Пред 2 дена се вратив од одмор, таму бев 10 дена. Да не раскажувам за небитни работи, само ќе го напишам она за кое што сакам да слушнам некое мислење. Во местото каде што бев сместена во близина беше сместен и еден дечко кој што ми се засвиѓа, ама од тие 8 дена како бевме сместени толку блиску и секој ден се гледавме само 2 дена праевме муабет другите денови ни збор си немавме кажано. Се запознавме првиот од тие два дена, а вториот ден пиевме и кафе заедно со негов другар и сестра ми. Но работата е што мене ми се допадна тој, а мислам дека и јас него му се допаѓам затоа што тој сам кажа дека сакал да се запознаеме уште првиот ден ама не направил прв чекор затоа што мислел дека ние нема да сакаме да се запознаеме со него. И бевме непознаници 6 дена се до седмиот кога се запознавме, име, од каде си, кога дојде, до кога ќе остануваш и такви работи..и осмиот ден седевме заедно. Но мислата поради која мислам дека и тој мене ме засвиѓа е таа што постојано во периодот на тие денови што бевме таму цело време ме гледаше, приметував дека сака да каже нешто ама не се осмелуваше, се случуваше и да ми се насмее, а денот кога пиевме кафе ми подели и некој комплимент. Најголем проблем е што тој е од Србија, а јас од Македонија и затоа си реков ајде на фб ќе комуницираме и се имаме за пријатели, ако требало нешто да има ќе има за одреден период. И еве 4 дена како се немаме видено секој се врати во својата држава, ми стави еден лајк и јас му вратив ама си немаме пишано. Она што ме чуди е што мене ми стави 1 лајк, а на сестра ми 2...глупа причина е оваа да ја пишам лајковите се глупи работи без врска за која не сум се замарала досега..ама цело време ми изгледаше како да ме свиѓа, рече ќе наминел и во Скопје, ама ни знак нема од тоа дека планира да ми пише..( да не збориме за нешто повеќе ). Како може да сака нешто а ни да ми пише..можеше да праша барем како сум поминала по пат или нешто слично и да се искористи како изговор ако сака да пише.Јас планирав да му пишам за 2-3 дена ако тој не пише пред тоа, и после ако тој пише ќе правиме муабет, ако не најверојатно ќе останеме познаници што некогаш можеле да имаат нешто а немале


Што мислите..можеби дечково си рекол ако се запознаам со девојкава можам да си го направам одморов поинтересен, или пак можеби му е глупо да ми пишува па затоа со лајкови почна за да не биде нападен..иако не изгледаше на многу срамежлив онака нормално однесување имаше..

Може и нема што многу да се каже на мојов пост..ама чисто прашувам за мислење дали да му пишувам јас на почеток па да видам како ќе се однесува тој така и јас натака, или да почекам уште некое време за да пробам да остварам контакт