Модераторе.
Јас мислам дека 3 профили се многу. Ајде, да ги користеше за нешто добро, паметно и убаво. Но тој навредува. Сакав и сеуште сакам со него нормално да разговарам. Не знам зошто се опира!?
Најпаметно би било темата Прашања за Телемата/Телемитите да се премести. Така нема да бидат навредувани од негова страна. Зш вака ќе добие бан, прави нов профил и повторно замара и навредува.
Самиот рече ако се премести темата ќе ги остави на мира.
Тука сме да се опуштиме и релаксираме. Не да се навредуваме и нервираме. Не гледам никаква логика да правиш профил и да го користиш карајќи се и навредувајќи. Ако тоа го полни човека, тогаш сметам дека е далеку од она нормалното и е еден вид лечење комплекси.
Бог или Дио7.
Дај малку релаксирај се. Не гледам причина за таков однос. Мислам опушти се. Тој однос е навистина е сељачки. Што ако денеска некого не навредиш? Мислам дека денот ќе ти помине и без придавките „секта“, “заспани“, “хехе глупави“ и сл. Или “не размислувате“. Дискусијата е размена на мислења, а не размена на навреди.
Како има христијани кои имаат нормален однос иако се на твоја страна?
Ти реков дека единствен сум што те молам да се смириш. Смири се. Што било било. Едноставно рипни ја таа тема (доколку не се премести, но јас не се мешам, едноставно кажувам како би било подобро за нив, и за тебе, секако). Или давај негативни критики, но без навреди. Ова е добро решение, нели?
Да имаше однос, до сега можеби ќе беше и модератор. Ќе имаше прилика да бришеш мислења или да и попушташ да едната страна, знаејќи те. Но вака само се рушиш.
Што да ти кажам друго? Друга тема!? Преокупиран си со Религија, што е во ред. Само подобри го односот.