Денес влегов во една фирма во битола да се распраinvestigate ена за парно... е сега не бев со намера да појдам, онака поминував покрај па не запишав се баш али то што ми кажаа ми се виде интересантно, варијанта е следна, (им опишав каква е куќата - спратот, димензии, материјал, простории....
- шпоре со котел Алфа плам 20 - 550 евра
- Некои експанзионен сад, пумпа, вентили.... 150 евра
- цевки бакарни спратот е 10х10 метра али се зидовите надворешни од камен и се дебели од 40-50 см така да внатре би ишло 9м и би обиколило спратот долж страните значи 9х4=36 метра (јас ставив во пресметка 50х3,5 евра) ....... 175 евра
- ребра имаат некои алуминиумски радиатори по 50 евра демек доволни за соба околу 15 квадрати мене би ми биле доволни и 3 али ставам 4, 50х4.... 200 евра
- некои вентилчиња, ова она ми спомнуваше што се става кај ребрата - ѓутуре 150 евра
(цената е со нивна монтажа)
то ест 1225 евра што ми изгледа солидно.
со години на зима се грееме (кујна трепезарија, салон) на шпоре на дрва, оџакот нема никакви проблеми, рече да го измерам мора да е минимум отвор 16 см, немам мерено али комотно раката се става внатре со подраширени прсти (знам кога го чистам) така да мислам дека е 16 см, Алфа плам е без релна, пошто кујната е 10 квадрати и ако е со релна ќе биде неподношливо жешко внатре, без релна има помалце греење и ложење на самото шпоре
Не знам дали нешто сум заборавил, или ако одам пак што да прашам??
з