A1 Net кабелски Интернет - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Swifty
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто Близу ги нема на сервер-листата???
Capture.JPG
 
Зошто Близу ги нема на сервер-листата???
Прегледај го приврзокот 97165

Кај мене ги има:
 
Го има Вип на спидтест. :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
Capture.JPG
 
АЕК: До 2020 сите ќе добијат брз интернет

За шест години, сите корисници на Интернет во Македонија, без разлика дали се наоѓаат во урбано или во рурално подрачје, да имаат пристап до Интернет со брзина не помала од 30 мегабити во секунда, а сегашната надземна мрежа целосно да биде поставена под земја.

Тоа го налага правилникот за начинот на изградба на јавните електронски комуникациски мрежи и придружни средства, кој го донесе Агенцијата за електронски комуникации, во консултација со телекомуникациските оператори, Министерството за транспорт и врски и стручни лица.

Моментно во Македонија само 3,61 процент од корисниците имаат пристап до Интернет со брзина поголема од 30 мегабити во секунда.
 
Мислам ова нема никаква врска со Близу ,ако на тоа се радуваш? Ова е за нивниот мобилен интернет ,сега нели пуштија 4Г

Па наскоро и нема да постои Близу тоа ќе биде се Вип Оператор под една капа :)
 
Moмци, да ве замолам за информации и искуства.
Гледам во пакетите се зборува за дигитална телевизија. Ресивери дали идат со пакетите (и колку), или се докупуваат/изнајмуваат?
Гледав на сајтот ама ништо конкретно не пишува, многу малку детални информации.
На делот од сајтот каде се нуди само интернет, се зборува за некаква аналогна телевизија со доплата од 100ден месечно. Ова нешто како они старите кабловски тевизиски примемници, а?

Таму каде немаат оптика, користат телефонска инфраструктура од Телеком?

И ако некој може да сподели, какви се искуствата со Близу во Нерези/Тафталиџе 2?

Првенствено за интернетот зборуваме, стабилност, пинг, брзина (по тој редослед на важност). Имаат ли сменето нешто од инфраструктурата во населбава?
Или сеуште е истото коаксијално каблирање, како од времето на тие првите кабловски телевизии? АДСЛ преку истите кабли за кабловската им иде?
 
Аналогната телевизија, дигиталната телевизија, кабелскиот Интернет и телефонијата на Близо се дистрибуираат преку еден ист кабел.

Близо никаде не ја користи телекомуникациската мрежа на Ти-Хоум, кога би ја користеле, тогаш нивните услуги би биле достапни низ цела Македонија.

Кабелскиот Интернет на Близо не функционира на истиот принцип на кој функционираат АДСЛ и оптичкиот Интернет на Ти-Хоум.

За тоа каде Близо нуди оптички брзини, би требало да ги контактираш нив и да ги прашаш.

Кабелскиот Интернет и телефонската линија се поврзуваат преку кабелски модем кој Близо го даваат на користење на корисникот.

Кај аналогната телевизија, претплатата е фиксна, односно не се менува, без разлика дали се гледа на еден, два или повеќе телевизори.

Дигиталната телевизија може да се гледа преку кабелски рисивер кој Близо му го даваат на користење на корисникот, или преку кабелски CA модул, кој може да се користи само на LCD и плазма телевизори кои имаат DVB-C поддршка.

Кај дигиталната телевизија за 2 или повеќе телевизори, Близо наплаќаат дополнително 200 денари за кабелскиот рисивер или за кабелскиот CA модул за вториот телевизор и за секој нареден телевизор. Па така, дигиталната телевизија за, да речеме 3 телевизора, чини 400 денари повеќе од редовната претплата, бидејќи има 2 телевизора повеќе.
 
Фала на деталниот одговор.
Ако си расположен да одговориш имам уште прашања, од аспект на следново:

Аналогната телевизија, дигиталната телевизија, кабелскиот Интернет и телефонијата на Близо се дистрибуираат преку еден ист кабел.
Јас го напуштам телеком (т-хоум) по скоро 8 години, заради глупостите што ми се случуваа во последниве пар години.
Нема да должам премногу само ќе кажам дека без да измерат bandwidth преку стандардната бакарна телефонска жица, ни увалија пакет со 2 телевизиски приемници, по што bandwidth-от на интернет конекцијата падна под 400 килобајти/секунда ( и тоа не секогаш, често под 300). Исто така стабилноста на конекцијата отиде доѓавола, имаше чести периоди кога по неколку саати беше целосно падната линијата.
По можеби дваесет повикувања на сервисери, 3-4 менувања на опреми и внатрешно ожичување... и скоро две години подоцна, Т-хоум признаа дека самата конекција не овозможува минимум услови за пакетот услуги што ни го продадоа (и наплатија). Нормално, тогаш договорот ми беше пред истекување и не ми се исплатеше да губам време со АЕК.

Затоа сега сакам одвоени медиуми за телевизија/интернет, освен ако истиве не одат по оптика. Затоа ме интересираше како Близу го конципирале ова.
Значи ако немаат оптика кај мене (најверојатно немаат, чим ни Т-хоум немаат), тогаш ако идам со Близу никако немам намера да земам пакет со дигитална телефонија преку истиот коаксијален кабел преку кој иде и интернет сообраќајот. Можам извесно да претпоставам дека ќе има проблеми со два (а ќе ми требаат три) ТВ ресивери.

Моментално гледам за интернет понудата, и овој дел не ми е јасен:
Во DOCSIS реоните, аналогната телевизија е вклучена во интернет пакетите и се доплаќа 100 денари.
Додадете фиксна телефонија на интернет пакетите:
• во DOCSIS реоните БЕСПЛАТНО;
• во LAN реоните за само 99 денари месечно.
Што се DOCSIS/LAN реони?
Оптичка инфраструктура, наспремна коаксијално жичано каблирање?

Како ова излегува осетно поевтино од пакетите со 3 услуги?

П.С. ако некој може да сподели, какви се искуствата со Близу во Нерези/Тафталиџе 2?
 
Последно уредено:
Моментално гледам за интернет понудата, и овој дел не ми е јасен:

Што се DOCSIS/LAN реони?
Оптичка инфраструктура, наспремна коаксијално жичано каблирање?

Како ова излегува осетно поевтино од пакетите со 3 услуги?

П.С. ако некој може да сподели, какви се искуствата со Близу во Нерези/Тафталиџе 2?

DOCSIS значи дека Интернет сигналот се превзема преку кабелски модем кој Близо ќе ти го дадат на користење. Со кабелски Интернет преку кабелски модем и со доплата од 100 денари секој месец, добиваш аналогна кабелска телевизија за сите телевизори што ги имаш по дома. Еден пријател мој користи ваков пакет и задоволен е, иако за волја на вистината, тој си има сателитска телевизија и на него воопшто не му треба аналогната кабелска телевизија.

LAN значи дека Близо ќе пуштат мрежен кабел во твојот дом и преку тој мрежен кабел ќе го превземаш Интернет сигналот. По логика на нештата, ако сакаш да имаш дома безжичен Интернет или ако имаш 2 или повеќе компјутера кои сакаш да ги поврзеш на Интернет, ќе треба да купиш рутер, кој ќе го поврзеш со мрежниот кабел, а потоа и компјутерите ќе ги поврзеш со рутерот преку мрежни кабли или безжично, како сакаш.

LAN е нешто слично на оптички Интернет, бидејќи добиваш многу брз Интернет, но чисто информативно, тоа нема никаква поврзаност со дигиталната телевизија.

Без разлика дали ќе користиш DOCSIS или LAN Интернет, понудата на ТВ канали кај дигиталната телевизија останува иста, односно нема повеќе или помалку ТВ канали доколку одбереш DOCSIS или LAN Интернет.

Секаде каде што има кабелска телевизија од Близо, има и кабелски Интернет преку DOCSIS кабелски модем. Но дали во Нерези/Тафталиџе 2 има LAN Интернет, не знам, ќе треба да ги прашаш Близо за тоа.

За разлика од Ти-Хоум, Близо поставува филтри кај каблите кои се наменети за дигитална телевизија, со цел истите да не го оптоваруваат Интернетот, односно за да не имаш проблеми со брзината. Од оваа гледна точка, не треба да се загрижуваш за Интернет брзината доколку земеш пакет со 3 различни услуги, бидејќи Близо ги поставуваат тие филтри на каблите токму за таа цел.

Уште една позитивна карактеристика на кабелскиот Интернет на Близо, е симнувањето торенти. Според тоа што го читнав неодамна, Ти-Хоум наводно вршат некакви ре-рутирања и блокади за да не може торентите да се симнуваат брзо. Не знам колку е ова вистина за Ти-Хоум, но можам да потврдам дека јас немам такви проблеми со Близо.
 
Од каде ова за торентите од T-Home? :eek::confused::cautious:
@Vanlok , да не се чудиш какви се тие филтри, еве какви се:
HPF80S.png
 
Од каде ова за торентите од T-Home? :eek::confused::cautious:
@Vanlok, да не се чудиш какви се тие филтри, еве какви се:
HPF80S.png

Да, тоа се филтрите, мали ѓубренца кои вршат многу работа и се од огромна корист за крајниот корисник.

Инаку ова за Ти-Хоум го читнав пред неколку месеци, не ми текнува кога и каде, наводно проблемот се решавал со тоа што торентите треба да се симнуваат преку Vuze, бидејќи им ја отежнувал работата на Интернет провајдерите во борбата против пиратеријата, но ништо од ова не можам да го потврдам бидејќи не сум го искусил лично.

Користев АДСЛ Интернет како дел од MaxTV услугата на Ти-Хоум 2 ипол, можеби 3 години и бев многу задоволен.

Ги баталив и се префрлив на Близо бидејќи со префрлувањето на Близо, сметката од месечната претплата се намали за 50%, од 3.000 денари месечно - го користев најскапиот 3 Max пакет на Ти-Хоум, на 1.500 денари месечно со Близо, а во декември 2013 ја искористив зимската понуда која Близо ја нудеа - предвремено обновување на договорот, а во замена за тоа побрз Интернет, бесплатен кабелски CA модул за LCD телевизорот и повеќе ТВ канали и сето тоа за 1.000 денари месечно. Бидејќи користам дигитална телевизија на 2 телевизора, мене сето тоа ме чини 1.200 денари месечно бидејќи ми наплаќаат плус 200 денари секој месец за кабелскиот рисивер за вториот телевизор, кој е обичен телевизор, односно не е LCD/плазма.

Од моето лично искуство со АДСЛ Интернетот на Ти-Хоум, можам да потврдам дека бев максимално задоволен од брзината на Интернетот и немав никакви проблеми при симнување торенти.

Но во меѓувреме можеби се смениле околностите, не знам.
 
LAN значи дека Близо ќе пуштат мрежен кабел во твојот дом и преку тој мрежен кабел ќе го превземаш Интернет сигналот. По логика на нештата, ако сакаш да имаш дома безжичен Интернет или ако имаш 2 или повеќе компјутера кои сакаш да ги поврзеш на Интернет, ќе треба да купиш рутер, кој ќе го поврзеш со мрежниот кабел, а потоа и компјутерите ќе ги поврзеш со рутерот преку мрежни кабли или безжично, како сакаш.

LAN е нешто слично на оптички Интернет, бидејќи добиваш многу брз Интернет, но чисто информативно, тоа нема никаква поврзаност со дигиталната телевизија.

Искрено, смешно ми е какоза LAN не помислив дека може да станува збор за ethernet кабел... :)
По бандери ги влечат каблите? Интересно, во секој случај (не се баш отпорни каблите на сонце и елементи, ама ваљда ги штитат со некое црево/заштита.

Инаку веќе ми е омрежена куќата (мразам бежични конекции како секојдневно решение) а имам и рутер (Linksys WRT54G) со кастом фирмвер.
Искрено телевизијата не ме ни интересира многу, колку стариве да имаат на што да си гледаат вести и серии. Аналоген сигнал за телевизија ми искача уште подобра варијанта, нема да морам да им мислам за ресивери на старциве (уште се со CRT телевизори, и тоа квалитетни, па додека тераат не сакам да им ги мењам за ефтини LCD).

Вака ОК ми изгледа понудата од Близу, посебно заради:
Додадете фиксна телефонија на интернет пакетите:
• во DOCSIS реоните БЕСПЛАТНО;
(стариве некогаш понекој сеуште ги бара на фиксен телефон, иако за јавување имаат мобилни)

Размислувам и за понудите на ONE, ама тие се за добри 500ден повеќе за слични услуги. Даваат некој солиден Самсунг таблет гратис, па затоа се сеуште во натпреварот... ќе извагам се убаво, па ќе видам (мора да најдам искуства од луѓе, од населбава Нерези/Таф.2).

Во секој случај фала за деталните информации! (y)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom