ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.971
- Поени од реакции
- 57.779
- Возраст
- 34

*ебати клошарите што не отварате теми.
Денеска започнува 42. издание на најстариот ракометен турнир во Македонија и еден од турнирите со најголема традиција во Европа, струшкиот турнир на „отворено“.
За разлика од прехланското јубилејно издание и ланското во кое продефилираа силни европски имиња, во овогодинешното освен нашите два најдобри клуба кои лани беа четвртфиналисти во елитната Лига на Шампиони, останатите тешко дека ќе бидат силна пречка за македонските екипи да се соочат во финалето.
Во компетитивниот дел од турнирот ќе настапат шест екипи, поделени во две групи од по три тима.
Група А: Металург, Кретеј (Франција), Азоти (Полска)
Група Б: Вардар, Металопластика (Србија), Сант Петербург (Русија)
На отварањето на турнирот, денес во 18.00 часот, ревијален меч ќе одиграат екипите на Металург Јуниор и домаќинот РК Струга.
Екипи:
Група А:
Металург
е моменталниот бранител на титулата откако минатата сезона во финалето го победи француски Иври со 24:22.
Со истиот костур на тимот од минатите сезони, здрав Наумче Мојсовски и неколку млади засилувања, Металург оваа сезона ќе брка повторно пласман во најдобрите осум екипи во Евроап, трета година по ред.
На овој турнир најочекувано е враќањето на Мојсо, кој повторно ќе заигра по долга пауза од повредата на коленото и кој „практично“ треба да биде најголемото засилување за тимот, доколку успее да си ја врати старата форма.
За разлика од лани кога го доведе Павел Атман, сезоанва Металург не придоби ново големо име во своите редови и се насочи на носење млади таленти од екс-ју просторите. Нови играчи на Металург се Дарко Ѓуќиќ и Владан Липовина, како и поранешниот ракометар на Вардар - Милорад Куковски.

^ Засилувањата на Металург, во стилот на темната страна од градот.
Азлоти Пулави
е тим кој заврши како четвртопласиран во две натпреварувања минатата сезона и тоа домашната Полска суперлига и европскиот Челенџ Куп, каде во полуфиналето загуби од Сафехов. Во овогодинешното издание на Челенџ купот во првото коло се среќава токму против Металопластика, која е учесник на овој турнир но во другата Б група. Во тимот на Азоти настапува чешкиот репрезентативец и екс-комшија на @Коњаникот Сабја , Јан Собол.
Кретеи/Кретеј
е нов француски прволигаш, кој во сезоната влегува со големи амбиции да заврши во првата половина на табелата. Најинтересно за нас е тоа што нов голман на клубот е нашиот репрезентативец Борко Ристовски.

^ Борко Ристовски во новиот тим.
Група Б:
Вардар
Македонскиот вицешампион значајно засилен, токму од Струга ги започнува подготвителните натпревари кон новиот поход да стигне во Келн, откако лани несреќно беше елиминиран од веќе европскиот шампион Фленсбург.
Тимот на Раул Гонзалез летово е поширок за неколку добропознати светски имиња, секако на чело со според многумина најдобриот голман во светот Арпад Штербик. Освен него, тимот го засилија и Сергеј Горбок, Даниел Шишкарев и Блаженко Лацковиќ. Вардар освен новите засилувања ги задржа и најдобрите играчи од минатата сезона па со право очекувањата и апетитите се зголемени.

^ Арпад Штербик на голот на Вардар.
Металопластика
е една од екипите со најголема традиција на Балканот, поранешен европски шампион и дури четирикратен освојувач на турнирот во Струга. Доаѓа без големи амбиции, во духот на моменталната состојба во српскиот клубски ракомет која е далеку од таа во нашата држава. Во минатата сезона заврши како третопласирана во домашното првенство, a успех постигнаа во Челенџ купот каде загубија во финалето од Савехов.
Сант Петерсбург
е актуелниот руски вице-шампион, кој слично како Металопластика е дел од држава во која клубскиот ракомет е во криза и влегува без значителни амбиции во новата сезона.
Историја:
Двата македонски најтрофејни тима, Вардар и Пелистер се водечките освојувачи и на овој турнир. Црвено-црните го имаат освоено 12 пати, додека битолчани еднаш помалку. Металург е двократен освојувач. Од останатите екипи, по четири пати турнирот го освојувале Борац и Металопластика, три пати Т.К. Бренд и два пати Железничар од Ниш.
Распоред:
Распоред на натпреварите:
Среда (13 август):
18.00 часот: Металург јуниор – Струга
19.45 часот: Церемонија на свечено отворање
20.45 часот: Металург – Кретеј
22.30 часот: Металопластика – С. Петербург
Четврток (14 август):
19.00 часот: Азоти Пулави – Кретеј
20.45 часот: Вардар – С. Петербург
Петок (15 август):
19.00 часот: Вардар – Металопластика
20.45 часот: Металург – Азоти Пулави
Сабота (16 август):
17.30 часот: Меч за 5. место
19.15 часот: Меч за 3. место
21.30 часот: Финале
Турнирот традиционално се игра на теренот на „Женската плажа“ во Струга, под отворено небо.

Бујрум!
