Антикампања за Охрид?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Hranata u Grcka ne e uopste skapa,Lidl cenite ti se poeftini I od Tinex.Ali nejse ne e toa temata.Ne se tolku problem cenite kolku drkosta na ohrigjani.Fala bogu ke idam godinava Albanija kade gazdata te tretira bukvalno kako prijatel,nego u Ohrid da mi gi podue nekoj balonive posto ne sum izgasil sijalica na izlaganje
ти бе,што користиш?
 
Во ОхриТ во пијачките не клавет дрога.
Во ОхриТ вода клавет во пијачкине!
 
Кога ја су се жаЉел? Ме плашчат и то ногу убо, но приватни странски фирми.

Да не мислиш дека су застанал само на еден нов стан? :) Можеби си права колекција:X3:


Така ли ги викате сега Девствените острови?

Ах бе биту биту, таман работа на еден стан да останеш, не те боли кичма за џабе.

Туку данок нешто плаќаш за станот во Охрид? А за тоа што го издаваш плаќаш нешто или „само на роднини и пријатели“?
 
Интересното е што тие што пишуваат дека не им прават разлика цените од + 10/20/30 денари најверојатно се истите оние што кога им стига сметка Нес Кафе 130 се дерат на цел глас ДАлИ СЕ НОРМАЛНИ ОВИЕ 130 ДЕнАРИ ЗА НЕС КАФЕ али ок е.


1. Летно време Охрид е поскап од Скопје и такви *вас ви се тие цени секојдневие* муабети не проаѓаат.. Има 1 или 2 ефтини продавници и ако ја имаш таа несреќа да не си близу нив, си го кркал.
2. Услугата е катастрофа и стварно не ми е јасно како може да се Охриѓаниве толку со носот во небо дигнат. Да, Океј е - ќе пробаш да ми украдеш 10/20/50денари и ќе ти ги дадам, ама нема никад више да ти стапнам у тој кафич/сендвичара/диско/рандом шо и да е - па после жали се како била тапа сезоната.
3.Не е само за Охрид - глупава нација сме - јас мислам дека сме единствена нација што реновира и гради во туристичко место во ЛЕТО али ај.

Бев викендов во Охрид - попразен никад не бил градот - да не се Србите нема С од сезона да видат Охриѓаниве.

Нешто е труло ама на Ориѓаниве очигледно на крај памет не им е да направат нешто во врска со тоа т.д .... терај.

И доста го тупите со споредбите со Скопје пошто прво НОРМАЛНО е да е Скопје поскап од Охрид пошо е ГЛАвЕН град (во нашава ситуација и град-држава може да го наречам пошо све се дешава во Скопје и да, тажно е...)

И не, кејот не е најубавото WOW место за Скопјаните - бар за мене не е и 90% од луѓето што седат на ул. Македонија се НЕскопјани ...али ваљда го знаете тоа :)


Ајт
 
Скапо.
10527588_10152570664758606_3518793393312386780_n.jpg
 
Така е, нема што да се правдаме. Сместувачките опции од типот подрум, летна куња, соба до соба каде што живеат газдите... е според мене замор, не одмор. Кај и да си.
Меѓутоа кога одиме во Грција на одмор, дали бараме соба/апартман што е во рамките на објект каде што живеат газдите? Не.
Сум бил преку 20 пати, ама никогаш кај некого дома, или со други фамилии со заеднички влез.
Па во рамките на еден одмор, интимноста според мене е основна потреба.

Значи планот се прави однапред. Ние денес не мојме да живејме со родителите, камоли со некој друг да ми висит на гла. Тоа е тоа.
И во Охрид има самостојни капацитети, каде што газдата го гледаш само кога ти го дава клучот, и кога плаќаш. Дел од нив се со пристојни цени, а има и такви што "ловат" повисока класа на луѓе. Се зависи од понудата.
Некој издава апартман, а тоа уствари обична соба со кнауф шминка.
Ама некој издава стварно апартман, со сите европски стандарди.
Во прашање е вкус, потреба, и колку гостинот е спремен да плати.

И не само во Охрид... низ Македонијава е сегде така.

Егзекли, де. И јас едно гледам на нет кога резервирам, друго дочекувам кога ќе стигнам де :)

Затоа и моето прашање беше какво што беше, ако 800 денари по човек се малку за пристоен смештај во Охрид (а доволни на др. места морски..) колку ли треба да се плати за пристојно сместување, без баби и вујни, на 300 метри од плажа најдалеку?[DOUBLEPOST=1406024053][/DOUBLEPOST]
Секаде има позитивни примери, јас неколку години по ред бев со смештај у Охрид во центарот на градот каде газдите живееа во истата куќа, но човекот го видов само еднаш кога плаќавме последниот ден, дури и првиот ден не се видовме, клучот не чекаше на врата се беше без проблем, не знам каде се овие досадни газди за кои сите зборуваат, може има на места ако сакате 200 или 300 денари од кревет во центарот, е па за таа цена не треба премногу да се очекува.

800. Уште ме болат. 1600 реално, пошто немавме ниту брачен кревет, ниту два кревети, туку кауч на расклапање :([DOUBLEPOST=1406024262][/DOUBLEPOST]
И на крај да ти кажам дека вистинскиот одмор е на езеро и планина, а Охрид ги има и двете работи, се наоѓа на 700м надморска висина и едно од најчистите и најголеми езера во светото со блага планинска медитеранска клима и топла вода. Не за џабе Комо во Италија е најелитно туристичко место и се вреднува многу повеќе отколку италијанскиот морски брег. Реално гледано, Комо (личи на голем канал во вид на У-буквата) е далеку помало и понеугледно езеро од охридското, но сепак е најголемото џет-сетерско место во Италија.

Немој до толку, немој :)
 
Последно уредено:
У Охрид сум бил милион пати и никад не сум бил сместен у градот.
Не сум бил само во Гранит и Св. Наум хотелот. У другите сум бил, во сите.
Приватно - не. never, ever, ever, ever....

Али би пробал можда, ако има некој нормален смештај - без газди, на плажа или блиску до плажа и нормално, никако во градот.
 
Дај наброј некоја УЧКа за пример, да се информираме и ние

Има едни сладолед што продаваат, 20 ден топка. (у чаршија)
Викам една топка чоколадо, друга банана. Сите чудни госпоѓи некако во фаците...
Вика чокољадо и ....
Банана - велам
таа - o_O
БАНАНА !
ах ..?
ба на на ...

Аааа бананањини...

(ко читам после на излогот, фирма од Гостиваре..)

... бев пред неколку дена и врие од Албанци, а и бајаги други дуќани и тезги зафатиле.
 
Зонско и во Трпејца - ветува охридскиот градоначалник, како мерка за да се зголеми бројот на туристи
t_2.jpg


Додека пак со НП Галичица договорено е дел од просторот над патот да се уреди во паркинг простор кој ќе му биде доделен на користење на ЈП „Билјанини извори“ и со тоа да се задоволат потребите за паркинг простор, кој е неопходен во текот на сезоната, рече Бакрачески.
Во однос на помалиот број туристи, Бакрачески потенцира дека причината ја гледа во лошите временски услови, за кои се надева дека во наредниот период ќе се подобрат со што ќе се зголеми и бројот на гостите.
- Ние сме во постојан контакт со туристичките работници,ги решаваме проблемите и предлагаме мерки за подобрување на сеозната, рече градоначалникот.
Станоиздавачите и жителите од Трпејца сметаат дека фокусот треба да биде насочен кон привлекување на гости од соседството и дека поединостите околу туристичката понуда треба да се прецизирани неколку месеци пред почетокот на сезоната.
http://www.ohridnews.com/vesti/72851

Мој коментар на ова е: Кога ќе разберат туристите дека и во Трпејца ќе има зонско, има да доаѓаат во голем број. Само дали ќе може општината да обезбеди и доволен број пајак возила за да им „ пружа услуга “ дигање со пајак

 
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески свика вонредна седница на Локалниот економски совет во проширен состав, посветена на актуелната туристичка сезона и појавите на необјективно и тенденциозно известување во некои медиуми за лоша сезона или превисоки цени на услугите, јавува Сител.

ohrid-plaza-300x235.jpg
На состанокот во проширен состав присустуваа и претставници на сите субјети од градот кои учествуваат во креирањето на вкупната туристичка понуда во Охрид, претставници на медиумите, на ХОТАМ, на Националниот комитет за туризам, од угостителскиот еснаф, концесионери на плажи.

- Цел беше да се ги слушнеме нивните размислувања по однос на обидите за креирање лош имиџ за туристичката понуда и одредеување мерки за подобрување на имиџот на градот, како и за објективно прикажување на туристичките показатели – на услугите односно понудата на Охрид како најпозната туристичка дестинација во земјата, истакна Бакрачески.

Тој нагласи дека општ впечаток на учесниците на состанокот е дека обидите за нарушување на имиџот на Охрид, за превисоки цени и некакви аномалии во туристичката понуда, се најблаго речено необјективни и не соодветствуваат на реалноста.

Бакрачески пренесе дека експертите од областа на туризмот се согласни оти цените на услугите во Охрид се прифатливи за секој џеб, зависно профилот на гостите, како и на веќе забележителниот растечки број странски гости во градот и тренд на пад на бројот домашни гости кои летуваат тука.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески смета дека на Охрид му е потребна посебна стратегија за развоен туризам, базирана врз факти, аргументи, а градот реално да ги дефинира своите туристички потенцијали бидејќи според него, само на таков начин ќе ги најде вистинските одговори каде ќе се движи турзимот.

Азески истакна дека автопатското поврзување на градот, постоењето современ аеродром, субвенционирање на туризмот, придонесуваат за подобрување на состојбите во туризмот, но независно тоа, мора да се работи на унапредувањето на состојбите.

Став на експертите е дека покрај мерките и разработување стратегија за во иднина, да се преземат и некои итни мерки, и тоа веднаш, како воведување т.н. „happy hour“ кај угостителските објекти, додека кај хотелите да се работи на зголемување на просечниот број денови на престој, со понуда за пониски цени или гратис ноќевања за продолжен престој, додека истовремено туристичките агенции да работат на привлекување туристи од државите кон кои веќе оперираат субвенционирани евтини авиокомпании.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom