Воведување на "такса влез" во супермаркети и продавници како и во Трговските центри

Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
309
Сведоци сме на еден нов тренд. Инаку ова функционира во Русија со цел да се намалат шетачите. Треба да научиме дека се се плаќа и мора да е така.
Ова е одлична идеја за екстра профит на трговците.
Исто така гледам ВЦ во трговските центри и на бензинските е бесплатно. А на пример во Австрија се плаќа а потоа ако купувате нешто од бензинската Ви враќаат дел од парите...

Еве едно гледање на оваа тема:

http://mindyourdecisions.com/blog/2013/06/07/would-you-pay-an-entrance-fee-for-visiting-a-physical-store/#.U-iK2IB_uDM
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
За влез во трговскиот ако се плаќа е еквивалент на самоубиство кое ќе си го препише истиот трговски центар. Поготово во денешново конзументско општество и место каде конкуренцијата е немилосрдна, они ќе внесуваат уште и такса „шетарина“.
 

Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
309
За влез во трговскиот ако се плаќа е еквивалент на самоубиство кое ќе си го препише истиот трговски центар. Поготово во денешново конзументско општество и место каде конкуренцијата е немилосрдна, они ќе внесуваат уште и такса „шетарина“.
Зависи како. Плаќаш такса влез и после ти враќаат дел од парите кога купуваш нешто. Ова е убаво во салоните на мобилните оператори да се воведе како и во ексклузивните продавници. Веќе во Русија го има во скапите трговски центри.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Зависи како. Плаќаш такса влез и после ти враќаат дел од парите кога купуваш нешто. Ова е убаво во салоните на мобилните оператори да се воведе како и во ексклузивните продавници. Веќе во Русија го има во скапите трговски центри.
1. дел од парите. Значи ако може и на ситно да се собере, и за воздух дишењето нека се наплати.
2. со ова решение уште повеќе ќе се раслои општеството. Сиромашните нема да влегуваат, целото опипливо искуство ќе им се базира само на тоа што ќе го видат на екран, со тек на време ќе почнат и анти-рекламни пропаганди поткрепени секако од конкуренцијата а свторени исклучиво за сиромаштијата. И на крај, да не го заборавиме моментот на илегалата, каде за рамче ќе важат едни закони а за трпе други.
Edit - ова што го викаш присутно е во земјите со огромно раслојување и онаму каде парите се во раце на неколкумина додека 80% од популацијата нема ни за леб - Индија.
 

Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
309
1. дел од парите. Значи ако може и на ситно да се собере, и за воздух дишењето нека се наплати.
2. со ова решение уште повеќе ќе се раслои општеството. Сиромашните нема да влегуваат, целото опипливо искуство ќе им се базира само на тоа што ќе го видат на екран, со тек на време ќе почнат и анти-рекламни пропаганди поткрепени секако од конкуренцијата а свторени исклучиво за сиромаштијата. И на крај, да не го заборавиме моментот на илегалата, каде за рамче ќе важат едни закони а за трпе други.
Ајде отвори очи. Јас веќе сум разговарал со многу фирми и се готови да го имплементираат. Во крајна сметка ако немаш пари и одиш да шеташ значи им го губиш времето на вработените и си потенцијален ризик. Секако целта на тоа е фокус кон вистинските клиенти. И ако идеш да купиш на пример патики не е проблем да платиш 30 денари такса влез во Молот или супермаркетот и секако кога ќе ги купиш патиките на пример на касата ќе ти вратат 25 денара. 5 денара се такса од која ќе се платат чистачките, одржавањето на молот и слично.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.093
Поени од реакции
5.737
Зависи како. Плаќаш такса влез и после ти враќаат дел од парите кога купуваш нешто. Ова е убаво во салоните на мобилните оператори да се воведе како и во ексклузивните продавници. Веќе во Русија го има во скапите трговски центри.
Баш ова НЕ Е убаво за салоните на мобилните оператори. Што ако на пример си отишол само да ги испиташ перформансите на одреден телефон? Или веќе си решил да го купиш, но за несреќа го немаат на залиха? Или си отишол да се информираш за склучување на нов договор?

Глупа идеја што нема да се оствари кај нас.
 

Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
309
Баш ова НЕ Е убаво за салоните на мобилните оператори. Што ако на пример си отишол само да ги испиташ перформансите на одреден телефон? Или веќе си решил да го купиш, но за несреќа го немаат на залиха? Или си отишол да се информираш за склучување на нов договор?

Глупа идеја што нема да се оствари кај нас.
Идејата е топ. Затоа има интернет и можеш да си видиш на интернет карактеристики за телефонот. И постои телефон од секој салон и ќе се јавиш и прашаш. Наскоро ќе ја воведат.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Window shopper-ите прават трговскиот да не изгледа штуро и пусто. Да не беа Синеплекс, Карфур и виндоу шоперите, СитиМол ќе имаше по 30 луѓе во ден (без вработените).

Чиста глупост.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Ајде отвори очи. Јас веќе сум разговарал со многу фирми и се готови да го имплементираат. Во крајна сметка ако немаш пари и одиш да шеташ значи им го губиш времето на вработените и си потенцијален ризик. Секако целта на тоа е фокус кон вистинските клиенти. И ако идеш да купиш на пример патики не е проблем да платиш 30 денари такса влез во Молот или супермаркетот и секако кога ќе ги купиш патиките на пример на касата ќе ти вратат 25 денара. 5 денара се такса од која ќе се платат чистачките, одржавањето на молот и слично.
Болдот е исклучиво заради тоа што се неспособни да се справат со мала гужвичка, а не дека е возможно. Искрено, ако сакаат цел бизнис да им се базира само на купувачи, салонот да им биде составен само од моментални консументи, нека си отворат веб продавница и нека си продаваат така.
Ете и олдскул ти пиша за мобилните, еве и јас викам, сакам да платам сметки во Т-хоум, сакам ете и да разгледам некој фотоапарат кој за некој ден ми е во план да го купам, и ете сеа треба да ми наплаќаат влез за ГТЦ, Сити мол, Рамстор.

Уште да додадам дека повеќето наши истоимени продавници не се во постојана комуникација. Ете пример сакам да купам продукт во АМС и одам во ГТЦ и ми викаат дека немаат а да ги прашам во која друга нивна продавница имаат, ќе фатат да се чешаат за глава.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
А што е со такса да ми плати ако не најдам тоа што го барам во маркетот?
Значи плаќам такса да влезам, губам време, се уморувам од шетање абам чевли и не можам да најдам пример, конзерва чилеански морски ежови.
Кој тука ќе одговара?
 

Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
309
Ова се однесува на пешаците. Би било добро да има и ВИП оддел во МОЛОВИТЕ каде само оние со ВИП карти би можеле да влегуваат а таму би се наоѓале продавници од топ брендовите. Ова се нарекува "позитивна дискриминација" и има за цел подобрување на услугите во салоните, бензинските пумпи и други центри.. Убаво е да го има и на бензинските пумпи исто така. За да платиш во готово мораш да влезеш во пумпата и да си платиш "такса влез". Кога ќе си платиш за горивото тогаш ќе ти вратат дел од парите кога ќе купуваш следниот пат. Нема бесплатен ручек никаде !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom