btw, одигравме пријателски меч со некој австриски тим, 4-1, а стрелци на головите беа Жервињо, Пјанич,Итурбе и Љајич. Голот примен по лоши реакции на Астори и Торосидис, од исти играч паднаа на иста финта. Не играа Тоти, Де Роси, Кол, Дестро, Бенатија, Ујчан и Кастан. Морам да кажам дека Емануелсон и на подготвителен меч е катастрофа и незнам што ќе биде кога тој ќе треба да го замени Ешли Кол во првенствен натпревар, страв ми е да помислам, Бастос втори дел е.
Итурбе сеуште игра вкочанет, влегува во шанси, прави вишок со некои дриблинзи, но реализацијата му е катастрофална. Љајич освен голот, како изчезнат беше, Пјанка е царче, Наинголан стандарден, Астори добар, на моменти не сигурен, но ќе врши работа во првенствените дуели

Паредес некако ми делува доста зрело, ледам Гарсија го форсира како задњи везни, иако природна позиција му е полушпиц, ипак добар.
Сега имаме уште две контролки посериозни со грчки АЕК и Фенербахче, да видиме до каде сме

[DOUBLEPOST=1408130455][/DOUBLEPOST]
Продажбата на Мехди не е меѓу опциите ?
Сабатини всушност ќе оди да гледа Тотенхем-Вест Хем, а за Бенатија кажав, само некоја луда понуда од Манчестер може да биде причина за негово заминување
