Верски вести III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Православните верници денес го чествуваат Успението на Пресвета Богородица
rsz_svbogorodica-620x264.jpg

Празникот Успение на Пресвета Богородица се слави на петнаесетиот ден од месец август (28 според новиот календар). Нему му претходи двонеделен Богородичен, или Преображенски пост. Овој празник го слави успението, воскресението и прославувањето на Пресвета Богородица, и нејзиното преселување во Царството Божјо во полнотата на нејзиното духовно и телесно постоење.
По Христовото распнување, воскреснување, вознесение на небото и седнувањето оддесно на Отецот, таа поживеала на земјата уште 11 години. За неа се до нејзината смрт се грижел љубениот Христов ученик свети Јован Богослов. На Маслиновата Гора, на местото каде се вознел Христос, плачејќи се молела Бог да ја земе од овој свет. Тогаш ѝ се јавил Архангел Гавриил и ја известил дека по три дена (на 15.08./28.08) ќе биде упокоена.
Празнувањето на Успението на Богородица е празнување на фактот дека сите луѓе се високо воздигнати во благословеноста на сепобедливиот Христос, и дека токму ова воздигнување е постигнато во Богородица Марија. Овој празник е знак, сигурност и славење на исполнувањето на сите оние животи, чии души Го слават Бога, целосно посветени на слушање и одржување на Божјото Слово кое е дадено на луѓето преку Богодетето на Марија, преку Спасителот на светот.

 
Ограбена и оштетена црквата Св. Атанасиј на Тетовското кале

g_crkva.jpg
Поголема материјална штета била нанесена на црквата Свети Атанасиј на Тетовското кале откако вчера попладне засега непознати сторители извршиле тешка кражба во овој црковен објект, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите информации сторителите најпрвин го обиле едниот прозорец по што влегле во црквата и од метална каса за прилози од верниците од каде одзеле околу 700 денари во разни апоени. Потоа за да излезат тие ја оштетиле и влезната врата како и лимот од помошната просторија каде исто така пребарувале и расфрлале. Освен тоа сторителите скинале и електричен кабел од една од бандерите по што го оставиле на земја, а влегле и во стариот дел каде имало преградена просторија од Управата за заштита на културното наследство.

Случајот бил пријавен околу 18 часот и 10 минути од И.Ѓ. (30) кој се јавил во тетовската полициска станица по што екипа на СВР Тетово најпрвин веднаш го обезбедила просторот по што бил извршен комплетен увид фотодокументирани биле сите оштетувања и биле земени траги за вештачење.

Според архиерејскиот намесник на тетовското архиерејско намесништво на тетовско гостиварската епархија на МПЦ – ОА протоереј Дарко Наумовски со овој настан извршено е сквернавење на верскиот објект што е во надлежност на црквата. Тој најави дека поради зачестените кражби во верските објекти во овој регион во тек е поставување на камери и алармни системи во сите цркви и манастири во надлежност на тетовско гостиварската епархија.

Ова е трето оштетување на црквата Свети Атанасиј на Тетовското кале откако претходно на двапати биле оштетени поставените светилки на оградата околу црквата.
 
Вселенскиот патријарх и Чесите ги признаа Македонците
Цариградскиот патријарх Вартоломеј го одобри филмот за светите браќа Кирил и Методиј, во кој се зборува дека биле Македонци, но не и за Бугари.

Сето тоа ги вознемири луѓето од Бугарскиот културен клуб во Скопје.



Историскиот филм за светите браќа Кирил и Методиј е дело на чешкиот режисер Петр Николаев, а во продукција на Виктор Криштоф.

Новиот филм за светите браќа е снимен по повод 1150-годишнината од почетокот на мисијата на Кирил и Методиј во Моравија и се бави со прикажување на нивните дела во ширењето на словенската писменост.

Филмот е снимен во копродукција со Чешката телевизија и студиото Барандов од чешкиот главен град, во соработка со словенски, руски и словачки партнери. Во подготовката на сценариото учествувале експерти од Римокатоличката црква, Православната Црква на Чешка и Словачка, Чешката академија на науките и Моравскиот музеј, а буџетот на филмот е 2,24 милиони евра.

Кирил и Методиј, родени во Солун се заслужни за појавата на словенското писмо, развојот на словенската култура, преводот на Стариот Завет и имале значително влијание врз историјата на словенските народи. Сесловенските просветител во Чешка се сметаат за основоположници на темелите на модерната чешка државност.

Сепак Бугарите сметаа дека овие просветители имаат бугарски корени.
http://falanga.com.au/vselenskiot-patrijarh-i-chesite-gi-priznaa-makedoncite
 
„Телеграфи“: Лидерот на ИД е Евреин


Објавено: 18:17, 01/09/2014 Прегледано: 711 пати.
abu-bakr-al-baghdadi-624x320.jpg




Од прогласувањето на исламскиот Калифат, лидерот на ИДИЛ, Ал Багдади беше субјект на разни теории. Најпрво се тврдеше дека е агент на израелската тајна служба Мосад, a сега се тврди дека неговите родители биле Евреи.

Според извештај на „Ветеранс Тудеј“, на кој се повикува косовскиот портал Телграфи, Ал-Багдади е Евреин и неговото вистинско име е Елиот Шимон, кој бил обучуван од страна на израески Мосад и американската ЦИА.

Подржувачите на ИДИЛ, пак, тврдат дека неговото вистинско име е Ибрахим бин Авад бин Ибрахим Ал-Бадри, но оти е познат и под името Аву Дуа или Д-р Ибрахим.

Ал Багдади е неговиот воен псевдоним.

Ал Багдаи е роден во 1971 година, а работел како учител и поседува титула доктор на науки. Познат е како изворедно добар познавач на исламската култура и шеријатот.

Некои информации говорат дека тој е оженет. Но за Калифот на саморпогласената исламска држава, Ебу Бекер Ел Багдани, или Калиф Ибраим, се тврди дека во минато бил голем боем, сакал жени и алкохол. Некои го сметаат за најмоќен терорист на светот, дури и повлијателен од Осама бин Ладен.

Багдани е првиот калиф на сите Муслимани по падот на Османлиската империја пред сто години. Калифатот , како што јавуваат косовските медиуми, забранил читање или пеење на Куранот во џамија, пред и после клањање, бидејќи било „бидат(новина) забранета во верата“.

http://a1on.mk/wordpress/archives/377472
[DOUBLEPOST=1409640170][/DOUBLEPOST]Билал Босниќ: "Нашата цел е целиот свет да биде Исламска држава, а Ватикан муслиманско место"

Јас можеби тоа нема да го дочекам, но ќе дојде тоа време, изјавил вахабистичкиот лидер од Босна и Херцеговина.


За исламистичката милитантна група "Исламската држава во Ирак и Левант" (ISIL) се борат 50 италијанци во чие регрутирање помогнал вахабистичкиот лидер од Босна и Херцеговина, Билал Босниќ, кој за италијанските медиуми потврдил дека и Ватикан е мета на Исламистите.

"Ние муслиманите веруваме дека еден ден целиот свет ќе биде Исламска држава. Нашата цел е дури и Ватикан да стане муслиманско место. Јас можеби нема да го дочекам тоа, но ќе дојде тоа време", изјавил Босниќ.

bilal-bosnic-foto-printskrin-yt-eden-den-celiot-svet-demek-muslimanska-drzava-01.jpg

Федерико Ломбарди од папската канцеларија за односи со јавноста, вели дека "Ватикан не е премногу загрижен околу тоа", бидејќи заканата не е сериозна.

Меѓутоа, италијанскиот министер за внатрешни работи Филипо Бубико порачал дека Ватикан и Италија сепак се во реална опасност. Поради тоа издале предупредување за терористички напад.

Особено изложени на ризик се амбасадите, црквите, железничките станици, пристаништата и аеродромоте. Италијанците пред неколку дена уапссиле пет лица осомничени за поврзаност со екстремистите од ИСИЛ.

Повеќето муслимански екстремисти се од Северна Италија каде што ги регрутира Билал Босниќ, наведуваат италијанските медиуми.

Тој порачал дека еден ден целиот свет ќе биде една голема муслиманска држава, а тоа го вклучува и Ватикан.




http://tocka.com.mk/1/135815/bilal-...e-islamska-drzava-a-vatikan-muslimansko-mesto
 
Последно уредено:
"САД и Мосад ја создадоа ИСИЛ, НАТО се однесува како СС"
tocka-136015.jpg

02.09.2014 | 15:51
Извор: Точка
Некогашниот кубански лидер, Фидел Кастро, вчера изјавил дека израелски Мосад е виновен за создавањето на терористичката група Исламска држава, пренесува "AFP". Во колумната за кубанскиот државен весник, Кастро ги обвинил САД и Европа за предизвикување на судири.


Кастро го споредил НАТО со нацистичкиот СС. Сепак, најмногу под перото на поранешниот кубански лидер страдал американскиот сенатор Џон МекКејн, поради неговата политика кон Блискиот Исток. Кастро го нарекол МекКејн "неконвенционален израелски сојузник". Кастро го издвоил американскиот претседателски кандидат од 2008-та година, бидејќи давал безрезервна поддршка за Израел и Мосад.

"Тие заедно учествуваа во создавањето на Исламската држава, група која денес контролира значаен дел од Ирак и третина од Сирија", напишал Кастро во колумната. Го обвинил Западот за цинизам и рекол дека станале симболи за "империјалистичка политика".

fidel-castro-kolumna-kuba-01.jpg

Кастро се свртел и кон НАТО, велејќи дека неодоливо потсетува на СС.

Тој ја искористил приликата да ги пофали Кина и Русија поради задушувањето на колонијализмот наметнат од страна на САД и Европа. "Наместо да поттикнуваат судири, владите треба да се посветат на производство на храна, изградба на болници и училишта за луѓе на кои им се потребни", порачува Кастро.

Минатиот месец Кастро ја споредил израелската воена операција во Газа со "одвратен облик на фашизам". Подоцна ја изразил својата поддршка за Палестинците и побарал од Израелците да ги почитуваат резолуциите на ОН и да се повлечат од Газа, пишува isrealnationalnews
 
mpcvrhovensudwe.jpg

Владиката г. Петар ја загуби битката за Св. Петка, на свештеникот Митко Митрев му се заканува затворска казна, поради лажно сведочење.

Митрополитот Г. Петар го изгубил судскиот спор што го покрена против 891 член на Македонската православна црковна општина Св. Петка од Рокдејл – Сиднеј. Врховниот суд на австралиската федерална држава Нов Јужен Велз денеска ја најавил пресудата со која Владиката Петар и неговиот заменик, Митко Митрев, ја загубиле тужбата што ја покренаа со една единствена цел да бидат протерани од членство 891 верник и на тој начин да се изврши обид за превслат врз имотот на Св. Петка.

Судот потврдил дека тужбата е водена врз основа на лажен регистар на парохијани („домовник“) на МПЦО Св. Петка, создаден од страна на архиерејскиот намесник Митко Митрев, со цел да се измами судот при постапката за протерување на неистомислениците.

Истовремено на свештеникот Митко Митрев ми се заканува можност и за кривична постапка поради заведување на судот. За такво дело во Австралија се одредуваат и затворски казни.

На страницата 53 од текстот на пресудата, судијата Стевенсон во образложението напишал:

"213 Потеклото на актуелниот Домовник укажува, според мене, дека не е создаден во согласност со Член 119 од Уставот [на МПЦ] и дека не нуди веродостојно упатство кон тоа кој е, а кој не е парохијанин на отец Митрев или на парохијата Св. Петка. Како што призна и господинот Паркер [адвокатот на Владиакта г. Петар и Отец Митрев], домовникот има „одвратни дефекти“. 214 Заклучувам дека актуелниот Домовник е карма-каша на факти, лаги и фалсификати. Тој не претставува вистински обид на отец Митрев да одржува „регистар“ или „домовник“ според целите на Член 119 од Уставот. Создаден е само за оваа судска постапка.”, пишува судијата во образложението на пресудата.

Во пасус 217 и пасус 218 (страница 54 од пресудата), судијата Стевенсон ја отфрла понудата на адвокатите на Владиката г. Петар и свештеникот Митрев да направат нов „домовник“, според Член 119 од Уставот на МПЦ.

- "218. Ваквата понуда не ме убедува да преземам поинаков правец. Како прво, премногу доцни и понудена е само откако срамните постапки на oтец Митрев беа разобличени. Второ, како што вели господинот Хоровитз [адвокатот на членството на МПЦО Св. Петка], за правилно „да си ги очисти рацете", Отец Митрев ќе мора да побара да се поништат претходните наредби издадени од страна на судијата Бреретон [во претходната, 17-годишна судска постапка на Каревски и Митрев], а без тоа барањата на тужителите во оваа постапка би биле поразени." - пишува судијата Стевенсон.


Пред овој судски спор, што неодамна го почна Владиката г. Петар, со една цел обид за превласт во црковната општина, а за кој се проценува дека тој и свештеникот Митко Митрев нанеле трошоци од околу 400.000 австралиски долари за адвокатските услуги на двете страни, водеа 17 годишен судски спор, за кој пак се проценува дека чинел околу 8 до 10 милиони долари за двете страни. Единствена цел на овие судски спорови беше Владиката г. Петар и свештеникот Митрев да го оспорат правото на Црковната општина Св. Петка законски да ги поседува своите имоти. Откако го изгубија првиот спор, а добија само право да го водат црковниот живот на општината, Владиката г. Петар и Митрев отворија нова судска постапка за да го сменат составот на членството на општината, со надеж дека „послушното“ членство доброволно ќе им ги отстапи имотите. Судот денеска спречи Владиката г. Петар преку „чистка“ во генералното собрание на Црковната општина Св. Петка да ги препише нејзините имоти на негово лично име и на име на од него зависни попови, како што тоа успеа да го стори со некои други храмови во Австралија.

Link
 
КОНТРОВЕРЗЕН ПЛАН

Саудиските вахабисти сакаат да го уништат гробот на пророкот Мухамед и останките да ги закопаат на тајна локација – за никој да не му се моли

Саудискиот академик д-р Али бин Абдулазиз ал-Шабал изработил документ во кој предлага да се уништи гробот на пророкот Мухамед во Медина и неговите останки да се префрлат на околните гробишта, каде што би бил закопан во тајност.


mkd-146278.jpg

За контроверзниот предлог сериозно размислуваат старешините на Пророковата џамија во Медина, второто најсвето место во исламот, по Мека.

Во џамијата се наоѓа последното почивалиште на Мухамед, а позната е и по зелената купола над центарот на џамијата, каде што се наоѓа гробот. Планот на д-р ал-Шабад повикува на уривање на куполата и уништување на објектите околу гробот, кои се свети места за шиитите, пишува британски Индипендент.

Уривањето и преместувањето на гробот сигурно ќе предизвика уште повеќе потреси и понатамошни поделби меѓу двете гранки на исламот – сунитите и шиитите. Во Саудиска Арабија преовладува вахабизмот, строгото толкување на исламот на селефиската традиција според која е забрането обожавање каков било предмет или света личност, што се смета за идолопоклонство.

mkd-146280.jpg


Д-р Ирфан ал-Алави, саудиски академик што се противи на контроверзните планови, објаснува во што е проблемот: „Верниците ги посетуваат одаите, кои се собите каде што живеело семејството на пророкот, и се вртат кон гробницата за да се молат. Сега тие (вахабистите) сакаат да ги спречат верниците во таквата молитва, бидејќи сметаат дека тоа е идолопоклонство. Единствениот начин да ги спречат луѓето да го посетуваат гробот на Мухамед е да ги изнесат неговите останки и во тајност да го закопаат на гробишта“.


Со векови муслиманските верници одат во Мека, за да ја посетат Каба – зграда во форма на црна гранитна коцка за која се верува дека ја изградил Авраам, околу која е изградена Ал-Масџид ал-Харам, или Големата џамија, а кон која се врти секој муслимански верник кога се моли.
 
Уапсен приштинскиот имам поради поттикнување тероризам
Главниот имам на Приштина, Шефкет Красниќи, бил уапсен заедно со уште неколку луѓе, пренесува Блиц.

mkd-146633.jpg

Неофицијално, апсењето следувало по неколку извештаи за зголемениот број исламисти што заминуваат во Сирија и Ирак да се борат на страна на џихадистите.

Се верува дека Красниќи е уапсен за поттикнување тероризам и џихад, јавува Коха диторе.
 
lg.php




Децата на џихадот: бебиња опкружени со бомби, момчиња со калашникови и отсечени глави

Застрашувачка фотографија од бебе што, опкружено со оружје и бомби, лежи на знаме на Исламската држава е најновата во низата фотографии на деца што исламистичките екстремисти ги објавиле во рамките на пропагандната кампања на Интернет, пренесува Дејли мејл.


mkd-146809.jpg

Детето, кое нема ни шест месеци, лежи на грб на црното знаме на екстремистичката организација, а околу него, наместо гумени играчки, се расфрлани бомби, калашњиков и еден пиштол.

mkd-146814.jpg

Фотографијата е објавена на социјалната мрежа Твитер под хаштагот #IS, а бебето најверојатно е најмладото дете што оваа терористичка организација го искористила за својата пропаганда по социјалните мрежи.

Фотографијата предизвикала вџашеност и гнев, а еден корисник ја обвинил организацијата дека користи „бебиња како оружје за убивање невини луѓе“.

mkd-146810.jpg

Шокантните снимки што ИС во последно време ги објавува на Интернет создаваат стравувања дека цела нова генерација деца се радикализира од мали нозе.

Минатиот месец Халед Шаруф на истата мрежа постираше фотографија од својот син од околу седум години, кој во рацете држи отсечена глава на сириски војник. Шаруф, кој е осомничен за воени злосторства, под фотографијата напишал: „Браво, синко!“.


mkd-146811.jpg

Во почетокот на оваа недела беше објавена вознемирувачка снимка од маскирано момче што пука од калашњиков и извикува исламистички слогани. На Јутјуб беа постирани две кратки видеа, најверојатно снимени во околината на Дамаск. На момчето од најмногу шест години еден маж најпрво му покажува како да пука, а потоа го фали и го поттикнува да пее верски песни.

mkd-146812.jpg

Организацијата Исламска држава на Ирак и Сирија, која годинава по основањето на таканаречениот калифат си го промени името во Исламска држава, од мали нозе ги подготвува децата да учествуваат во џихадот. Пред да наполнат 13 години ги испраќаат во кампови, каде што се обучуваат за борба.
mkd-146813.jpg
 
Еве нешто кое редовно им се случува на народите, на кои САД им увезуваат „демократија„. Конкретно, за Украина:

http://borbazaveru.info/content/view/7089/1/[DOUBLEPOST=1410124643][/DOUBLEPOST]А ова му се случува на новопечениот „европејски народ„, во неговата желба да ја следи расхристовената ЕУ-ропска унија:

http://borbazaveru.info/content/view/7102/1/
 
Последно уредено:
Семејството шокирано од нејзината порака: "Ќе се видиме на Судниот ден!"




Во ноември минатата година, родителите последен пат ја виделе својата 19-годишна ќерка Акса Махмуд.


Четири дена откако го напуштила својот дом, студентката Акса Махмуд им се јавила на своите родители во Шкотска, велејќи дека е на границата меѓу Турција и Сирија и дека сака да стане маченичка. Нејзините родители Музафар и Калида биле во шок.

Музафар вели дека кога последен пат разговарал со својата ќерка, му кажала дека ќе се видат на Судниот ден.

На социјалните мрежи Акса била заговорник на ИСИС и калифатскиот режим и повикувала на напади во Западните земји. Објавувала фотографии од оружје и снимки со ликвидации од страна на ИСИС.

"Нејзините родители не можеле да направат ништо. Таа била радикал од спалната соба. И доколку тоа може да и' се случи на Акса, која ги имала сите животни можности, најдобро образование, родители со умерени верски начела, ако можело да и се случи на неа, тогаш може да му се случи на било кого", рекол семејниот адвокат Аамер Анвар.

Се верува дека на Акса влијаеле интернет проповедници преку социјалните мрежи, кои и овозможиле превоз од Глазгов до Сирија.

Нејзиното семејство на многу начини го живеело сонот на многу имигранти. Во Шкотска од Пакистан се доселиле во 70-тите години од минатиот век. Музафар бил првиот играч на крикет во Шкотска со пакистанско потекло. Тој и сопругата купиле куќа каде одгледале четири деца и ги запишале во престижни приватни училишта.

aksa-mahmood-glazgov-sirija-01.jpg

Акса ги слушала "Coldplay" и читала "Harry Potter", па родителите навистина не знаат како се појавила желбата за радикален исламизам. Кога започнала војната во Сирија, станала религиозна. "Не знаев дека има некакво зло во тоа што го чита Куранот", рекол нејзиниот татко во интервју за CNN.

Кога се запишала на факултет престанала да слуша музика, а родителите не се посомневале дека со неа се случува нешто екстремно.

Калида вели дека нејзината ќерка се плашела од мрак и дека не знаела со автобус да пристигне до центарот на градот, а уште помалку до Сирија.

Кратко по пристигнувањето во Сирија, на своите родители им јавила дека ќе се мажи. "Овде процесот е таков. Девојката не смее да биде сама. Сега мора да пронајдам машки заштитник. Морам да се омажам тука. Не грижете се, ќе бидам добро. Моето срце е добро", гласела пораката која им ја пратила.

"И кажувавме дека тоа не е ислам. Прават погрешни работи, кои не ги одобруваме. Ниеден муслиман тоа не го одобрува", велат родителите на Акса.

Прифатиле да направат интервју, само за да и пратат порака на својата ќерка. "Само сакаме да се врати. Ни недостасува. Ја сакаме. Сакаме да ја видиме и да ја прегрнеме. Беше прекрасна ќерка", рекол нејзиниот татко.

"Акса, ќерко моја, те молам, врати се. Многу ми недостасуваш. Им недостасуваш и на твоите сестри и твојот брат. Драга моја ќерко, во името на Алах, те молам врати се. Те сакам. Те молам врати се", порачала Калида.

Адвокатот нагласил дека Акса не е одговорна за ниедно злосторство и дека смее да се врати дома.


http://tocka.com.mk/1/136483/semejstvoto-sokirano-od-nejzinata-poraka-ke-se-vidime-na-sudniot-den[DOUBLEPOST=1410132382][/DOUBLEPOST](ФОТО) Девојче кое побегна од исламистите: Бев „подарок“ на борците од прв ред

Четиринаесетгодишната Адеба Шакер е една од малкуте Језиди, кои успеале да побегнат од милитантите на ИС, кои последниве неколку месеци зазедоа поголеми делови од териториите во Ирак и Сирија.

Кога слушнале дека борците на ИС се приближуваат кон нивното село, со семејството побегнале во соседното, но милитантите ги пронашле и Адеба ја дале како „подарок“ на борците на првата линија од фронтот. Сакале да ја исламизираат и да ја принудат да се омажи за еден од нив.

-Ветија дека нема да не повредат доколку се предадеме. Не разделија од мажите и ни го зедоа накитот, парите, телефоните и авотомобилите- вели Адеба.

По два часа сите затвореници ги ставиле во комбе и ги однеле на непозната локација. Девојчето вели дека на почеток биле добри со нив и дека се обидувале да ги смират. Меѓутоа набргу потоа станале „агресивни и злоставувачки настроени“.

-Не знаевме што ќе се случи со нас-се сеќава девојчето, кое имало желба да стане наставничка. Најстрашниот момент се случил во тек на првата ноќ, кога биле киднапирани и однесени во полициска станица во друг град.

Според нејзините зборови припадниците на ИС киднапирале најмалку 73 жени и деца од нејзиното село, со цел да тргуваат со нив во северен Ирак. Таа се сеќава дека борците ги разделиле повозрасните жени од нив и дека со нив имало само млади жени, кои се соочиле со застрашувачка судбина. Некои од нив ги силувал командирот на милитантите, а потоа ги проследувал на останатите терористи. По групните силувања, биле продавани на „аукција“ за само 10 долари, а девојчињата кои биле на нејзина возраст требало да се омажат за борците. -Кога грабнувачите не оставија сами, видов торба полна со мобилни телефони и го повикав брат ми -раскажува таа.

10647661_10204713181335338_1127796042_n.jpg


Нејзиниот брат Смир и рекол да дојде до најблиската куќа и да побара помош, упатства како да дојде до границата каде што членовите на Курската работничка партија се борат против милитантите на ИС.

-Тоа беше доста ризично. Не знаев кој ми е пријател, а кој непријател – раскажува Шакер.

Таа и останатите девојчиња се обиделе да побегнат и заминале до куќата на соседот, од каде што добиле упатства како да стигнат до границата. -Не можев да одам право, нозете ми трепереа, а срцето силно чукаше. Трчавме и не се свртувавме назад-вели таа. По два часа од „патувањето“ слушнале пукотница, а потоа и ги забележале борците на КРС и трчале кон нив. -Плачев и се смеев во исто време, бевме слободни -се сеќава Адеба.

http://a1on.mk/wordpress/archives/379407
[DOUBLEPOST=1410132493][/DOUBLEPOST]Љубљанско Дело: во две културни друштва во Словенија се собираат радикални исламисти

Словенечката разузнавачка агенција Сова пред неколку години утврдила дека во две здруженија од областа на културата се собираат наводни заговорници на радикалниот ислам, пишува денес словенечкиот весник Дело.


mkd-146912.jpg

„Едното од нив во 2011 го посетил Билал Босниќ, кој во средата во БиХ беше уапсен како осомничен за тероризам“, пишува весникот, и додава дека Сова уште во 2012 утврдила дека здруженијата Ел Иман и Енсаруд Дин го посетуваат проповедници, „кои имаат лични контакти на Балканот и во Европа, а повикуваат на насилство против Западот“, пренесува Вијести.

„Станува збор за проповедачи кои се познати во регионот и дејствуваат на релација Виена-БиХ, а едниот од нив босанските власти го поврзуваат со терористички акти“, пишува Дело.

Весникот ја пренесува и изјавата на секретарот на Исламската заедница во Словенија Невзет Пориќ дека „регрутирањето исламски борци е пред сѐ медиумска помпа, и дека Исламската држава ја злоупотребува моќта на медиумите и ги плаши луѓето.


Пориќ додал дека нема информации дека во Словенија нешто важно се случува, но признал дека „има одредени тешкотии со дејствувањето на одредени поединци“, како и дека муслиманската заедница го осудува насилството, особено она што се врши во име на религијата.


http://www.mkd.mk/svet/vesti/ljublj...-vo-slovenija-se-sobiraat-radikalni-islamisti[DOUBLEPOST=1410132970][/DOUBLEPOST]Муфтијата од Санџак имал своја војска
Сабота, 06.09.2014 17:17 Балкан
Муфтијата од Санџак, Муамер Зукорлиќ, кој е познат по своите цврсти ставови против Србија и контраверзните изјави кога станува збор за војната на џихадистите во Сирија и Ирак, ја нарече Србија „тежина и вчера и денес“, пренеусва порталот Индексонлајн.

novi-pazar-zukorlic-bosnaci-600x399.jpg


„ Тој во местото наречено „Хаџет“( аџилак) во Нови Пазар, каде што пред 70 години биле убиени многу Бошњаци, деновиве донесе околу 100 негови приврзаници со униформи и амблемот на Санџак (сличен на оној на Бошњаците за време на војната против Србите и Хрватите)“, стои во написот.

Тие на главата носат црвен фес, а станува збор за млади лица, главно средношколци како и ученици од училиштата кои се под контрола на Зукорлиќ. Четириесет и четиригодишниот контроверзен муфтија Зукорлиќ, беше кандидат за претседател на Србија.


http://media.mk/article/38567/muftijata-od-sanxak-imal-svoja-vojska[DOUBLEPOST=1410133191][/DOUBLEPOST]Ја слушнал веста дека син му загинал во самоубиствен напад па приредил забава за целото село!

http://tocka.com.mk/1/136324/ja-slu...stven-napad-pa-priredil-zabava-za-celoto-selo
[DOUBLEPOST=1410133227][/DOUBLEPOST]Вахабистите во БиХ меѓу законот и „верата“

http://www.dw.de/вахабистите-во-бих...a=maz-rss-maz-pol_evropa_timemk-4728-xml-mrss
 
Последно уредено:
ШТО ЗНАЧИ ДА СЕ ВЕРУВА? ПРЕПОДОБЕН ПИМЕН ВЕЛИКИ
Што значи да се верува? Да се верува значи да се пребива во смирение и милост.

Денеска православната црква го слави денот на Преподобен Пимен Велики!


avva-pimen-240x300.jpg
Преподобен Авва Пимен живееше во петтиот век. По род беше Египќанец. Монаштвото го засака уште како дете, па ги посетуваше големите старци и трудољубиво собираше од нив поуки, како што пчелата го собира медот од најубавите цветови. Подоцна се замонаши, а по него се замонашија и неговите двајца браќа.
Родум Мисирец. Голем мисирски подвижник. Како момче ги посетуваше прочуените подвижници и собираше од нив опитно знаење како трудољубива пчела.

Еднаш Пимен измоли од Старецот Павел да го однесе кај Свети Паисиј.

Кога го виде Паисиј му рече на Павле:

„Ова дете ќе спасе многумина, со него е раката Божја.“ Со време Пимен се замонаши и кон монаштво привлече уште двајца од своите браќа.

Еднаш дојде мајка им да ги види своите синови, но Пимен не ја пушти внатре, а ја праша:

„Сакаш повеќе да нѐ видиш овде или во вечноста?“ Мајка му се оддалечи со радост, говорејќи: „Штом сигурно ќе ве видам таму, тогаш не сакам да ве видам овде.“

pimen-300x290.jpg
Во манастирот на овие тројца браќа, со којшто управуваше најстариот брат, Анувиј, типикот беше ваков: ноќе четири часа минуваа во ракоделие, а четири во псалмопеење. Дење од утрото до пладнето времето го минуваа наизменично во работа и во молитва; од пладнето до Вечерната читаа, а после Вечерната си подготвуваа вечера: тоа им беше единствениот оброк во деноноќието, и тоа обично од некакво зелје. За нивниот живот самиот авва Пимен рече:

„Јадевме тоа што ни се предлагаше, никој никогаш не рече: дај ми нешто друго или јас тоа не го сакам. На тој начин ние го поминавме сиот живот во безмолвие и во мир. Авва Пимен се подвизуваше во 5 век и мирно се упокои во длабока старост.“

Преподобен Пимен Палестински

Во црковниот клир на МПЦ , МИТРОПОЛИТОТ НА ЕВРОПСКАТА ЕПАРХИЈА ГО СЛАВИ И ГО НОСИ ИМЕТО НА АВВА ПИМЕН ВЕЛИКИ

Митрополитит Пимен е надлежен архиереј за Европската епархија, и досега од денот на неговото хиротонисување се изградени три нови цркви во Тринген Швајцарија, Свети Наум во Мламе и Св Никола во Маинц Германија!

Оваа година Европската епархија прославува две децении од нејзиното формирање, и денот ке го чествува на 11 октомври

На многаја лета Владико !

photo.php_.jpg
 
Султан-муратовата џамија во Скопје лежи врз прочуениот Виргински манастир!
Вторник, 09 Септември 2014 16:18


Пред девет века на Виргино брдо, над реката Серава, спроти средновековно Скопје, или Калето како што денес се нарекува тој простор, бил изграден најголемиот и најбогат манастир во овој дел на Македонија.
dzamija-manastirr.jpg


Манастирот бил посветен на Свети Ѓорѓи Скороподвижник, а бил подигнат во времето на цар Самуил. Секој нареден владетел на овој дел од Македонија потоа му ги потврдувал привилегиите и имотите. Така, кога во 1040 година македонските востаници го зазеле градот Скопје, нивниот водач Петар Делјан ги потврдил овластувањата на Виргинскиот манастир, кои биле определени од императорот Роман Трети Аргир, ктитор на манастирот. За жал, по околу 400 години, и по огромнниот углед меѓу христијанското население, на 27 април 1428 година, во времето на Мурат-бег, османлиите го разурнале манастирот, а осум години подоцна, токму врз неговите темели, била изградена Султан-Муратовата џамија. Прифаќањето на тој податок, навестен од Васил К’нчов уште во 1898, а подоцна, во 1968–та година, прифатен и образложен во два наврати и од Константин Петров во Годишниот зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, се чини конечно ја разрешува дилемата околу локацијата на некогашниот прочуен манастир „Свети Ѓорѓи –Скороподвижник“.

Голем духовен и скрипторски центар!

Според проф. д-р Илија Велев, кој со години ги истражува македонските манастири како духовни и културни центри, особено оние кои биле значајни скипторски и книжевни центри, Виргинскиот манастир бил еден од најзнајните во тој поглед на територијата на цела Македонија.

- Економската благосостојба на овој манастир придонела тој да располага со бројно монаштво, а во неговото братство се наоѓале грамотни и високопросветени монаси, со чија дејност манастирот прераснал во голем духовен и скрипторски центар на Балканот. Манастирот располагал со богата библиотека од ракописни книги, но и даровни грамоти на многу владетели. За жал, поради судбината што ја доживеал со доаѓањето на Турците, сега на истражувачите им е оневозможено да идентификуваат барем дел од целото книжевно наследство на овој скрипторски центар и да претстават некои од позначајните книжевни дејци. Најверојатно голем дел од книжевното наследство од манастирската библиотека на Виргинскиот манастир било уништено, а само мал дел бил разнесен во други манастири. Сепак, исклучително значајната книжевна традиција на овој скрипториум може да се реконструира според сочуваните преписи на владетелските грамоти наменети на овој манастир. Документите потврдуваат дека Виргинскиот манастир бил значаен духовен центар во Скопската епархија, а владетелите инсистирале токму таму да се препишуваат даровните грамоти. Ваквиот углед на манастирот доаѓа и од тоа што во него престојувале книжевници со висока духовна, просветна, грамотна и правна култура. Секоја оригинална грамота морала да има свечени копии за покажување пред даночни, судски и други органи. Самата владетелска канцеларија нарачувала копии за себе, за манастирот и за патријаршијата токму во Виргинскиот манастир, вели д-р Велев.

Прекрасната локација каде што бил изграден манастирот веројатно била една од причините Турците да го урнат целиот комплекс штом стапнале во Македонија, а веднаш потоа на негово место да изградат џамија посветена на тогашниот султан Мурат. Џамијата која и денес постои најверојатно врз темелите на црквата на Виргинскиот манастир сé уште е најголема џамија во Скопје. Според податоците до кои дојдовме истражувајќи ги трагите за можната локација на Виргинскиот манастир, Султан-муратова џамија во Скопје располага со околу 900 метри квадратни површина. Доколку нејзината површина се поклопува со темелите на манастирската црква на Виргинскиот манастир, може да се претпостави за каков објект станувало збор. Имено, тоа секако била најголема црква и најголем манастирски комплекс во овој дел на Македонија. Секако делови од целиот комплекс денес би требало да има и во дворот на сегашната џамија, потоа околу Саат –кулата, но и во пониските делови на Виргино брдо. Целиот тој простор е покриен со куќи од кои голем дел се постари од стотина години. Само неколку стотина метри од Виргино брдо е комплексот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, кој, во одредена смисла, би можело да се каже дека е своевиден наследник на културниот и духовниот континуитет на Виргинскиот манастир. Сепак, за жал, досега не се направени никакви археолошки обиди да се откријат барем дел од темелите на некогашниот прочуен манастир, за кои свои даровни грамоти издавале византиски цареви, а подоцна и српските и бугарските владетели кои во одредени периоди владееле со овој дел на Македонија. Нема дури ниту информативна табла дека таму некогаш бил прочуениот Виргински манастир!

- Претворањето на манастирот во џамија во 1428–та година ја замрела богатата книжевна дејност на овој културен и духовен центар на Македонија. Инаку, првите книжевни пројави во Виргинскиот манастир треба да се поврзуваат со 11-ти век, кога тој бил изграден, а подоцна и обновен. Во тогашниот скрипториум, каде што се препишувале богослужбени и проповедни книги, се напишале и првите даровни грамоти на основачот – царот Роман Трети–Аргир, но и на царот Алексеј Комнин, кој го обновил манастирот. Во Виргинската грамота на Константин Асен –Тих стои дека тогашниот игумен на манастирот Варлаам ги дал на увид претходните даровни грамоти што се чувале во трезорите на библиотеката. Исто така и Виргинската грамота на крал Милутин била напишана според претходно сочувани правни споменици за манастирот, како што потврува во своето истражување и професор Владимир Мошин. Овие две грамоти, заедно со онаа на феудалниот господар Вук Бранковиќ, кој во еден период исто така владеел со овој дел на Македонија, денес се чуваат во Хиландар. Досегашните научни сознанија за грамотите на манастирот ја илустрираат сликата за исчезнувањето на нивните оригинали и на преписите што се чувале во манастирската библиотека, смета д-р Велев.

Средовековни гравури со манастирот на Виргино брдо!

Според она што досега се знае за Виргинскиот манастир може да се потврди дека станува збор за многу значаен македонски духовен центар, за кој свои даровни грамоти потпишале повеќемина тогашни цареви, кралеви и други владетели. И денес може да се види дека просторот каде што бил подигнат манастирот е исклучително убав, затоа што оттаму се пружа глетка кон сите страни на скопската котлина. Брдото се наоѓа наспроти тврдината Кале, а на неколку стари гравури и цртежи може да се види дека токму на местото на денешната Султан – Муратова џамија стои манастирски комплекс со конаци, камбанарија, црква и други придружни објекти, меѓу кои секако треба да биде и библиотеката, како и зградата каде што работеле тогашните книжевници и препишувачи.

По уривањето на целиот манастирски комплекс и подигнувањето на џамијата на негово место, во дворот на џамијата била изградена и импозантна саат-кула, со часовници кои можеле да се видат од сите четири страни на Виргино брдо. При нашата обиколка на тој дел од Скопје домарот на џамијата ни објаснуваше дека до Втората светска во празните места на врвот од Саат–кулата имало златни часовници, кои биле однесени од Бугарите при повлекувањето од Македонија. Иако се обидовме да добиеме некаква информација и за тој настан, докази за тоа не успеавме да најдеме. Од друга страна, се разбира аматерски, забележавме дека при копањето за инсталации во џамијата, биле откриени стари камени блокови, кои потсетуваат на оние што се вградени во црквите од тој период, како што се камените блокови на црквата „Свети Пантелејмон“ во Нерези.

Камените остатоци, кои може да се и од темели на некој од објектите на Виргинскиот манастир, за време на нашата посета на џамијата, сé уште стоеја во еден дел од дворот. Може да се претпостави дека доколку продолжат ископувањата околу џамијата веројатно ќе се откријат и други археолошки предмети кои би можеле со сигурност да ја потврдат тезата дека токму под Султан-Муратовата џамија во Скопје се наоѓа големиот и многу значаен манастир „Свети Ѓорѓи – Скороподвижник“, кој речиси шестотини години е обвиткан со мистерии, почнувајќи од тоа каде би можел да се наоѓа, па завршувајќи со податокот дали некаде во затрупаните манастирски трезори под земја допрва може да се пронајдат дел од скапоцените книги и други предмети битни за историјата на Македонија.

- Според грамотата на крал Милутин може да се констатира дека овој српски освојувач манастирот го затекнал во многу лоша состојба, па веднаш по освојувањето на Скопје наредил негово обновување. Паралелно со тоа извршил и реорганизација на манастирот со цел да го претвори во репрезентативен духовен и културен центар на својата нова престолнина. За таа цел формирал тричлена комисија за да ги среди поранешните манастирски правни документи со дарувањата на постарите владетели. Во комисијата работеле студеничкиот игумен Сава, кралскиот властелин Никола Опареша и манастирскиот ѓак Дабиша, кој како опитен книжевник ја пишувал Веригинската грамота од 1300-та година. Составот на комисијата одговарал на рангот на кралски манастир, каков што статус имал Виргинскиот храм „Свети Ѓорѓи“. Истиот крал-освојувач со посебна грамота го реконструирал имотот на манастирот и ги определил неговите правила. За жал, неговите наследници, кои исто така како освојувачи владееле со овој дел на Македонија, го ослабнале кралскиот статус на манастирот, па кон крајот на 14-век Виргинскиот манастир станал метох на Светогорскиот манастир Хиландар, и служел како преноќиште на хиландарските монаси кои доаѓале во Скопје. Во тоа време манастирот го изгубил високиот ранг, а останал целосно и без своето огромно богатство. Во грамотата на Вук Бранковиќ, пак, било определено половина од приходот да останува во Виргинскиот манастир, а другата половина да ја зема Хиландарскиот манастир на Света Гора. Потоа, како што може да се види од еден Богослужбен зборник од крајот на 14 век, кој денес се чува во таканаречената Хлудова збирка во Москва, „на ден 27 април 1428 година Турците до темел го уриваат Виргинскиот манастир“.

Во 1436 година најверојатно токму врз темелите на манастирската црква била изградена Султан – Муратовата џамија. Каква судбина доживеале скапоцените ракописни книги од богатата библиотека не се знае, но и таа мора да била слична со онаа што ја доживеал манастирот. Поголемиот број од ракописниот фонд со кој располагал манастирот бил пишуван во неговиот скрипториум и од рацете на тамошните монаси – книжевници. Може да се претпостави дека најголем дел од книжевното наследство било уништено од Турците при разурнувањето на манастирот, а само мал дел бил навреме однесен во други манастири. Трагедијата што се случила со уништувањето на Виргинскиот манастир делумно ја избледува историската слика за него како значаен духовен и книжевен центар во Скопската епархија, каде што книжевната дејност ја поддржувале и самите владетели, вели д-р Илија Велев од Институтот за литература во Скопје.

И во последните години од своето постоење, Виргинскиот манастир ја негувал книжевната дејност во својот скипториум, но, се разбира, не со тој интензитет како порано. Окупирањето на манастирот од страна на Турците и претворањето во џамија, сосема ја угасиле повеќевековната книжевна традиција, а целокупното книжевно богатство било разнесено и уништено. Во маалото изградено низ вековите на манастирскиот имот, денес живее етнички и верски мешано население, кое сепак сé уште доминантно е христијанско, а во близина нема црква, освен импровизираната барака на булеварот „Крсте Петков –Мисирков“. Можеби во дел од дворот на сегашната Султан-Муратова џамија, доколку се потврди дека токму тука бил Виргинскиот манастир, може да се изгради црква во спомен на славните времиња на манастирот „Свети Ѓорѓи Скороподвижник“, па во духот на сожителството на истото некогаш свето брдо денес би можеле едните да се молат на Алах, а другите на Бог.

Претходно, се разбира, треба да се изврши археолошко сондирање на теренот а во ископувањата можат да учествуваат дури и археолози од Албанија, како странски експерти, кои ќе им помогнат на своите колеги од Македонија. Сé што ќе се пронајде, ако се пронајде, ќе биде дел од заедничкото духовно и културно наследство на сите што денес живеат во овој дел на Балканот, како што порано биле дел од историјата на просторот што го освојувале и населувале разни владетели и цивилизации.

Во манастирот работеле најдобрите книжевници на средновековна Македонија!

Меѓу бројното монаштво на Виргинскиот манастир кое работело на препишување книги во манастирскиот скрипториум, посебно место секако зазема Дијак Дабиша, познат книжевник од преминот меѓу 13. и 14-ти век. Со самото основање на манастирот на Виргино Брдо, на најубавото брдо наспроти тогашното средновековно Скопје, монасите организирале скриториум кој набрзо бил познат во цела Византија. Покрај тоа што ги препишувале нужните богослужбени и проповедни книги, тука биле напишани и првите даровни грамоти (повелби) на царот-основач на манастирот – Роман Трети Аргир, но и на обновувачот на истиот манстор, царот Алексеј Комнен.

Скрипторската дејност во овој книжевен центар ја стимулирале самите владетели-завојувачи, а во Виргинскиот манастир престојувале опитни книжевници со висока духовна, проветна, грамотна и правна култура. Еден од нив е и Дијак Дабиша, книжевник и пишувач на познатата Виргинска грамота од 1300 година. Според сопствениот потпис во текстот, некои истражувачи сметаат дека Дабиша бил дворски писател, но бидејќи е потпишан како дијак – тој секако служел во манастирското братство. Познатата Виргинска грамота што ја пишувал тој е сочувана во два подоцнежни преписа кои денес се чуваат во Хиландарскиот манастир. Тоа се два пергаментни листа напишани независно еден од друг. Првиот е од средината на 14-ти век, а вториот од втората половина на истито век. Исто така, не е спорно дека Дијак Дабиша препишал повеќе ракописи во Виргинскиот манастир, но тие најверојатно исчезнале при уривањето на манастирот или пак некои од нив сé уште чекаат да бидат идентификувани, смета д-р Илија Велев, поддржувајќи ја тезата дека во Виргинскиот манастир, врз чии темели во 1436-та година најверојатно била изградена Султан-Муратовата џамија во Скопје, живееле и работеле најугледните и најпочитувани книжевници на средновековна Македонија.

Блаже Миневски за МИА
 
КОНТРОВЕРЗЕН ПЛАН

Саудиските вахабисти сакаат да го уништат гробот на пророкот Мухамед и останките да ги закопаат на тајна локација – за никој да не му се моли

Саудискиот академик д-р Али бин Абдулазиз ал-Шабал изработил документ во кој предлага да се уништи гробот на пророкот Мухамед во Медина и неговите останки да се префрлат на околните гробишта, каде што би бил закопан во тајност.


mkd-146278.jpg

За контроверзниот предлог сериозно размислуваат старешините на Пророковата џамија во Медина, второто најсвето место во исламот, по Мека.

Во џамијата се наоѓа последното почивалиште на Мухамед, а позната е и по зелената купола над центарот на џамијата, каде што се наоѓа гробот. Планот на д-р ал-Шабад повикува на уривање на куполата и уништување на објектите околу гробот, кои се свети места за шиитите, пишува британски Индипендент.

Уривањето и преместувањето на гробот сигурно ќе предизвика уште повеќе потреси и понатамошни поделби меѓу двете гранки на исламот – сунитите и шиитите. Во Саудиска Арабија преовладува вахабизмот, строгото толкување на исламот на селефиската традиција според која е забрането обожавање каков било предмет или света личност, што се смета за идолопоклонство.

mkd-146280.jpg


Д-р Ирфан ал-Алави, саудиски академик што се противи на контроверзните планови, објаснува во што е проблемот: „Верниците ги посетуваат одаите, кои се собите каде што живеело семејството на пророкот, и се вртат кон гробницата за да се молат. Сега тие (вахабистите) сакаат да ги спречат верниците во таквата молитва, бидејќи сметаат дека тоа е идолопоклонство. Единствениот начин да ги спречат луѓето да го посетуваат гробот на Мухамед е да ги изнесат неговите останки и во тајност да го закопаат на гробишта“.


Со векови муслиманските верници одат во Мека, за да ја посетат Каба – зграда во форма на црна гранитна коцка за која се верува дека ја изградил Авраам, околу која е изградена Ал-Масџид ал-Харам, или Големата џамија, а кон која се врти секој муслимански верник кога се моли.
Демантирани информациите за поместување на мезарот (гробот) на Пратеникот Мухаммед а.с



timthumb.php


Надлежните на двата хареми остро ги негираат извештаите кои се појавија во западните медиуми каде се тврди дека гробот (мезарот) на Пратеникот Мухаммед а.с ќе биде уништен, а неговото тело ќе биде префрлено на непозната локација.
“ Ова представува, некое лично мислење на некои истражувачи, кои изразиле свои погледи во некоја студија, и тука не се одразуваат ставовите на Претседателството или Кралството“, изјавил Ахмед Ал-Мансури, портпарол за медиуми на Претседателството, во четвртокот.

Портпаролот ги повика медиумите и истражувачите да се воздржат од ширење на гласините за значајните свети места. “ Ја разгледуваме и можноста за покренување на правна постапка против British Daily со нашите правни советници“ истакнал заменик на главниот уредник на весникот “Makkah” Mowafaq Al-Nowaiser za Arab News.

И на крај уште еднаш демантирајќи ги овие дезинформации со кој се сака да се стават во заблуда припадниците на исламската религија.
http://dubai-portal.com.mk/?p=35884
Извор: alrasub.com
 
Исповед на 17-годишно девојче: Секој ден ме силува различен џихадист
Среда, 10 Септември 2014 15:39

Судбината на 17-годишната Мајат, член на Јазидите је пренесува италијанскиот весник „Република“.
siluvanje500.jpg


Мајат, која зборува англиски добила дозвола од нејзиниот киднапер да ја раскаже својата приказна но само затоа што на тој начин ќе ги повреди нејзините родители и припадниците на нејзиниот народ. Таа најпрвин ги замолила новинарите да не го објавуваат нејзиното вистинско име, при тоа признавајќи дека се срами од она кое џихадистите и го направиле.

- Дел од мене сакаше да умрам, да исчезнам под земја. Но дел од мене и понатаму се надева дека ќе бидам спасена и дека ќе можам уште еднаш да ги прегрнам моите родители, признала Мајат.

Таа и уште 40 девојки и жени членови на Јазидите биле киднапирани од ИСИС и се во заложништво во непознат град, а се проценува дека сите се на возраст од 12 до 30 години. Ги чуваат вооружени чувари.

- Што ми прават? Срам ми е да кажам на глас. Не знам како да ја објаснам тортурата низ која проаѓам, изјавил Мајат.

Според нејзиното сведоштво, во куќата постојат “три соби на стравот” во кои мажите ги силуваат и матретираат жените. Понекогаш силувањата траат и по цел ден.

- Не третираат како робови. Секој ден не даваат на нов маж. Некои од нив доаѓаат директно од Сирија, раскажува Мајат. Според извештајот на Amnesty International, ИСИС во освојувачкиот поход во северен Ирак и Сирија заробил илјадници жени и деца.

- Ни се закануваат дека ќе не нокаутираат доколку пружаме отпор. Но, многу пати сум посакала да ме претепаат до смрт. Но, тие се кукавици! Ни тоа не го можат! Многу од жените посакуваат да се самоубијат, а оние најмладите не изговарат ни збор. Понекогаш ми се чини дека ова никогаш нема да заврши. А ако заврши никогаш нема да можам да го исфрлам од глава хоророт кој ги преживеав, додала таа.

-Ми го убија телото, а сега ми ја убиваат и душата!
 
Back
На врв Bottom