Мое мислење затоа што исламот е неколку века помлад од христијанството за нив е сега средниот век кој кај католиците значел експанзија и инквизиција па шосле 200 год и тие како нас ќе преминат во стагнација а за Албанциве според мене можеби има мал број фанатици ама општо тие се најмали верници како и ние од сите што ги знам никој не се приврзува за коранот Албанците се бизнис луѓе за тоа им пуштам рака па можно е и од бизнис причини сега да искористат со вахабизмов исто и Македонските муслимани си ја дале верата за да станат аги или што било сега и тие стануваат вахабисти се е бизнис пријателчиња
За првиот дел и средниот век си во право, Муслиманите се во голема криза, тоа им се случува поради изоставање на изворните вредности на религијата и нејзините прописи и тежнеење кон традицијата и обичаите, како и голем број на суеверија, кои во голема мера се косат со Исламот.
За ова другово, мислам дека не си во право, навистина слаби верници се генерално Муслиманите во Македонија, има такви кои заработуваат, но во принцип тие кои заработуваат се многу поголеми и далеку од нашата држава, можеби има еден или двајца кои ја контролираат ситуацијата и кои наголемо профитираат, а другото во принцип е злоупотреба на млади момчиња кои недоволно ја познаваат ситуацијата.
И јас сметам дека претстојува светол период за исламот, но тоа нема да биде со промени во верата или либерализација на Исламот, туку враќање на принципите кои се темел на Исламското учење, црпени од Куранот и Суннетот.[DOUBLEPOST=1406276473][/DOUBLEPOST]
Да не беше смешно ќе беше трагично.
Ти знаеш ли воопшто што е секуларност? Таа секуларност ти даде право да си муслиман и влакно од глава да не ти фали. Веројатно си љубител на теократија треба ко во шеријатот да ви се воведе таков систем па да плаќаш “џизија“ пошто не си христијанин, или да смениш вера или ...... да не го кажувам тоа другото што вели шеријатот.
Секуларистите ги убивале децата
О боже (Одине, се разбира) придај вакви кајганџии да имаме на што да се смееме.
Мулиманите жртви? Да на сектите кои ги произвел исламот. Жртви ли беа во 7ми и 8ми век и така жртвувани и страдални ја освоија северна африка, пола азија до Индија и преку Гибралтар во европа до Франција? Жртви ли беа кога Отоманската империја го пороби балканот? Ај тоа што си веруваш твоја работа, не не убедувај нешто што ни било ни ќе биде.
Прво, зарем без влакно да ми фали е ако мојата мајка не смее со шамија да се слика за пасош? Да влезе во јавна институција? Демократија ли е тоа?
Друго, Не е ли секуларна Америка, која убиваше илјадници невини луѓе во Ирак и сеуште убива? Нели е секуларна Израел која секојдневно убива илјадници деца во Газа? Нели беше комунистичка Србија која направи масакар од 10 000 невини луѓе во Босна?
Наврати се на тие освојувања, тогаш војните се воделе на бојно поле, а не во урбаните средини каде ќе гинат повеќе повеќе невини одколку војници! Во тоа време гинеле војници а не невини луѓе!
Први кои направија покол на невини луѓе беа крстоносците кои при влегување во Ерусалим заклаа илјадници Муслимани!
Треба ли уште да набројуваме? Султан Мехмед Фатих кога го освои Истанбул, христијаните се собраа во Аја Софија, од страв да не ги поколи, пошто таква беше праксата на Византијците, но он покажа великодушност, која стои запишана во светските историски книги, (Нормално не во македонските, пошто за нив се клети турци), им рече дека сите христијани се заштитени под негова власт, можат да останат во градот и да си ја следат сопствената религија без никој да ги чепне!
Прва автономија после цар Самоил,(што е дикутабилно дали може да се зборува за Македонија во тоа време, бидејќи има разни гласини), Македонија имала за време на Турско време, тој ваш крали марко бил Турски вазал, зашто го криете тоа? Зашто криете да кажете дека загинал борејќи се на страната на Турците во балканските походи?
Ако муслиманите на балканот уништувале се што не е Муслиманско, прво мислиш ли дека ќе му дадеа автономија на Македонија? Мислиш ли дека ќе му дадеа на Крали Марко да раководи со неговата територија? Ќе оставеа ли црква? а денес факт е дека 90% од црквите во Македонија се градени во период на Османлиите!
Но нормално дека ова не ви пасира, па си ја превртувате историјата како ќе ви пасира и се обидувате злосторниците да ги прикажете како жртви а жртвите како злосторници!