A1 Net кабелски Интернет - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Swifty
  • Време на започнување Време на започнување
Filterot e pivrzan na-4db?a ostanatite 2 izlezi kon Tv se-8db??samo toa me interesira bidejki nejasno se gleda slukata

Филтрите се поставуваат на каблите кои одат во телевизорите или во кабелските рисивери за дигитална телевизија, а не на кабелот кој оди во кабелскиот модем за кабелски Интернет.

Инаку, кај мене се измешани, кабелот без филтер кој се поврзува со кабелскиот модем за кабелски Интернет, е поврзан на 8 db, а останатите 2 кабли со филтри за дигитална телевизија се поврзани различно - еден е поврзан на 4 db, а другиот е поврзан на 8 db.

И мене ме збуни ваквата комбинација, но претпоставувам дека Близо знаат што прават, бидејќи и со ваквата комбинација сум задоволен и од кабелскиот Интернет и од дигиталната телевизија.
 
Cekaj,sakas da kazis deka filterite se kon TV ? a modemot -8db bez filter?na povrzuvajneto mislam.....
 
Cekaj,sakas da kazis deka filterite se kon TV ? a modemot -8db bez filter?na povrzuvajneto mislam.....

Да, тоа е целта на филтрите, за да не можат телевизорите и/или кабелските рисивери за дигитална телевизија да го попречуваат Интернет сигналот.
 
Значи на сите 3 излези ми е -5.8dB. Значи ако влезеш во подесувањата на модемот (192.168.100.1) кај РФ Параметри и кај Downstream ќе видиш колку ти изнесува сигналот кој доаѓа до модемот и треба да изнесува 0-5 dBmV.
Е сега кај мене е 5 dBmV. Доколку го извадиш сплитерот, и го поврзеш модемот директно со кабелот кој доаѓа од сандачето ќе биде 10.8 dBmV. Ќе изнесува 10.8 бидејќи го нема Сплитерот кој одзема 5.8 dBmV од сигналот кој доаѓа од сандачето.[DOUBLEPOST=1407426449][/DOUBLEPOST]
Да, тоа е целта на филтрите, за да не можат телевизорите и/или кабелските рисивери за дигитална телевизија да го попречуваат Интернет сигналот.
Односно ТВ фрекфенциите да не ги попречуваат интернет фрекфенциите.
 
Потпишав договор со Близу за интернет од 100мб/с, и како што е нормално не функционира од прва па дојде сервисер да го подеси, подесување 3 саата (нема нешто што не провери подесуваше и мењаше) и ми вели техничарот следно:
преку вајрлес може да имаш максимум 50мб/с а преку кабел закачен на тоа доксис 3.0 може ина 100мб/с да се израдуваш, и си замина. Некако не ми иде муабетов у глава некој совет од ваша страна!!!!
 
Daj eden speedtest........ il ipak otkaci gi ***
 
Daj eden speedtest........ il ipak otkaci gi ***
сега сум на работа штом се приберам дома ќе направам тест преку ви-фи и преку кабел за споредба, кога он тестираше на кабел качи 96мб/с а преку ви-фи на лаптопот му покажа 46мб/с, се јави у централа и тие му потврдија дека тоа било нормално, на крај живци бев и несакав со човекот да се расправам па мислев да се распрашам дали е тоа нормално или ме водат жеден преку вода :(
 
Потпишав договор со Близу за интернет од 100мб/с, и како што е нормално не функционира од прва па дојде сервисер да го подеси, подесување 3 саата (нема нешто што не провери подесуваше и мењаше) и ми вели техничарот следно:
преку вајрлес може да имаш максимум 50мб/с а преку кабел закачен на тоа доксис 3.0 може ина 100мб/с да се израдуваш, и си замина. Некако не ми иде муабетов у глава некој совет од ваша страна!!!!

Доколку се поврзуваш безжично преку кабелски модем со безжичен адаптер што ти го дале Близо на користење, или преку безжичен рутер кој Близо ти го дале на користење, тогаш очигледно ограничувањето е во самиот уред кој Близо ти го дале на користење.

Доколку се поврзуваш безжично преку твој безжичен рутер, тогаш очигледно проблемот е во самиот рутер, бидејќи неговите технички спецификации до толку дозволуваат.

Како и да е, и во едниот и во другиот случај, решението е во жично мрежно поврзување преку мрежен кабел на кабелскиот модем или кабелскиот рутер со нов безжичен рутер кој ќе поддржува брзини до 100 мегабита во секунда.

Паралелно со ова, и твојот компјутер мора да има безжична мрежна картица или безжичен адаптер, кој поддржува брзини до 100 мегабита во секунда.

Кратко и јасно, ако можеш жично да имаш брзини до 100 мегабита во секунда, тогаш и безжично можеш да ги имаш истите тие брзини.
 
Ова на ви-фи
4c58qg

Ова е на кабел
4c5b52

Овој модем го инсталираа
4c5bvp

И на крај ништо не ми е јасно[DOUBLEPOST=1407870360][/DOUBLEPOST]Ова на ви-фи
http://prntscr.com/4c58qg
Ова е на кабел
http://prntscr.com/4c5b52
Овој модем го инсталираа
http://prntscr.com/4c5f8k
И на крај ништо не ми е јасно
 
JAs kolku sto vidov,ovoj modem podrzuva do 54 na wi-fi * a pisuva deka e N modem-Ruter-ako sakas 100ka i na wi-fi,stavisi posle nego
802.11n Wireless N Broadband Router i kesi imas i na wi-fi brzina kolku na Lan*
 
Да нема забуни, колку што Wi-Fi уредот подржува брзини, толку ќе си фаќаш преку Wi-Fi. Јас си имам купено Wi-Fi уред од Anhoch и ми подржува до 150mbps. За поголема брзина со LAN кабел, од модем во ПЦ.
 
Ова на ви-фи
4c58qg

Ова е на кабел
4c5b52

Овој модем го инсталираа
4c5bvp

И на крај ништо не ми е јасно[DOUBLEPOST=1407870360][/DOUBLEPOST]Ова на ви-фи
http://prntscr.com/4c58qg
Ова е на кабел
http://prntscr.com/4c5b52
Овој модем го инсталираа
http://prntscr.com/4c5f8k
И на крај ништо не ми е јасно

Како што спомна @ts01 во пост #5786, кабелскиот рутер што ти го дале Близо на користење, работи според 802.11n мрежниот стандард, кој поддржува брзини од 54 мегабита во секунда до 600 мегабита во секунда, односно технички е способен да ти овозможи брзина на безжичен Интернет до 100 мегабита во секунда, па и повеќе.

Но сепак брзината на безжичниот Интернет не зависи само од мрежниот стандард, туку зависи и од техничките спецификации на самиот безжичен рутер, како и од самата брежична мрежна картица на компјутерот.

Јас би ти препорачал да провериш каква безжична мрежна картица користи твојот лап топ.

Доколку безжичната мрежна картица на твојот лап топ не поддржува 802.11n стандард, тогаш разбирливо е зошто брзината на безжичниот Интернет не ти достигнува 100 мегабита во секунда.

Во такви околности, препорачливо е да купиш нова безжична мрежна картица, односно безжичен USB Wi-Fi адаптер. Ги има во Анхоч, АМЦ и во речиси сите продавници за компјутери и за компјутерска опрема, а цените се ниски и прифатливи.

Еве ти примери за безжични USB Wi-Fi адаптери во Анхоч.

Tenda Wireless N USB Adapter 300Mbps W322U, поддржува 802.11n и може да достигне брзина на безжичен Интернет до 300 мегабита во секунда
http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=394&pid=34097

TP-Link Wireless N USB Adapter 150Mbps TL-WN721N, поддржува 802.11n и може да достигне брзина на безжичен Интернет до 150 мегабита во секунда
http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=394&pid=12233

Доколку безжичната мрежна картица на твојот лап топ сепак поддржува 802.11n мрежен стандард и доколку сепак може да достигне брзина на безжичен Интернет до 100 мегабита во секунда, алтернативно решение ти е да купиш нов безжичен рутер, кој исто така ќе работи според 802.11n мрежниот стандард и ќе може да достигне брзина на безжичен Интернет до 100 мегабита во секунда.

Но сепак ќе мораш да продолжиш да го користиш кабелскиот рутер од Близо, така што ќе го поврзеш жично преку мрежен кабел со безжичниот рутер кој ќе го купиш. Едниот крај на мрежниот кабел ќе оди во една од LAN портите на кабелскиот рутер од Близо, а другиот крај на мрежниот кабел ќе оди во WAN портата на безжичниот рутер кој ќе го купиш.

Ќе треба да го конфигурираш безжичниот рутер кој ќе го купиш за да ја превзема автоматски IP адресата од кабелскиот рутер од Близо преку DHCP, не е некоја филозофија, ќе се ориентираш според упатството кое ќе ти дојде со безжичниот рутер кој ќе го купиш.

Еве ти пример за безжичен рутер во Анхоч.

Linksys E900 Wireless N Router, поддржува 802.11n и може да достигне брзина на безжичен Интернет до 300 мегабита во секунда
http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=394&pid=12384

Или безжичната мрежна картица на лаптопот, или кабелскиот рутер од Близо, еден од овие фактори придонесува да немаш брзина на безжичен Интернет до 100 мегабита во секунда.

Моја лична претпоставка е дека проблемот е во безжичната мрежна картица на лаптопот. Ќе треба убаво да провериш каков модел на безжична мрежна картица користи твојот лап топ, дали поддржува 802.11n мрежен стандард и со која брзина.
 
Исто така мој предлог до сите кои планирате да си купите Wi-Fi уред, е тоа да тој биде Cisco, односно Linksys. Презадоволен сум од него, еве веќе 5-та година фрчит интернет преку него.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom