Навивач остана без дланка на дербито Пелистер-Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата Carlitob
  • Време на започнување Време на започнување
Секој што паметува и ја префрла секогаш кривицата кај навивачот, ја нема осетеност бруталноста на нашава полиција за безвезни работи.
Нека отиде на стадион, на гостовање, па после нека додје да видиме дали ќе го прави истиот муабет. А до тогаш не лупетајте, не исптавувајте криви дрини кога појма немате што се дешавало.

Од една страна битолчани даваат подршка, од друга ги каменуваат момците што си одеа накај Охрид.
Дај договрете се, или па постарите нека ги научат тоа копиљаците искомплексирани на човечки манири.
 
@Syn нема да ти го цитирам мислењето, ќе излезе лектира цела.
Јас никаде не реков дека требала шок бомбата да се активира на стадион, нити реков дека е донесена за да се активира на стадион.
Мојот став е дека треба да ја имаат со нив како стандардна опрема за секој случај. Е сега, тој „секој случај“ е доколку толпата направи проблем (условно кажано проблем) надвор од трибина.

Не го оправдувам оправдувањето на шок бомбата на толку мал простор и не ми е јасно зошто е употребена. Очигледно, на никој не му е јасно, туку само си претпоставуваме.
 
okej, dobro, togas sto bara tamu dzandar so shok bomba, neka sedi nadvor od tribini, ili dole na teren, ne megju deca, eve drugo scenario, se desi od nikade frka, mu se ubacat so baklji, ima da go rasnesat i nego i sve okolu nego, takov ko sto e nakiten so shok bombi, mozel komotno i zolja edna na grb da stavi cisto kako dekor, da bide kompletna slikata, deka e spremen da go osvoi svetot.
 
Не го оправдувам употребувањето на шок бомбата на толку мал простор и не ми е јасно зошто е употребена. Очигледно, на никој не му е јасно, туку само си претпоставуваме.
На сите ни е јасно само многу луѓе не можат да се помират со тоа. Шок бомбата НЕ Е употребена од страна на полицаец, туку (најверојатно) случајно активирана од страна на навивачот (откако претходно била одземена од полицијата).
 
okej, dobro, togas sto bara tamu dzandar so shok bomba, neka sedi nadvor od tribini, ili dole na teren, ne megju deca, eve drugo scenario, se desi od nikade frka, mu se ubacat so baklji, ima da go rasnesat i nego i sve okolu nego, takov ko sto e nakiten so shok bombi, mozel komotno i zolja edna na grb da stavi cisto kako dekor, da bide kompletna slikata, deka e spremen da go osvoi svetot.

Ама брат, ти не ме разбираш :)

Јас каде велам дека тој требал да биде на трибина или дека требал да биде во први редови, да се „мкља“ со одредена група навивачи во која има голем број бесни глави и спремни на се’ за во школо да кажуваат како му удриле една на џандарот.
Јас само кажувам дека опремата е стандардна и треба да се има кога се обезбедува една маса.
 
И уште едно од комесарот за безбедност
Натпреварот помина во феноменална атмосфера никогаш помирна за дербито и освен баклите и навредувачките скандирања се помина во најдобар ред и немаше никаква потреба од инцидентот кој се случи на крајот на натпреварот.
 
На сите ни е јасно само многу луѓе не можат да се помират со тоа. Шок бомбата НЕ Е употребена од страна на полицаец, туку (најверојатно) случајно активирана од страна на навивачот (откако претходно била одземена од полицијата).

Не велам дека е така, зошто не знам, не сум бил таму.
Ако успеал да му ја земе, тој полицаец/специјалец треба да добие казна а и тој над него прво зошто дозволил некој рандим лик да му земе опрема а второ тој претпоставениот (командирот) зошто не поставил добра тактика и дозволил негов потчинет да биде нападнат и да му биде одземена опрема.

Замисли пиштол да му земел (ако му земал) и да почнел да пука наоколу.
 
Идиоти сите сме, уште што треба да се случи да се разбудиме ?
 
Се огласија лоповите....:tapp:

ffm-9--624x394.jpg

Предводниците на македонскиот фудбал денеска преку соопштение го осудија вчерашниот инцидент на дерби-мечот помеѓу Пелистер и Вардар, и остро ги нападнаа поединците во навивачката група на црвено-црните кои со своето „крајно неразбирливо, нерационално однесување го доведоа во прашање животот на поголемиот дел од поддржувачите на клубот и придонесоа да се фрли “црна дамка” врз еден фер и спортски натпревар“.

Во продолжение ви го пренесуваме останатиот дел од обраќањето кон јавноста на луѓето од ФФМ.

„Како вистински спортски работници го искажуваме своето искрено жалење за сите повредни кои со своето спортско однесување тоа не го заслужија, а истовремено сите хулигани, вандали, уништувачи на македонскиот фудбал и сите оние кои вистински не го сакаат спортот и фудбалот им порачуваме дека треба да останат надвор од спортските арени.

ФФМ заедно со Пелистер и Вардар, нивните спортисти и спортски работници сторија сѐ што е потребно овој натпревар да биде празник на фудбалот. За жал и покрај сериозните подготовки и ангажирање на клубовите, локалната самоправа, МВР и Федерацијата, сепак последните минути натпреварот беа искористени за манифестирање на насилничко и недолично однесување на поединци од навивачка група, со што сами се класифицираа во хулигани, кои не ги интересира спортот и спортскиот натпревар.

Спроти почетокот на фудбалскиот шампионат, ФФМ организираше работилница со комесарите за безбедност на клубовите од Првата и Втората лига на тема ‘Безбедност и сигурност на фудбалските натпревари’ и укажа од потребата од почитување на насоките и кодексот кон кој се стреми ФФМ во однос на прашањето за безбедност на натпреварите, напоменувајќи дека и клубовите го делат мислењето дека низ почитување на законите и подобрувањето на инфраструктурата може да се постигне подобра сигурност за сите оние кои заслужуваат да имаат право слободно да навиваат за своите клубови, а притоа да не бидат загрозени од оние чија намера е искажување на насилно однесување и загрозување на спортот.

Секој клуб како организатор на натпреварите е одговорен за своите постапки во однос на правилата поставени од страна на надлежните државни институции и Фудбалската федерација на Македонија и сноси одговорност за последиците од своите одлуки кога е во прашање (не)спроведувањето на зададените мерки.

ФФМ е и понатаму уверена дека само со строго и доследно применување на прописите и почитувањето на превентивните мерки од надлежните институции и тела може да се решат проблемите како што се хулиганизмот и насилството во спортот. Мерките за безбедност на натпреварите постојат со причина и ФФМ очекува од клубовите да бидат сојузници во спроведувањето на истите се со цел да се искорени проблемот со нередите на спортските борилишта.

Полните трибини без инциденти, со примерно однесување и без нереди, без национализам и дискриминација, се клучни цели на сите учесници во македонскиот фудбал, од Фудбалската федерација на Македонија и клубовите преку навивачките групи, јавноста и медиумите до државните институции во целина.

Како и секогаш, ФФМ апелира до сите вистински поддржувачи на фудбалот во Македонија, дека на терените фудбалот е на првото место! Нека нѐ обедини радоста, а не омразата“, се вели во соопштението од Куќата на фудбалот.
 
Овие па, овие па...:pos::pos: Овие се скрос случај за посматрање. :pos:Највоинствени хулигани бе...:ROFLMAO: Нашиве треба да се среќни што најчесто инцидентите што ги прават навивачите се тепање меѓу себе и кршење по некој излог, не виделе тие какви хулигани има во другиве држави, еве Србија само да ја земеме, а да не збориме Италија или слично. Пред неколку месеци во Италија тоа беа крвишта, загинаа неколку луѓе заради дивеењето на тамошните хулигани. Тоа се хулигани. Нашиве навивачи во споредба со тие се малечки маченца бе. И не дај Боже да имаме навивачи од тој калибар.
 
На сите ни е јасно само многу луѓе не можат да се помират со тоа. Шок бомбата НЕ Е употребена од страна на полицаец, туку (најверојатно) случајно активирана од страна на навивачот (откако претходно била одземена од полицијата).

Другар ако им одземеш шок бомба на џандарите мислам дека во рок од 2 секунди има да ти рипне цел кордон да ти ја земе, а не да те остават да мавташ со нејзе пред нив... Ми нема логика мене ова.

Според мвр бомбата им била одземена додека биле во кордон џандарите што е уште поголема глупост знаејќи дека во кордон тој со солзавецот и шок бомбите стои позади првиот ред, додека другите се со штитови распоредени. Премногу е недоследна целата верзија на МВР.

Мојата логика вели дека е донесена погрешна одлука за начин на празнење на трибината. Порано трибина празнеа само со тепање со палки. Сега во последниве две години шок бомбите им станаа редовна пракса на секој протест (поефективни од солзавец). Па затоа мислам дека некој од офицерите донел одлука да се пристапи кон празнење на трибина со една шок бомба и истиснување на навивачите. Очигледно не очекувале дека некој ќе ја земе во рака.
 
На сите ни е јасно само многу луѓе не можат да се помират со тоа. Шок бомбата НЕ Е употребена од страна на полицаец, туку (најверојатно) случајно активирана од страна на навивачот (откако претходно била одземена од полицијата).
Епа да му се намочам на полицијата која не е способна да си ја заштити опремата :facepalm:
На крај ќе испадне она "you had one job"...:pos:
А и што бараат да носат бомби на толку мал простор ?
Врти сучи на крај полицијата треба да сноси одговорност и нивниот потпарол или како и да го викаат тој што е одговорен за нив да си поднесе оставка.
Пошто заради неспособноста нивна млад човек остана инвалид, сеа него му е најтешко.
 
@Crazy in Love
Разликата не е во способноста на нашите навивачи да бидат хулигани (не велам дека се) туку во бројката.

Иначе, уште прееска на Канал5 кога го читаа соопштението на ФФБ се виде дека ги пљукаат Комити.
Најлесно е, реално.
 
На сите ни е јасно само многу луѓе не можат да се помират со тоа. Шок бомбата НЕ Е употребена од страна на полицаец, туку (најверојатно) случајно активирана од страна на навивачот (откако претходно била одземена од полицијата).
Еве, и да испадне дека стварно му ја зел.

1. КОЈА Е ПОТРЕБАТА ПОЛИЦАЕЦ НАКИТЕН СО БОМБИ ДА СЕДИ НА ТРИБИНА ДО НАВИВАЧИТЕ?!
2. И КАКОВ Е ТОЈ ПОЛИЦАЕЦ ШТО ДОЗВОЛИЛ ДА МУ БИДЕ ОДЗЕМЕНА ДЕЛ ОД ОПРЕМАТА?!

Плус, ако е такак како што викаат дека дечкото ја зел бомбата и неколку минути мафтал со истата, која е логиката полицајците да не реагираат и да му ја остават бомбата?!

Изрежирано, со големи, ОГРОМНИ пропусти кои само слепци не сакаат да ги видат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom