Балкански тв серии

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.555
Поени од реакции
8.706
Возраст
35
Дали сте ги гледале и паметите сериите Балкан Експрес, Среќни Људи, Бољи Живот, Kамионџије, Полицајац са петловог брда, Породично Благо, Стижу Долари, Наша мала клиника, Битањге и Принцезе, Љубав у залеѓу, Бела Лаѓа, Не дај се Нина, Луд збуњен нормалан и многу многу други серии од балканот.

Дали воопшто гледате серии од балканот?
Јас обожавам да ги гледам серите од РТС. Можеби не сум бил роден кога некој се емитувале премиерно но сепак сакам да ги гледам и кога и да имаат реприза по незнам веќе кој пат никогаш не ми се досадни за гледање.
 
Дали сме ги гледале? Од наведениве не сум гледал само неколку... Инаку, пред некој ден на работа немаше "нормален" муабет, туку реплики од скоро сите серии од Ју просторите. Трагедијата е што голем дел од овие серии се од 70ти-80ти, а се што се случува во нив, се случува денес во МК. Ти текнува? Нешто како однапред видена сегашност.

@4NHK0 Ќирко, скувај ми једно кафуЌино :P
 
Дали сте ги гледале и паметите сериите Балкан Експрес, Среќни Људи, Бољи Живот, Kамионџије, Полицајац са петловог брда, Породично Благо, Стижу Долари, Наша мала клиника, Битањге и Принцезе, Љубав у залеѓу, Бела Лаѓа, Не дај се Нина, Луд збуњен нормалан и многу многу други серии од балканот.

Дали воопшто гледате серии од балканот?
Јас обожавам да ги гледам серите од РТС. Можеби не сум бил роден кога некој се емитувале премиерно но сепак сакам да ги гледам и кога и да имаат реприза по незнам веќе кој пат никогаш не ми се досадни за гледање.
Во ред,минато видено, ништо ново.РТС ти е како МТВ што ги репризира сериите и филмовите пред 30 години.Еве скоро ја даваа и онаа Трајче дрварчето,Мис Стон итн..Проблемот е што кога ќе ги погледнам сега не се чуствувам јас истиот,бидејќи се за жалење,заглавени во времето и просторот.Се живее во 21 век Ју- носталгијата,и оваа наша влада и оваа рефорумската во Србија не се ништо ново туку само реформирани Социјалисти.Ако тогаш имало режисери кои направиле нешто,зошто сега не им се дозволи на овие кои секоја година завршуваат Драмски студии,нешто да творат.Инспирации постојат,ако гледаме од соседите нискобуџетни серии ,итекако можат да се направат.
 
Се сеќавам имаше еден период по македонскиве телевизии суша од серии кога после Касандра на сите им здосади телевизијата, и тупеа со српскиве Породично Благо одново, и одново и одново, мислам 10 пати у годината од ново почнуваше.
 
Незнам како ти успеа да ја започнеш темава без овие ремек дела.




За третава најверојатно не сте чуле. Пред некоја година искочи, тежок, мрачен крими-трилер,мистерија , хрватска продукција, препорачуе.
 
Во врска со "балканските" серии, некој може да ми каже зошто викате сериите само од поранешна Југославија "Балкански". Некаква југословенска традиција ли е тоа?
 
Одма се јавија Бугариве како навредени што не ги броиме во "Балкански народи". Плачковци :D
Навреден - не, љубопитен - да. Барем jас, не го знам штипјанец.
 
Да не одиме надвор од темата, ама Бугарите секогаш се "пикале" каде што се Македонците, за полесно да наметнат муабет дека всушност Македонците се Бугари. Преку к.. ми е веќе од такво однесување.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom