Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
21 јануари 2013
Мислења
231
Поени од реакции
144
Ќе пробаат една година на КНИ, па две на е-технологии и на крај ќе сфатат дека неќат спондилоза и болки во вратот...
 
Адиктус

Дрф.
Член од
26 јануари 2008
Мислења
725
Поени од реакции
33
Дали некој има решавано слична задача на оваа и дали може да ми го пише решението барем приближно да е или да објасни како треба да се реши?
За дадено теме во нетежински граф да се најдат сите темиња за кои постои пат до
даденото теме. На влез најпрво се внесува бројот на јазли во графот, а потоа за секое теме се пишува бројот на темиња со кои е поврзано и индексите на темињата. На крај се внесува индексот на темето за кое се бара решение.
BFS (изминување по широчина) би требало да ја заврши работава.
Кога веќе ти даваат вакви задачи ќе претпоставам дека знаеш како да го внесеш графот, така да тој дел не го објаснувам.

Ќе чуваш низа од bool (да ја наречеме visited) која означува кој јазол е посетен и ќе имаш queue od integer-и (да му ставиме име Q на пример) што означува кои јазли треба да се посетат. Со start ќе го означиме почетното теме.

Псеудокод за BFS:
Код:
Ги иницираш сите елементи од visited на false
visited[start] = true;
Го ставаме start во Q
Се додека Q не е празен :
     Извади го првиот член од Q, стави го во нова променлива (current)
     За сите јазли кои се поврзани со current :
          visited[неповрзан_јазол] = true;
          Го ставаме неповрзаниот јазол во Q
После ова, ја изминуваш visited низата од почеток до крај. Сите јазли кои се означени со true во visited се поврзани со темето.

Мислам дека ова е повеќе од доволно објаснето.
 
Член од
17 јули 2014
Мислења
67
Поени од реакции
41
Што е финтата со КНИ и толкавата заинтересираност кога ИКИ е далеку подобар смер( има поширок дијапазон на предмети, опфаќа малце и од хардверот и не се учи само математика и програмирање туку за таа сметка се учи малце физика, електроника, електротехника, а ги има сите останати предмети кои се изучуваат на КНИ)
 
„Далеку подобар смер“ звучи лошо. Еве на пример мене воопшто не ме интересираат електроника, електротехника ни физика. Од друга страна, на ИКИ немам предмети како напредно програмирање, дискретна математика, алгоритми и сложеност кои ме интересираат.

Според уписите можеме да заклучиме дека не сум единствениот кој размислува вака.
 
Напредно програмирање и алгоритни и сложеност се изборни.Дискретна математика има и на ИКИ...
Не викам тој смер е добар или лош, зборот ми беше не ни мислите многу бруцошите и не сте ни запознаени со условите на студирање... 70-80% од бруцошите се како оФци. Каде сите - таму и тие.
 
Член од
16 јануари 2011
Мислења
362
Поени од реакции
127
Кога треба да појдам за да се префрлам на друг смер? После август-септемвриска сесија?
 
/МIRЧ3_МкД\

Временски патник
Член од
7 март 2012
Мислења
380
Поени од реакции
102
Нека се запишуваат децата бе... требало пари уште за изградба на ентерпрајсот кој ке биде паркиран на врвот на новата зграда и ке служи за научно-истражувачки цели . :свиркам:
 
Член од
9 септември 2013
Мислења
22
Поени од реакции
1
За да запишам трет семестар имам 3 задолжителни предмети и два изборни. Е сега, на пример Алгоритми и податочни структури ми е задолжителен, но немам положено структурно програмирање. Дали тоа значи дека сепак морам да го запишам алгоритми? И сите предмети ми се по 6 ЕКТС, дали може да земам уште еден предмет (да имам 6 предмети во година)?
 
Џ

ЏинЏер

Гостин

Алгоритми можеш да запишеш дури откако ќе положиш структурно, што значи оваа година нема да го слушаш. Наместо него запиши си изборен по твоја желба, односно двата задолжителни што можеш да ги запишеш и три изборни.
Максимум дозволени кредити во еден семестар се 35. Бидејќи имаш 5 предмета по 6 кредити - вкупно 30, можеш слободно да земеш уште еден предмет од 4 или 5 кредити (кои си ги доплаќаш при упис на семестарот). Исто така можеш да поднесеш молба да ти дозволат да запишеш +1 кредит, односно вкупно 36, но мислам дека за тоа се бара и просек над 8.5 или така нешто.
 
Член од
20 август 2014
Мислења
5
Поени од реакции
0
Ве молам за помош ... Ако некој ги знае решенијата на овие 2 задачи го молам да помогне :)

1. Денес на страната на една авионска компанија се направени N резервации на авионски билети. Секој патник при резервација го пишува своето име, презиме, број на пасош и државата во која живее (сите одвоени со по едно празно место). Администраторите во авионската компанија во својата база на градови внесуваат M броеви на пасоши и информација дали истите истекуваат за помалку од три месеци (одвоени со празно место). На крај се внесува број на пасош на еден човек. Треба да се провери дали тој човек денес направил резервација во авионската компанија. Доколку денес не направил резервација, на екран да се испечати “<ime prezime> ne rezerviral”. Доколку направил резервација, но пасошот му истекува за помалку од три месеци, на екран да се испечати порака “Ne smee da leta <ime prezime>”, во спротивно да се ипечати порака “Prijaten let <ime prezime>”.

Пример: 2

Petko Petkov A11111 Makedonija

Nikola Nikolov A55555 Makedonija

3

A11111 true

A55555 false

A33333 true

А55555

Prijaten let Nikola Nikolov

2.На мапата не една држава се претставени N градови, заедно со патните врските помеѓу нив. За секој пат кој поврзува два града се знае должината изразена во километри. Еден патник сака да ги посети сите градови и се знае градот од кој тргнува. Треба да му погнете да ја минимизира вкупната патека, при што вкупната помината километража да биде што е можно најмала.
ВИ БЛАГОДАРАМ МНОГУ :)
 
Член од
20 април 2014
Мислења
247
Поени од реакции
136
Што е финтата со КНИ и толкавата заинтересираност кога ИКИ е далеку подобар смер( има поширок дијапазон на предмети, опфаќа малце и од хардверот и не се учи само математика и програмирање туку за таа сметка се учи малце физика, електроника, електротехника, а ги има сите останати предмети кои се изучуваат на КНИ)
Самиот си го одговори прашањето
Ако си се запишал на ИКИ би ти препорачал уште од сега да ги учиш прв и втор Кирхохов закон и можеби за 2-3 години ќе ги научиш да ги решаваш
 
Kajgana Shop

На врв Bottom