Ти си еден од оние личности што се крстат во политичката партија, и се акаат со глава у ѕид дека утре ќе е подобро? Трпи си.
Не трпам јас ништо туку ти. Тебе и таквите како тебе ве делкаат секој можен натпревар. И каква врска има сега политиката со настанот. Демек порано не ве делкаја или можеби мал беше па не памтиш. Со тој став и ум што го имате ве делкаја , ве делкаат и ке ве делкаат, па сега ти види. И незнам во што филм сте влезени. Уште малце ке испадни дека вие сте столбот на ова општество, темелите на демократијата, браникот на слободата?? Е па не сте, најбилску до тоа можеби сте талогот на едно општество.
И замисли ако некој ви оди контра на вашето размислување одма апели за банирање демек ви се нарушувала дискусијата. Наместо со факти, логика и здрав разум вие одма се нафаќате со навреди и банирање. Демократски нема што.
Но ете да не бегаме од темата и да донесеме разумни заклучоци од натпреварот.
Прво искрено ми е жал за дечкото( кој воопшто не е ни дечко туку по сите критериуми возрасен маж ) што ради својата непромисленост за цел живот ке биди инвалид. Што тој доби со тоа освен морална поддршка од еден куп напалени тинејџери кои го бодрат да издржи. Демек што ке му пораснат нови прсти?
Што докажа со неговото дело. Храброст или непромисленост.
Ете според тебе како ја цениш неговата постапка. Како ти би реагирал во таква ситуација. Дали за момент помисли колкава среќа имаше и тој и сите околу него со неговите непромислени акции. Сега само тој остана инавлид , другите мање више со полесни повреди. А што ако ја активираше во висина на главата како што ја мафташе цело време пред да пукни. Можеш да помислиш што ке се случеше. Колку млади деца ке се здобиеја со каде каде потешки повреди. Што ако ти беше до него и го изгубеше видот? На тоа не помисли? Дали и тогаш ке го величеше него како херој а ти си останал слеп за цел живот и терет на твојата фамилија само ради неговите непромислени постапки.
Ајде малце за бомбата, ама од твој агол. Како ти би реагирал.
Очигледно и на сите им е јасно дека бомбата не е активирана во моментот кога овој ја држи во раце( дали ја нашол или ја украл не е битно сега толку, а дека полицаецот ја фрлил неактивирана и зошто би ја фрлил неактивирана можеме после да го тупиме). Ете ти наместо тој ја најде и после што. Ке земиме дека немаш никаква воена обука и дека појма немаш дали е активирана или не, уште помалце како се деактивира. Ке ја мафташ неколку секунди со рацете, нема ни да ја земиш или веќе инстиктивно ако си ја зел ако ништо друго ке пробаш да ја фрлиш најдалеку од тебе што можиш( пошто тоа е основен човеков инстикт за самозачувување и тука нема што многу многу да се мисли). И да не знаеш како со експлозивен материјал колку толку знаеш како изгледа бомба и сигурно си видел на филмови што таа прави. Што ти ке направиш да си на местото на херојот?
Ајде прво ова да го расчистиме онака без многу емоции и разумно па ке се навратиме на другите спорни моменти и да видиме дали дотичниот стварно бил херој како што го нарекувате или само постапил во најмала рака неодговорно и непромислено( што на негови години и не е за оправдување) и се доведол самиот себе и сите околу него во потенцијално опасна по живот ситуација што заврши за среќа на останатите само со трагични последици по него самиот.
И незнам кој е модератор на овој дел од форумот, мислам дека си ти. Крајно време е да почниш да се однесуваш модераторски и одговорно за функцијата што ја имаш . Сепак не сме на трибини туку на форум, а тоа значи дека треба да пробаш ако ништо друго да бидиш како прво непристрасен а не да додаваш масло во огнот , уште помалце да ги етикетираш или да ги навредуваш сите оние кои немаат исто мислење како твоето а со тоа да му даваш полет и на останатите да го следат твојот пример,
пошто како што реков ти си тука прво како модератор кој треба да внимава на овој дел од форумот, а твојот став и гледиште би требало да се во втор план а не обратно.