Лукавиот точно знаел што чини, но како Ева како свесно човечко суштество разговара со змија? Како не се освестува дека змијата нема моќ на говор, па дури и кога би имала како папагалите на пример, нема свест и разум и не може да води смислена конверзација.
Еве, Мики, ти на пример, кога би видел дека ти зборува змија, што ќе помислиш? Дали ќе помислиш дека навистина ти зборува или дека нешто не е во ред со твојата перцепција? А како грешен човек си далеку поинфериорен од Ева во секоја смисла. Најпрвин прави ваков неверојатен превид, а потоа прави превид кога Сотоната преку змијата тврди дека Бог рекол да не јадат од ниедно дрво и не се освестува дека овој клевети. Зарем не ти е чудно, ние вакви огревовени и смртни да ги согледуваме овие работи, а Ева да ги превидела? Како е тоа можно? Плус, ако не се лажам, Ева имала моќ на созерцание и нејзе ѝ било доволно само да ја види змијата и да знае сѐ за неа, нели?
Извини вака што сум досаден, но ќе те молам подетално да ми го објасниш ова. или пак посочи некоја книга во pdf каде е разработена оваа проблематика. Навистина многу ме интересира.
121314,
детаљен опис на грешката Адамова и Евина имаш во книгата „Создвањето на светот и раниот човек„, од неколку автори, меѓу кои и е блажениот Серарфим и убиениот отец Данило Сисоев. Не ми е познато дали книгата е достапна во ПДФ формат.
Види овде:
http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Apologetika/SerafimRouzTumacenjePostanja/SerafimRouzTumacenjePostanja.htm
Прво и основно, Адам и Ева биле непорочни и неискусни во исуственото осознавање на гревот, а битисувале во услови кои се тешки за замислување а не за точно осознавање. Ѓаволот ја одбрал змијата за „медиум„ не случајно, туку затоа што Адам ја сметал змијата за „попаметна„ (помудра?) во однос на другите животни. Плус, ѓаволот прво и‘ се обратил на Ева, не на Адама, затоа што ѓаволот знаел дека тешко ќе го излаже Адама ако му се обрати токму нему (на Адама) па затоа ѓаволот „удира„ на Ева, знаејќи ги Евините слабости. Ева се смета за „послаб сад„ во однос на Адама, односно Адам на Ева и‘ бил глава, на која Ева била должна да се потчини, но Ева тера по свое, па наместо да побара совет и дозвола од Адама, Ева своеглаво се впушта во вкусување на плодот за кој и самата знаела дека е забранет. Со само еден потег, Ева покажува три гревовни склоности:
славољубие (сака да знае што е добро а што зло),
сластољубие (сака да вкуси добра храна) и
среброљубие (сака да поседува материјални нешта). Трите наведени слабости се слабости од целиот човеков род.
Ева немала способност за созерцание, туку била должна да го слуша Адама, а не самата себе, а уште помалку да го слуша ѓаволот. Забраната за невкусување на плодови од забранетото дрво, Ева не ја добила од Бога, туку од Адама, а Бог таа забрана му ја дал само на Адама, а не и на Ева. Плус, способноста за трезвеноумие („нипсис„) ја имал само Адам, кој не се двоумел како да ги именува животните, по нивните родови и особини. Плус, Адам и Ева имале блискост со животните, без страв од нив, затоа што Адам веќе бил нивниот господар, така да ѓаволот практично можел да искористи било кое животно за свој „медиум„.
Ева и‘ поверувала на змијата, т.е. во способноста од змијата да „зборува„ токму заради тој необичен настан: како може змијата да зборува? Тоа е финта на која „паѓаат“„ и денешните луѓе, кои се склони да веруваат во секое маѓесничко зло, визуелен трик и илузија. Значи, ѓаволот „одел„ на измама, знаејќи дека Ева, како поемотивно битите во однос на трезвеноумието Адамово, ќе „падне„ на трикот. Адам пак, згрешил посредно, затоа што ја послушал жена си, а не се послушал себе си и конечно, не Го послушал Бога и Неговата забрана за нејадење.
Ако ѓаволот се покажел пред Ева во сиот свој искривен лик, тогаш Ева лесно би го препознала лукавиот, затоа што секоја човекова душа доживува страв од присуството на демоните. Плус, Адам и Ева имале материјално тело, кое ги штитело нивните души од демонските влијанија па затоа ѓаволот им се обратил преку туѓо тело, конкретно, преку телото од змијата, која имала поинакви телесни атрибути (имала крајници) од нејзиното денешно движење „по стомак„.[DOUBLEPOST=1407915039][/DOUBLEPOST]