...
Околу ставањето на аналогна, мислам дека нема да можеш, бидејќи постепено ја исклучуваат и на корисниците им даваат само дигитална. На пример дедо ми кога ставаше, сакаше да стави аналогна, но во неговиот реон беше исклучена. Мислев дека е некоја манипулација, но прашав по комшии кај него, и кај сите беше исклучена.
А видов дека се двоумиш за Оне, јас пред 2 години бев нивни корисник, но интернетот им беше

. Едвај 1Mbps, а антената постојано мораа да ми ја местат. Сега незнам како е кај нив, може почнале и они како T-Home ADSL нет да нудат, но мислам дека оптиката на близу е 100 пати подобра.
Се обиде ли барем да пуштиш втор кабел со сплитер, чисто за да се увериш дали аналогната телевизија е исклучена ?
Можеби сепак е манипулација за да те натераат да користиш дигитална телевизија од Близо.
Инаку, и јас порано бев корисник на ОНЕ, но тоа многу поодамна, кога сеуште постоеја како Он Нет.
Безжичниот Интернет на ОНЕ функционира на ист принцип како АДСЛ Интернетот на Ти-Хоум, со разликата што е безжичен, односно антената ја игра улогата на АДСЛ модем кој го превзема сигналот безжично, за разлика од АДСЛ модемите/рутерите на Ти-Хоум кои го превземаат сигналот жично, односно преку телефонскиот кабел.
Ја имав поставено антената многу високо, бидејќи живеам во висока зграда, па немав никакви проблеми со сигналот.
Но еднаш среде дожд и грмотевици, антената послужи како громобран, ја удри гром и мрежната картица на компјутерот цркна. За среќа штетата беше минимална, а бидејќи компјутерот беше под гаранција, новата мрежна картица не ми ја наплатија, иако според правилата и условите на гарантниот лист, фирмата од каде што го купив компјутерот имаше право да ми наплати за мрежната картица бидејќи прегорела поради виша сила. Ако ми наплатеа, новата мрежна картица ќе ме чинеше помеѓу 300 и 600 денари, а денес мрежните картици се многу поевтини.
Тоа време откривме дека бројачот на Он Нет работи само кога корисниците ќе се исклучат од Интернет, односно ако корисникот не се исклучи од Интернет, Он Нет нема да знаат колку Интернет има потрошено корисникот. Тие од нас кои имавме рутери, вклучувајќи ме и мене, ја поврзувавме антената со рутерот наместо со компјутерот, па Интернет конекцијата беше постојано вклучена, поради што бројачот на Он Нет не можеше да пресмета колку Интернет сме потрошиле.
За да го решат овој проблем, Он Нет намерно го прекинуваа Интернет сигналот на секои 3 часа, за да може бројачот да пресмета колку Интернет сме потрошиле.
Со исклучок на тоа, не можам да се пожалам за било која друга негативна карактеристика на ОНЕ, со исклучок на високите цени. Близо нуди поевтини пакети од ОНЕ, а едно време дури и Ти-Хоум нудеа поевтини пакети со договор на 2 години, во споредба со пакетите со договор на 2 години на ОНЕ.
Кога јас би бирал помеѓу Ти-Хоум и ОНЕ, дефинитивно би ги одбрал Ти-Хоум.
@
Dexter26 сега тие филтри доаѓаат заедно со кабелскиот модем, или треба накнадно да се побара?
Близо ќе ги постават тие филтри кога ќе ги ги постават каблите за кабелски Интернет и евентуално за кабелска телевизија и за телефонија.
За секој случај, кога ќе ги поставуваат каблите, прашај ги дали ќе ги постават филтрите, односно потсети ги да ги постават филтрите.