да ја вадиш, и да ја ставаш кога има потреба на пр. ноќе.
Ако идеме по твојата теорија Тоа е проблемот со тие алатки, што човек ќе ги користи само поради личен комодитет, притоа не размислувајќи за благосостојба на животни зошто ги воспитуваш кучињата???? Заради твој личен комодитет и твој ќеиф!! Ниедно куче не сака само да ги извршува вежбите што му ги даваш - ради твој комодитет или зошто ти текнало дека треба да седне кога ќе ти текне тебе, па сепак ги манипулираме преку игра или преку казни за да ги "воспитаме"