Многу ретко ме бендисува музиката после 80'. Од постоењето на MTV и VH1 почнаа многу работи да се комерцијалиризаат. Не дека нема после 80' квалитетна музика, ама многу се намали квалитетот и љубовта кон музиката, песните почнаа да се оценуваат по спотовите, голотиите и сексапилот во нив, љубовта кон парите се зголеми на многу повеќе отколку што може да се замисли. Другарите ме прашуваат зошто сум слушал ,,тра-ла-ла'', дорси, џеферсон ерплејни, фокуси, велвет андерграунди, а не сум слушал слипКноти, рамштајни и слично. Не само што не ја бендисувам нивната музика, туку и затоа што се повеќе се забораваат бендови (и артисти) како горенаведените и се фрлаат нивните бесценети синглови и лонг-плејки, а пред се нивниот квалитет и вистинвка љубов кон музиката.