Рудници и
ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Не зборувам за македонски пензионери со холандски пензии туку за холандски пензионери со холандски пензии пошто холанѓанецот за разлика од македонецот има огромни давачки таму, додека македонскиот пензионер со холандска пензија си ужива овде, разликата е голема.
Холандските туристи со плиток џеб
Холанѓаните ниско платежни туристи. Иако годинава го преплавија брегот на Охридското езеро туристичките работници се жалат дека не трошеле ниту денар надвор од аранжманот.
![]()
Не купувале влезници за разглед на културно-историските споменици, не седнуваат во кафулиња и ресторани. Наместо да им биде евтино, гостите постојано се жалеле на високите цени во Охрид.
- Понудата што се даде во Холандија е со многу низок квалитет се понудија многу ниски цени а тоа повлече доаѓање на многу слабо платежно способни гости, вели Климент Наумов туристички водич.
- Ние можеме колку сакаме да ги дигнеме цените но, тоа би било самоубиствен акт за туризмот во Р.М , сепак мораме да видиме каква е конкуренцијата и каква ни е клиентелата, вели проф др Науме Мариноски професор на ФТУ Охрид.
Враќањето на Холанѓаните на брегот на Охридското езеро е голем успех, смета вицепремиерот Пешевски. Според него за привлекување на гости со подлабок џеб ќе треба да се поработи на подобрување на квалитетот на туристичките капацитети и услуги.
- Целта на Владата е да го промени менталитетот на сите луѓе кои се занимаваат со туризам. Треба да почнеме од некаде, не треба да се бара влакно во јајцето. За прв пат после долги години имаме голем број на туристи во државата а, тоа е директен резултат на владините напори, вели вицепремиерот Владимир Пешески.
По два чартер летови од Амстердам неделно слетуваат во Охрид. Евтините аранжмани што ги има и за само 80 евра неделно со вклучен превоз, ноќевање и појадок донесоа сиромашни туристи. За побогати гости Охрид ќе треба уште многу да работи.
Соња Рилковска
http://star.kanal5.com.mk/(S(aypw1155qzay5f45rtmu4455))/default.aspx?mId=37&eventId=80242&egId=13
Се отепаа од седење на сепаре за 10 евра![]()
Типичен пример на антикампања.
Очигледно новинариве се најпаметни ем видовити.Не излегле од дома, цела статија им е на лаптоп пишана во канцеларија кај шо им е основната работа (оти ова им е дополнително - новинар), па тропање зелени на кило.
Нека излезат малце по кафичи и нека видат дали не седнувале по кафичи и ресторани.И дали нарачале од најскапите вина во ресторанот или јаделе хамбургер за ручек.
80 евра напишале, а?
Не е 80 евра, ама факт им е најефтина дестинација


Последно уредено: