Цените Охрид се горе-долу исти и во лето и во зима. Ако 10 денари плус/минус ви прават разлика, сфаќаме колку е сатот. Јас кога се преселив во Скопје цените по кафичите не ми беа толку голем шок за разлика од колегите кои беа од други градови. Така да муабетот дека со парите кои ќе ги дадете за кафе во Кадмо во јуни ( нес 90/100? ) се еднакви на 4 нес во декември ви паѓааат во вода. Нервира фактот што жителите на Скопје се најгласни во несогласувањето со цените ( пинг
@Комита Ултрас , џин тоник во Миднајт е 180 денари, плус влез ) .
Охрид има места за сечиј џеб. Ако сте се одлучиле да се движите по шемските кафичи и ресторани, бидете си спремни да си платите и да не кукате после цела година дека било скапо. За услугата немам коментар, во сите кафичи никогаш не сум чекала повеќе од 7-8 минути за услуга ( освен Аквариус, таму имам чекано и 15 мин ), никогаш келнер не ми висел над глава и не ме терал да нарачувам пијачки, и никогаш никој не ми се испонашал. Не поради тоа што сум од Охрид, туку ако сум седнала да јадам/пијам во ресторан, не коментирам за се и сешто и не го третирам келнерот како да ми е роб. Кога се понашате убаво никој нема да ви се испонаша. А не уште неседнати чекате маани да најдете.
И мала дигресија околу Струга и струшкиот туризам. Никаде, ама буквално
никаде не се издаваат фискални сметки. Ако вас ова ви е океј, шта речи...