Струшки ракометен турнир - 2014 Edition

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување

Победник на турнирот?


  • Вкупно гласачи
    33
  • Гласањето е завршено на .

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.971
Поени од реакции
57.779
Возраст
34
Локација
Quarth -The greatest city that ever was or will be
Capture.PNG

*ебати клошарите што не отварате теми.

Денеска започнува 42. издание на најстариот ракометен турнир во Македонија и еден од турнирите со најголема традиција во Европа, струшкиот турнир на „отворено“.

За разлика од прехланското јубилејно издание и ланското во кое продефилираа силни европски имиња, во овогодинешното освен нашите два најдобри клуба кои лани беа четвртфиналисти во елитната Лига на Шампиони, останатите тешко дека ќе бидат силна пречка за македонските екипи да се соочат во финалето.

Во компетитивниот дел од турнирот ќе настапат шест екипи, поделени во две групи од по три тима.

Група А: Металург, Кретеј (Франција), Азоти (Полска)
Група Б: Вардар, Металопластика (Србија), Сант Петербург (Русија)

На отварањето на турнирот, денес во 18.00 часот, ревијален меч ќе одиграат екипите на Металург Јуниор и домаќинот РК Струга.

Екипи:
Група А:
Металург
е моменталниот бранител на титулата откако минатата сезона во финалето го победи француски Иври со 24:22.
Со истиот костур на тимот од минатите сезони, здрав Наумче Мојсовски и неколку млади засилувања, Металург оваа сезона ќе брка повторно пласман во најдобрите осум екипи во Евроап, трета година по ред.
На овој турнир најочекувано е враќањето на Мојсо, кој повторно ќе заигра по долга пауза од повредата на коленото и кој „практично“ треба да биде најголемото засилување за тимот, доколку успее да си ја врати старата форма.

За разлика од лани кога го доведе Павел Атман, сезоанва Металург не придоби ново големо име во своите редови и се насочи на носење млади таленти од екс-ју просторите. Нови играчи на Металург се Дарко Ѓуќиќ и Владан Липовина, како и поранешниот ракометар на Вардар - Милорад Куковски.

10378550_932566726760851_48792165758905942_n_resize-610x218.jpg


^ Засилувањата на Металург, во стилот на темната страна од градот.

Азлоти Пулави
е тим кој заврши како четвртопласиран во две натпреварувања минатата сезона и тоа домашната Полска суперлига и европскиот Челенџ Куп, каде во полуфиналето загуби од Сафехов. Во овогодинешното издание на Челенџ купот во првото коло се среќава токму против Металопластика, која е учесник на овој турнир но во другата Б група. Во тимот на Азоти настапува чешкиот репрезентативец и екс-комшија на @Коњаникот Сабја , Јан Собол.

Кретеи/Кретеј
е нов француски прволигаш, кој во сезоната влегува со големи амбиции да заврши во првата половина на табелата. Најинтересно за нас е тоа што нов голман на клубот е нашиот репрезентативец Борко Ристовски.

borko.jpg


^ Борко Ристовски во новиот тим.

Група Б:

Вардар
Македонскиот вицешампион значајно засилен, токму од Струга ги започнува подготвителните натпревари кон новиот поход да стигне во Келн, откако лани несреќно беше елиминиран од веќе европскиот шампион Фленсбург.

Тимот на Раул Гонзалез летово е поширок за неколку добропознати светски имиња, секако на чело со според многумина најдобриот голман во светот Арпад Штербик. Освен него, тимот го засилија и Сергеј Горбок, Даниел Шишкарев и Блаженко Лацковиќ. Вардар освен новите засилувања ги задржа и најдобрите играчи од минатата сезона па со право очекувањата и апетитите се зголемени.

sesta.jpg


^ Арпад Штербик на голот на Вардар.

Металопластика
е една од екипите со најголема традиција на Балканот, поранешен европски шампион и дури четирикратен освојувач на турнирот во Струга. Доаѓа без големи амбиции, во духот на моменталната состојба во српскиот клубски ракомет која е далеку од таа во нашата држава. Во минатата сезона заврши како третопласирана во домашното првенство, a успех постигнаа во Челенџ купот каде загубија во финалето од Савехов.

Сант Петерсбург
е актуелниот руски вице-шампион, кој слично како Металопластика е дел од држава во која клубскиот ракомет е во криза и влегува без значителни амбиции во новата сезона.


Историја:
Двата македонски најтрофејни тима, Вардар и Пелистер се водечките освојувачи и на овој турнир. Црвено-црните го имаат освоено 12 пати, додека битолчани еднаш помалку. Металург е двократен освојувач. Од останатите екипи, по четири пати турнирот го освојувале Борац и Металопластика, три пати Т.К. Бренд и два пати Железничар од Ниш.

Распоред:


Распоред на натпреварите:

Среда (13 август):

18.00 часот: Металург јуниор – Струга

19.45 часот: Церемонија на свечено отворање

20.45 часот: Металург – Кретеј

22.30 часот: Металопластика – С. Петербург

Четврток (14 август):

19.00 часот: Азоти Пулави – Кретеј

20.45 часот: Вардар – С. Петербург

Петок (15 август):

19.00 часот: Вардар – Металопластика

20.45 часот: Металург – Азоти Пулави

Сабота (16 август):

17.30 часот: Меч за 5. место

19.15 часот: Меч за 3. место

21.30 часот: Финале

Турнирот традиционално се игра на теренот на „Женската плажа“ во Струга, под отворено небо.

struga2013_overview.jpg


Бујрум! :D
 
Ќе ги силуваме сите и лагано ќе си го освојме.
 
Победник на турнирот ќе бидат Вардар:)
 
Сеа новопечениве фанови на плавиве ќе прашаат на нивната веб страна "ами оти Вардар 12 пати бил шампион на Струшкиот турнир а Металург два пати? Нели ние бевме античките лавови што го измисливме ракометот? Бекстејџ така ни велеше...''[DOUBLEPOST=1407934516][/DOUBLEPOST]
Да не го преценивте малку Штербик?

Кој по тебе е подобар од него?
 
Сеа новопечениве фанови на плавиве ќе прашаат на нивната веб страна "ами оти Вардар 12 пати бил шампион на Струшкиот турнир а Металург два пати? Нели ние бевме античките лавови што го измисливме ракометот? Бекстејџ така ни велеше...''[DOUBLEPOST=1407934516][/DOUBLEPOST]

Кој по тебе е подобар од него?
Не се фурајте со глупи мисли. Го почитувам и Вардар, секоја чест за ланскиот успех. Оваа година нека биде поуспешна и за Вардарци и за Металурзи, да отидат подалеку во ЛШ, ама смирете малку живците. Сите знаеме дека Металург е понов клуб од Вардар и Пелистер, нема потреба од пишување глупости.
Сеа новопечениве фанови на плавиве ќе прашаат на нивната веб страна "ами оти Вардар 12 пати бил шампион на Струшкиот турнир а Металург два пати? Нели ние бевме античките лавови што го измисливме ракометот? Бекстејџ така ни велеше...''[DOUBLEPOST=1407934516][/DOUBLEPOST]

Кој по тебе е подобар од него?
Моментално Ландин и Андерсон се подобри според мене. Штербик е добар голман, ама не и најдобар.
 
A преноси нешто ќе има?
 
A преноси нешто ќе има?

Денес:
22.00 ч. Собраниски: Отварање (Металург Јуниор - РК Струга) + Металург - Кретеј (Снимка)

Четврток:
20.45 ч. Собраниски: Вардар - Санкт Петерзбург

Петок:
19.00 ч. Собраниски: Вардар - Металопластика
20.45 ч. Собраниски: Металург - Азоти

Сабота:
19.15 ч. Собраниски: За 3 место.
21.00 ч. Собраниски: Финале
 
Не се фурајте со глупи мисли. Го почитувам и Вардар, секоја чест за ланскиот успех. Оваа година нека биде поуспешна и за Вардарци и за Металурзи, да отидат подалеку во ЛШ, ама смирете малку живците. Сите знаеме дека Металург е понов клуб од Вардар и Пелистер, нема потреба од пишување глупости.

Моментално Ландин и Андерсон се подобри според мене. Штербик е добар голман, ама не и најдобар.

Ландин е тука со квалитетите со Штербик и предност му е тоа што е помлад, но мислам дека Штербик е поискусен и создаден за тешки и решавачки натпревари. Да би ги имал сите 5 најдобри голмани како опција во решавачки дуел, без размислување секогаш би се решил за Штербик. Човекот покрај тоа има и психолошки ефект врз целиот тим кога е на голот и никогаш не пука под притисок.

За Андерсон не би дискутирал освен дека не се согласувам воопшто, не сакам да ги оспорам неговите квалитети но сепак тука правиме муабет за Арпад Штербик.
 
Какви све коментари не ке прочиташ
Штербик да не бил преценат?
Е од вакви неодам да глеам иако ми е на 10минути одење пошо таму кој од кој поголем познавач на ракомет е иако покето се заминати да се сликет за на ФБ.
Едини со кој би имал чест да се сликам да искористам шо е овде е Штербик пошо за типот нетребит да трошам зборој.
 
Последно уредено:
Постои ли пејач што ја знае Македонската химна во државава???
НЕ ПОСТОИ СТРОФА "Не плачи Македонијо мајко мила, крени глава гордо високо" да ви ја ебам крвта неписмена :facepalm:
Многу ме нервира какви токмаци има во државава, на секој спортски настан се пеат старите строфи од химната :tapp:
Па Кајмаковски уште си поигра со зборчињата, место крени глава, ГЛАВА КРЕНИ гордо високо :pos::pos::pos:
Дај нека не се резилат, нека си пуштат да си оди нормално химната, а не да се резилиме секој пат :facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom