Ко што би ти рекле во црна гора собата од ден кошта да речеме 50 евра од ден па ти ако сакаш смести и 20 луѓе во неа.
кај најде баш Црна Гора ... не би рекол дека газдата ќе ти дозволи 50 луѓе да смештиш ... дај број од таков смештај ...[DOUBLEPOST=1407412824][/DOUBLEPOST]
Ама во Охрид последно платив 800 денари кревет, а добив ништо за тие пари, освен нискобуџетен кревет, баба која во сред ноќ ми влезе да ми го исклучи телевизорот, клима немаше ни ставено, а ВЦто кое требаше да биде само за мене и дечко ми, излезе дека сепак ќе биде за цел спрат. Иначе, бабата живееше на приземје во куќата, а јас бев на 2 спрат... очигледно не случајно забележала дека ми работи телевизорот во 3 сабајле.
ме интересира дали собата беше категоризирана ... знаеш, ги има оние сини табли на куќите кои издаваат, на кои пишува со бели букви што се издава (соба, апартман итн.) и со колку звезди е, и најдолу рег. број од куќата ... е сега ако нема, веројатно е на диво, а ако има не знам дали можеш некаде да пријавиш и дали ќе има ефект?
порано го бранев Охрид од вакви антикампањи, каде што се генерализира, едно искуство и автоматски цел Охрид е таков ... ама сепак проблеми има, вакви случаи има, секакви луѓе има ... и нешто мора да се смени ... овие случаи не се измислени и постојат ...
Последно уредено: