Ментализам

D

Daedalus

Гостин
Сакав да кажам што се се изучува во ментализмот, лошо се изјаснив. За да бидеш добар менталист, треба да знаеш хипноза, да имаш добро меморирање (се усовршува со помош на мапи на умот и слично), да знаеш социјален инжењеринг, социјална психологија, невролингвистичното програмирање, топло и ладно читање, запазување на детали и др.
За да бидеш добар менталист, не треба методите и техниките да ги спомнуваш на други луѓе и да отвараш теми кај што ќе се разглабаат истите.
 

Jugop

The Hobbit
Член од
27 декември 2012
Мислења
295
Поени од реакции
43
Имам запамтено повеќе од 1000 бројки, иако се повторуваат истите десет цело време, само во различни комбинации. За телефонски броеви имам именик.
Трикови со карти не знам, ама има кај нас еден Џемо, типот единствено нешто шо го прави подобро од трикови со карти е собирање шишиња од контејнери.
Не мислам дека е невозможно, не му придавам толку значење за да го дебатирам и разложувам, мислам дека е глупост, го отфрлам и чекам аргументи, видеа, дебел доказен материјал од тебе, витезу, за да ја тргнеме темава од ЧДА.
Не ти реков да правиш трикови со карти. Редоследот на картите дали можеш да го запамтиш?
Нешто слично на ова. За доказ имаш многу видеа на yt од познати менталисти.[DOUBLEPOST=1405102132][/DOUBLEPOST]
За да бидеш добар менталист, не треба методите и техниките да ги спомнуваш на други луѓе и да отвараш теми кај што ќе се разглабаат истите.
Ха, има и факултети за ментализам и нлп.
 
D

Daedalus

Гостин
Не ти реков да правиш трикови со карти. Редоследот на картите дали можеш да го запамтиш?
Нешто слично на ова. За доказ имаш многу видеа на yt од познати менталисти.[DOUBLEPOST=1405102132][/DOUBLEPOST]
Ха, има и факултети за ментализам и нлп.
Не мешај ментализам и нлп пошто не идат секогаш рака под рака. И доста тресеш глупости пошто ќе му спомнам на Дудо дека отварате вакви теми по кајгана, кај што не е место за истите.:)
Сте научиле два три трика и проповедате за тоа што е ментализам, а не сте ги научиле основните три принципа на магионичарството.
 

Jugop

The Hobbit
Член од
27 декември 2012
Мислења
295
Поени од реакции
43
Не мешај ментализам и нлп пошто не идат секогаш рака под рака. И доста тресеш глупости пошто ќе му спомнам на Дудо дека отварате вакви теми по кајгана, кај што не е место за истите.:)
Сте научиле два три трика и проповедате за тоа што е ментализам, а не сте ги научиле основните три принципа на магионичарството.
Не ме интересира магионичарство, тоа ти е само лажење и ништо друго. Ментализмот си нема врска со магионичарство. НЛП мора да знаеш ако сакаш да бидеш добар менталист.
 
Последно уредено:

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Не ме интересира магионичарство, тоа ти е само лажење и ништо друго. Ментализмот си нема врска со магионичарство. НЛП мора да знаеш ако сакаш да бидеш добар менталист.
da te zeam utre vecer u flamingo na black jack so mene?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.363
Ете се гледа кој што туку завршил со гледање на Менталист.
 

IvicaPunK

Старо нов член
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.084
Поени од реакции
85
Има ли некој што се занимава со ментализам?
Еве најдов едно интервју од Душан Петковски, менталист и магионичар.

Не лажете го дечкото, ќе ве прочита!

Идејата на техниките кои ги користи менталистот не е само да фати некого во лага, да открие некоја тајна од потсвеста на соговорникот, туку со овие техники може и да се мотивираат луѓето да престанат да пушат или да направат нешто од својот живот наместо по цел ден да пијат кафе и да се излежуваат, вели Душан Петковски, менталист, експерт за меморирање и магионичар


Го сретнавме на Фестивалот на телото, духот и умот во Скопје. Најавата дека на импровизираната сцена ќе се појави Душан Петковски - македонскиот магионичар, експерт за меморирање и менталист, не заинтригира. Од начинот, пак, на кој комуницираше со публиката додека го изведуваше трикот со картите, при што ја презентираше и импресивната моќ на памтење, бевме импресионирани.

Магионичар, и менталист - збор кој на многумина не им е јасен. За што всушност се работи? - Ментализам е област што се занимава со читање на мислите, односно со психологија. Се работи всушност за техники, со кои можеме да проникнеме во потсвеста и да натераме некого да открие нешто од својата потсвест што не би го открил при нормална интеракција.

Американците снимија серија "Менталист", во која главниот лик успешно помага во решавање на сложени случаи на убиства. Сметаш ли дека ова е реално?
- Не сум ја гледал серијата, но сум слушнал. Да, се работи всушност за техниките кои ги користи главниот лик. Навистина постојат и можат да се користат не само за истраги, туку и во секојдневната интеракција со луѓето. Тоа се техники на НЛП, (невро-лингвистичко програмирање) каде со говор и допири во комуникацијата може да откриеме навистина многу работи од потсвеста на соговорникот. Може да откриеме некоја тајна, да го фатиме кога лаже, да изнудиме некој одговор...

Дали можеш да откриеш кога тебе те лажат?- Да, секако, и техниките што ги научив ги применувам во секојдневниот живот, иако всушност нема многу луѓе кои би ме излажале, бидејќи сум во градот познат како човек кој се бави со овие работи. Затоа често ги предупредуваат моите соговорници, "Подобро не го лажете дечкото, ќе ве открие". Се случува често луѓето да бидат и многу резервирани во комуникација со мене кога ќе дознаат со што се занимавам...

Колку оваа способност за да проникнеш во психата на луѓето ти помага кога девојките се во прашање?
- Мора да признаам дека сега веќе не ги користам бидејќи имам сериозна врска, но порано ги користев и навистина помага. Сепак, не е идејата само да фатите некого во лага или да му се допаднете некому, туку со овие техники може да се мотивираат луѓето, на пример, да престанат да пушат или да направат нешто од својот живот наместо по цел ден да пијат кафе и да се излежуваат.

Всушност, не те прашавме што те натера да се занимаваш со психологијата на луѓето?- Студирам програмирање, последна година сум, но покрај ова веќе седум години сум и магионичар. Правејќи трикови со карти и работејќи со луѓето беше неопходно да се вдлабочам малку во сферата на психологијата. Сите тие трикови би имале поголем ефект кога би знаеле како да ги продадеме, да ги презентираме и изнудиме емоционална реакција од публиката. Исто така, ги научив и техниките за подобрување на меморијата. Тргнав од тоа да можам да меморирам цел шпил карти и после увидов дека овие техники всушност можам да ги користам и за друго. За памтење на огромна низа од броеви, зборови... Ова го демонстрирав и на Електротехничкиот факултет каде го изрецитирав бројот Пи до неговата илјадита децимала.

Дали своето искуство успешно го пренесуваш и на други луѓе?
- Тие техники не се нешто што најлесно ќе го научат, но не се ниту нешто најтешко. Релативно се едноставни и кога ќе се сфати "цаката" меморијата станува супериорна во однос на онаа што ја имавме. Држам и предавања, но не објаснувам теорија, туку на луѓето им ги кажувам техниките, кои тие можат веднаш да ги применат и самите да согледаат колку можат да напредуваат.

Значи ли тоа дека информатиката ќе ти стане хоби, а психологијата и магијата професија?- Пред се, си ја сакам професијата и тоа што го студирам. Се гледам како информатичар, а техниките што ги научив ќе ги чувам како трик во мојот ракав, евентуално за областа на маркетингот каде навистина многу помагаат. Држам и часови за магионичарски трикови, а постојано ми приоѓаат и луѓе кои бараат да ги научам на техниките за зголемување на меморијата, бидејќи зголемувањето на капацитетот и способноста на тоа што го можеме е интригантно за секој човек. (Д.Т.)

Немам именик, сите броеви ми се во глава
Техниките за меморирање што ги научив навистина беа добредојдени и при учењето, но ми користеа и за лично задоволство. Немам именик во телефонот, сите имиња и броеви ми се во главата. Не ми треба потсетник кога треба да купувам. Моите знаат да ме прашаат каде е некој предмет кога ќе заборават каде е оставен... Техниките кои ги научив ми станаа инстинкт и веќе можам да ги користам во кое било време.

Извор

Лично бев и во живо ја гледав изведбата на фестивалот. Доста оргинално, уникатно и за почит.
 
D

Daedalus

Гостин
Кога станува збор за ментализам, во Македонија на Далтон му нема рамен.
Моментално шампион на Балкан во ментализам во последните 3-4 години е Gogo Rekviem од Скопје. На сите интернационални натпревари во регионот ги има освоено сите најпрестижни награди.
Моментално Гого е на турнеја низ Америка (вклучувајќи го и Вегас) и во Вегас ќе ја има можноста да се сретне со Eugene Burger, еден од врвните менталисти и бизарни магионичари во светот.
Једини магионичари во Македонија кои официјално се бават со ментализам се Гого, јас, Гандини, Дудо и Далтон (можда и уште неколку кои не ги познавам). Од сите нас, једин кој на светско ниво има постигнато нешто е Гого, воедно заслужно најдобриот менталист на просториве ако не и на цел Балкан.
Не ме интересира магионичарство, тоа ти е само лажење и ништо друго. Ментализмот си нема врска со магионичарство. НЛП мора да знаеш ако сакаш да бидеш добар менталист.
На тебе, еве ти лично од Гого...
„Ментализмот нема правци, ментализмот има само различни принципи кои се користат за постигнување на крајниот ефект. Во умот на публиката се ствара мислење дека менталистот ги контролира нивните избори и дека може да предвиди иднина. Хипнозата нема никаква врска со ментализмот ама добро е што имаме youtube за комплетна заблуда на личности кои мислат дека е доволно да видат неколку видеа и да станат менталисти. Исто така НЛП е нешто сосема различно од ментализмот и сувишно е да се зборува со неадекватни и неупатени личности на тема НЛП, хипноза и ментализам. Инаку, школо НЕ ПОСТОИ! Постојат само курсеви но ниту еден не е официјално признат никаде во светот така да пред нешто да објавите и да стоите позади вашето тврдење малку информирајте се.“

Али сепак мора да се каже... Во право си за се', ние сме аматери и не сме доволно упатени во ова како што си ти.

Не отварај теми и не шири дезинформации за магионичарство и ментализам. Ментализам е многу постара професија од НЛП. Настрана од тоа што некои менталисти вклучуваат „хипноза“, „НЛП“ и мемориски техники во нивните ефекти, ништо од ова не е по секоја цена составен дел од ментализмот.
 

Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
534
Поени од реакции
1.101
Моментално шампион на Балкан во ментализам во последните 3-4 години е Gogo Rekviem од Скопје. На сите интернационални натпревари во регионот ги има освоено сите најпрестижни награди.
Му дава ли државата некаква помош на Гого Реквием (скраја да е и далеку) бидејќи е менталец?
 
D

Daedalus

Гостин
Му дава ли државата некаква помош на Гого Реквием (скраја да е и далеку) бидејќи е менталец?
Абе излези ти напраи нешто значајно на било кое поле што го преферираш, без разлика на тоа дали е во областа на уметноста, друга услужна дејност, наука итн... да чујам за тебе, па послем тролај луѓе кои напредуваат и постигнуваат резултати во тоа што ги интересира.
Вака анонимно на интернет сите се јаки, смешни и забавни.
 

Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
534
Поени од реакции
1.101
Абе излези ти напраи нешто значајно на било кое поле што го преферираш, без разлика на тоа дали е во областа на уметноста, друга услужна дејност, наука итн... да чујам за тебе, па послем тролај луѓе кои напредуваат и постигнуваат резултати во тоа што ги интересира.
Вака анонимно на интернет сите се јаки, смешни и забавни.
Ја сум бил благајник во месна заедница, избран 7 години по ред, со акламација. Само еднаш се случило 10 дени да ми фалат од касата, и од свој џеб ги надокнадив. Ќе чуеш за тоа, кај да е ќе има ексклузивно интервју со мене во Факти.
 
Член од
29 јули 2014
Мислења
6
Поени од реакции
6
Ха, има и факултети за ментализам и нлп.
Малку доцна се приклучувам на дискусијава, но морам. Те молам просветли ме пријателе кои се тие факултети за ментализам и нлп. :) (Секако, кога велам НЛП мислам на Неуро-Лингвистичко Програмирање).
Му дава ли државата некаква помош на Гого Реквием (скраја да е и далеку) бидејќи е менталец?
Ова е еден од главните проблеми зошто магионичарство, поготово ментализам нема НИКОГАШ да успеат на нашите простори. Баш поради фактот што 90% од луѓето одбиваат да го уклучат мозокот и реагираат како тебе, мислејќи дека се смешни и интересни. Навистина патетично. :)
 

Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
534
Поени од реакции
1.101
Ова е еден од главните проблеми зошто магионичарство, поготово ментализам нема НИКОГАШ да успеат на нашите простори. Баш поради фактот што 90% од луѓето одбиваат да го уклучат мозокот и реагираат како тебе, мислејќи дека се смешни и интересни. Навистина патетично. :)
Ja sum samo skromen blagajnik, i ne znam kako mozam da pomognam vo mentaliziranjeto. Ako ima nekoj potezok mentalec, mozam da ja ubedam mesnata zaednica da izdademe ednokratna paricna pomos, a za poveke, samo gospot!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom