Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Зошто Близу ги нема на сервер-листата???
Прегледај го приврзокот 97165
Мислам ова нема никаква врска со Близу ,ако на тоа се радуваш? Ова е за нивниот мобилен интернет ,сега нели пуштија 4Г
Мислам ова нема никаква врска со Близу ,ако на тоа се радуваш? Ова е за нивниот мобилен интернет ,сега нели пуштија 4Г
Moмци, да ве замолам за информации и искуства.
Гледам во пакетите се зборува за дигитална телевизија. Ресивери дали идат со пакетите (и колку), или се докупуваат/изнајмуваат?
Гледав на сајтот ама ништо конкретно не пишува, многу малку детални информации.
На делот од сајтот каде се нуди само интернет, се зборува за некаква аналогна телевизија со доплата од 100ден месечно. Ова нешто како они старите кабловски тевизиски примемници, а?
Таму каде немаат оптика, користат телефонска инфраструктура од Телеком?
И ако некој може да сподели, какви се искуствата со Близу во Нерези/Тафталиџе 2?
Првенствено за интернетот зборуваме, стабилност, пинг, брзина (по тој редослед на важност). Имаат ли сменето нешто од инфраструктурата во населбава?
Или сеуште е истото коаксијално каблирање, како од времето на тие првите кабловски телевизии? АДСЛ преку истите кабли за кабловската им иде?
Јас го напуштам телеком (т-хоум) по скоро 8 години, заради глупостите што ми се случуваа во последниве пар години.Аналогната телевизија, дигиталната телевизија, кабелскиот Интернет и телефонијата на Близо се дистрибуираат преку еден ист кабел.
Што се DOCSIS/LAN реони?Во DOCSIS реоните, аналогната телевизија е вклучена во интернет пакетите и се доплаќа 100 денари.
Додадете фиксна телефонија на интернет пакетите:
• во DOCSIS реоните БЕСПЛАТНО;
• во LAN реоните за само 99 денари месечно.
Моментално гледам за интернет понудата, и овој дел не ми е јасен:
Што се DOCSIS/LAN реони?
Оптичка инфраструктура, наспремна коаксијално жичано каблирање?
Како ова излегува осетно поевтино од пакетите со 3 услуги?
П.С. ако некој може да сподели, какви се искуствата со Близу во Нерези/Тафталиџе 2?
Од каде ова за торентите од T-Home?DOCSIS значи дека Интернет сигналот се превзема преку кабелски модем кој Близо ќе ти го дадат на користење. Со кабелски Интернет преку кабелски модем и со доплата од 100 денари секој месец, добиваш аналогна кабелска телевизија за сите телевизори што ги имаш по дома. Еден пријател мој користи ваков пакет и задоволен е, иако за волја на вистината, тој си има сателитска телевизија и на него воопшто не му треба аналогната кабелска телевизија.
LAN значи дека Близо ќе пуштат мрежен кабел во твојот дом и преку тој мрежен кабел ќе го превземаш Интернет сигналот. По логика на нештата, ако сакаш да имаш дома безжичен Интернет или ако имаш 2 или повеќе компјутера кои сакаш да ги поврзеш на Интернет, ќе треба да купиш рутер, кој ќе го поврзеш со мрежниот кабел, а потоа и компјутерите ќе ги поврзеш со рутерот преку мрежни кабли или безжично, како сакаш.
LAN е нешто слично на оптички Интернет, бидејќи добиваш многу брз Интернет, но чисто информативно, тоа нема никаква поврзаност со дигиталната телевизија.
Без разлика дали ќе користиш DOCSIS или LAN Интернет, понудата на ТВ канали кај дигиталната телевизија останува иста, односно нема повеќе или помалку ТВ канали доколку одбереш DOCSIS или LAN Интернет.
Секаде каде што има кабелска телевизија од Близо, има и кабелски Интернет преку DOCSIS кабелски модем. Но дали во Нерези/Тафталиџе 2 има LAN Интернет, не знам, ќе треба да ги прашаш Близо за тоа.
За разлика од Ти-Хоум, Близо поставува филтри кај каблите кои се наменети за дигитална телевизија, со цел истите да не го оптоваруваат Интернетот, односно за да не имаш проблеми со брзината. Од оваа гледна точка, не треба да се загрижуваш за Интернет брзината доколку земеш пакет со 3 различни услуги, бидејќи Близо ги поставуваат тие филтри на каблите токму за таа цел.
Уште една позитивна карактеристика на кабелскиот Интернет на Близо, е симнувањето торенти. Според тоа што го читнав неодамна, Ти-Хоум наводно вршат некакви ре-рутирања и блокади за да не може торентите да се симнуваат брзо. Не знам колку е ова вистина за Ти-Хоум, но можам да потврдам дека јас немам такви проблеми со Близо.
LAN значи дека Близо ќе пуштат мрежен кабел во твојот дом и преку тој мрежен кабел ќе го превземаш Интернет сигналот. По логика на нештата, ако сакаш да имаш дома безжичен Интернет или ако имаш 2 или повеќе компјутера кои сакаш да ги поврзеш на Интернет, ќе треба да купиш рутер, кој ќе го поврзеш со мрежниот кабел, а потоа и компјутерите ќе ги поврзеш со рутерот преку мрежни кабли или безжично, како сакаш.
LAN е нешто слично на оптички Интернет, бидејќи добиваш многу брз Интернет, но чисто информативно, тоа нема никаква поврзаност со дигиталната телевизија.
(стариве некогаш понекој сеуште ги бара на фиксен телефон, иако за јавување имаат мобилни)Додадете фиксна телефонија на интернет пакетите:
• во DOCSIS реоните БЕСПЛАТНО;