Маде ин Југославија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
Арно викаш... Дексим веќе пред распадот Обуча правеше... фино што ме потсети и за Астра Загреб за Конверс...Борово правеа и Стартас патики оние платнените...
Помладите не знаат :)
 
Их хабе ајне-цвајне бормашинен од Искра. Работат супер и кизнајт од кога се.
Фантастише, бре.
 
Ние сме немале никаква бела техника од Југославија туку Италијанска Сингер 196Х и телевизор Телефункен со ламби - уште работи.
Голф 2 германски не тасов. Ние сме плаќале дупло само да е Маде ин Европа. Алат Бош исклучиво.
 
Плочи за на грамофон.. ехххххх нема плоча која ја немам :) Ролинг стоунс па натаму.. и секако Токарев ТТ-33.. сеуште го имам.. маде ин Црвена Застава.
 
А дека се произведувале квалитетни производи, се произведувале, затоа и пропадна економијата на Југославија. Купуваш една ламба и забораваш кога си ја променил. Ем така нема обрт, капут фирма.

По оваа логика, германската економија брзо ќе пропадне. :pos:
 
Арно викаш... Дексим веќе пред распадот Обуча правеше... фино што ме потсети и за Астра Загреб за Конверс...Борово правеа и Стартас патики оние платнените...
Помладите не знаат :)
Борово порано беше Бата. После национализација ваљда само името го смени, али не и фонтот на буквите од логото. Понекаде продавниците на Борово сеуште ги викаа Бата.
(Бата е прастар бренд)

Astra коа ја изгуби лиценцата почна да праи свои патики Astrea, кои беа исти потпуно, со Конверс, ама со друго лого, нивно - лошо лого. но, квалитетот беше ист, пошто на потпуно истите машини по истиот блупринт ги правеа.
 
Последно уредено:
Абе зарем уште ве фаќа носталгија по таа "ИКЕА" држава која само земаше лиценци, увезуваше полуфабрикати и ги склопуваше во фабриките.

Во тие просперитетни години на таа држава нема ниту еден 100% оригинален домашен производ конструиран од југословенски инженери.

Времето сега знам дека е за никаде,ама и Југославија не е била тоа што си мислите!
 
Абе зарем уште ве фаќа носталгија по таа "ИКЕА" држава која само земаше лиценци, увезуваше полуфабрикати и ги склопуваше во фабриките.

Во тие просперитетни години на таа држава нема ниту еден 100% оригинален домашен производ конструиран од југословенски инженери.
Ех, да. Така е. Џабе ми беа тие квалитетни производи, коа знаев дека не се производ на домашни инжинери. Тоа ме дотолчуваше ептен и не можев баш како што треба да си уживам у нивната долговечност и функционалност, затоа што длабоко во себе патев оти заслугите за дизјнот, идат на конто на некој Ханс од Франкфурт.
 
Ех, да. Така е. Џабе ми беа тие квалитетни производи, коа знаев дека не се производ на домашни инжинери.

Епа затоа сега и ги нема, а ја нема ни државата која ги произведуваше.

Парите сега одат кај Ханс од Франкфурт, порано парите одеа за подароци за Софија Лорен. ;)

20110317064826josip_broz_tito_sofia_loren.jpg
 
Епа затоа сега и ги нема, а ја нема ни државата која ги произведуваше.

Парите сега одат кај Ханс од Франкфурт, порано парите одеа за подароци за Софија Лорен. ;)
Но, денес Ханс од Франкфурт праи срања што треба да се продаваат побрзо. Тоа е разликата суштинска, а не е до државата до толку. Види на прва или втора страна, мој пост за ова. До времето е, во поголема мера, а во помала до државата.

Инаку, нашите пари кај одат денеска, не ми се ни збори.:facepalm:
 
Но, денес Ханс од Франкфурт праи срања што треба да се продаваат побрзо. Тоа е разликата суштинска, а не е до државата до толку. Види на прва или втора страна, мој пост за ова. До времето е, во поголема мера, а во помала до државата.

А нашите пари кај одат денеска, не ми се ни збори.
Ханс од Франкфурт праи производи зависи за кој пазар, обично во Германија и најевтиното нешто што е произведено во Германија е поевтино од кинеското и е безсмртно.

До технологијата е и до тоа колку се вложува во неа. Не можеш ти да очекуваш од држава која не инвестира у технологија и наука да опстане.
 
Ханс од Франкфурт праи производи зависи за кој пазар, обично во Германија и најевтиното нешто што е произведено во Германија е поевтино од кинеското и е безсмртно.
Има поента за uberконзумеризмот кој ефективно го распространува глобализацијата, но нема заради тебе да се повторувам. Ако не ја сфаќаш разликата во квалитет на адидас од 1982-ра и денешен Адидас, можеби не треба на вакви теми да дискутираш.

До технологијата е и до тоа колку се вложува во неа. Не можеш ти да очекуваш од држава која не инвестира у технологија и наука да опстане.
Ја се кладам дека мене коа ме викаа националист кој сака да ја распарчи Југославија, твоите или ти сеедно се крстевте пред слика од Тито. Нејсе, ова не е тема за серење против, или за Југославија, туку за квалитетот на производите.
 
Има поента за uberконзумеризмот кој ефективно го распространува глобализацијата, но нема заради тебе да се повторувам. Ако не ја сфаќаш разликата во квалитет на адидас од 1982-ра и денешен Адидас, можеби не треба на вакви теми да дискутираш.

Ја се кладам дека мене коа ме викаа националист кој сака да ја распарчи Југославија, твоите или ти сеедно се крстевте пред слика од Тито. Нејсе, ова не е тема за серење против, или за Југославија, туку за квалитетот на производите.
Адидасот во 80те и сега не е променет на квалитет, разликата е што сега нема стандарди за квалитет во нашата држава. Уберконсумеризмот за кој зборуваш ти не е наметнат со сила, туку е право на слободен избор пошо и онака апарати кои сеуште функционираат се фрлаат во контејнер пошто не се "модерни". Разликата во Југославија е што тогаш немало нешто кое се сметало за модерно пошо изборот бил и онака доста ограничен.
 
Точно е дека е право на слободен избор уберконсумеризмот, но производите општо се понеквалитетни, па ти бирај кое гомно помалку смрди. Едноставно денес нема потреба да бидат толку квалитетни. Зошто? Се е објаснето во постот што ти го посочив.

Адидасот е понеквалитетен денес. Општо. Не само кај нас. Адидас е земен како пример, кој важи за скоро се.
"Немало модерно пошто изборот бил ограничен"?:vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom