Македонска ракометна репрезентација - (жени)

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.659
Каква легенда е Магдинчев.
Сред наш налет, префектни први 15 минути, побара тајм аут со кој ја прекина серијата и Германките фатија приклучок...

Добра утакмица, не очекував вака да изиграат. Добра одбрана игравме и Зафирова беше одлична на голот. Кај брани оваа Зафирова? Да не имала некое друго презиме порано? Прв пат ја гледам во животот...
Мечевска изигра феноменална партија, а и Младеновска беше добра во одбраната. Десподовска е преспора во напад. Иако даде солиден број на погодоци, сепак не ми остави некој впечаток. Срамота е Штерјова да не ја земаат за таа позиција. Саздовски станала ептен очајна...
А како само го отовривме мечот.
Имавме 6-0 и првиот гол го примивме во 13-та минута.
Вториот гол го примивме во 18-та минута.
За 18 минути примивме само 2 гола против Германија.
Крилата колку ни беа очајни. Таа Ристовска :eek:
Ако она е најдоброто десно крило, тогаш логично е да се запрашаме какви се другите? Обавезно да се натурализира играч за оваа позиција. Кај во напад беше камен, утна чиста контра, туку и во одбрана два пати не пресече чисти топки, немаше никаква проценка на летот на топката...
И Митрова дрво на другата страна, џабе играат двете крила.
И општо крилата на теренот беа очај, како нашите така и Германките.

Второ полувреме влегоа фуризоно, се гледаше дека ќе паднеме во играта. Цело време игравме со Елена Герогиевска и напред и назад. Издиша и она, и толку беше од нас, иако до 45-та минута се држеве одлично. Ленче Илкова влезе во нападот како пикер, може згреши што ја извади Мечевска, но сепак и Ленче не беше толку лоша.
Многу сме спори само, они за две секунди беа пред наша гол, ни пет минути ни требаше во напад да тргнеме.
Волтеринг се разбрани, Алтхаус не искина во одбрана, а Миневскаја не растури во нападот со умешни влезови на пикерските позиции. Цело време под зоната додаваа до пикер и даваа голи или вадеа пенали.
Добра е оваа Мивескаја, треба да ја соберат за вториот тим на Вардар :D

На крај резултатот сепак беше добар, а вреди да се одбележи дека Мечевска имаше контра која успешно ја реализира :D
 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.152
Поени од реакции
2.754
Зафирова брани во Кастриоти Косово ;)
Не е веќе Младеновска сега е Ѓорѓевиќ..
И Десподовска да не ни беше ќе губевме уште на полувреме.
Оваа Ленче пријатно ме изненади стварно.Абе од секогаш сме имале солидни пикери и кај мажите и кај жените :)

Каков вир ќе се направеше пред голот на Волтеринг ако не бришеа после секое паѓање на Мечевска :D:ROFLMAO:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.659
Десподовска дала 9 гола од нашите 16, значи повеќе од пола :D

Крилцето Ристовска со 2 гола, трет стрелец во екипата :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.659
http://wch-mkd2014.mk/index.php/mk/
Официјалната страна за СП под 18 години кое ќе се игра во Македонија, а стартува на 20 јули :)

Има некои заинтересирани за мечевиве од групава во Скопје? :D
Пример Кореја-Казахстан звучи како интересна утакмица :D
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Нашиве изгубиле од Германија 20-24... Со оглед на тоа што на претходните првенства не пумпаа по 30 разлика, ова и не е така лошо.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.659
Од тоа што гледав денеска:

Бразил-Шведска 24-23
Кореја-Холандија 29-26

Два одлични мечеви меѓу 4 добри противници.
Швеѓанките ако не се лажам дојдоа како 3-то пласирани од првенството под 20 години и очекував денес да го демолираат Бразил.
И беа подобри, одлично школувани со изразит Скандинавски ракомет, али налетаа на низа индивидуалки кои го решија мечот.
Бразилките имаат една ракометарка која тим како Вардар на пример мора ПОД ИТНО да ја потпише.
Страшно потсетува на Барбоса Кабрал, каков само брз дриблинг има, немам зборови :D
Хмирова аут, Паула Бруна ин :icon_mrgr:
Голманката на Бразил истотака ми остави маестрален впечаток. Шведска постојано водеше со по 2-3 разлика, а разликата ја одржуваше токму голманката Дијаз која сигурно собра над 15 одбрани, меѓу кои неколку зицери.
Бразилките имаа Силва мислам се викаше, како камила беше во фацата, една глава беше повисока од другите, кога ќе кренеше раце прав двометраш :icon_mrgr: Се разработи на крајот откако ги помина пола позиции, сите бековски и пикерската позиција :icon_mrgr: За во одбрана имаа одличен пикер, Коста :icon_mrgr:
Бразил скоро и да го губеше мечот пред селекторот да стави во игра една пониска ракометарка како централен бек. Каков само шут од зглоб вадеше, мајко мила.
Името и беше некако Карнеиро или слично... Бразилките беа добри и по крила.
Мечот беше изедначен скоро до крај кога на минута до крај Бразил поведе со 24-21...
Шведска даде брз гол, па украдоа топка и намалија на 1 разлика, но имаше само 4 секунди во кои не можеа да направат ништо повеќе.
Швеѓанките беа добро покриени на крилните позиции, а цела игра има ја носеше бекот Јохансон. Крупна, но и многу брза ракометарка Како што би рекол еден мој другар, веќе го гледам новиот предводник на Шведска во женски ракомет :icon_mrgr:
Шведска имаше поддршка од околу 30-тина Швеѓани, но на крај Бразилките ја прославија победата со неколку Македонци кои навиваа за нив. Додуша сите Македонци во салата (10-тина) навивавме за Бразил.
Многу ми беа интересни дека на крај ја пееа ЧУЏУКА која ако не се лажам значеше Курва :D
Интересно беше да се види како при секоја акција ракометарките се бодреа меѓу себе (важи и за обете екипи).

Корејките се ебани МУШКИИИИИИИИИ!!!
Не може да се опише, мора да се види во живо...
Сите се по 1.60 високи, со исти фризури, ебани ШЛЕМОВИ...
Ама како изиграа :drk::cuc:
Која брзина ја манифестираа и кондиција, секоја чест...
Холандија по конструкцијата на ракометарките ми изгледаше како голем фаворит. Сите беа како магарици високи, слаби, ми изгледаше дека се главни фаворити за освојување на првенствово :icon_mrgr:
Корејките едино нешто што им фалеше беше ГОЛМАН. Едната беше кацетина, тотално незаинтересирана, а другата беше штачка, што беше уште полоша.
Корејките отворија катастрофално и Холандија водеше со 1-3. Тренерите на Кореја побараа тајм аут и од тогаш го завртеа мечот. Интересни фаци беа тоа тренерите нивни, го анализираа одлично и претходниот меч. Се гледа одма школован народ. Како само тренираа, и при тренингот едно дерење маваа, цела сала се паѓаше од смеење. Се како под конец, носат шишиња за тренинг, топките, пешкирите, никаква друга емоција не даваа :icon_mrgr:
Холандија навидум изгледаше дека нема да има проблем со одбраната на Кореја, ама испадна спротивното. Со брза игра го неутрализираа противникот, но Корејките имаа голем проблем да постигнат гол.
Ќе направеа добра акција и ќе извадеа пенал, но никако не можеа да погодат.
Замислете имаат 6 промашени пенали по ред, сите со одлична одбрана на голманката на Холандија која имаше маестрален прв дел.
До 40-та минута имаа скор 1/7 од линијата од 7 метри :pos:
Холанѓанките имаа една ракометарка која се гледаше дека има потенцијал, Амега се викаше, ама очигледно поради нејзината денешна лоша партија, на крајот заминаа поразени. Доцна се разбуди, а претходно во текот на мечот без број грешки направи. Голови даваа на среќа, или преку една кацетина бек, која шутираше од далеку :icon_mrgr: Беше 12-10 за Холандија, кога од 35-тата минута Кореја почна буквално да го меле противникот.
Почнаа да им крадат топки, да погодуваат од контри, конечно почнаа со реализирање на пенали (4/10 имаа од пенал на крај), скоро цело полувреме Холандија поради исклучувања играше со ракометарка помалку и се тоа придонесе Кореја да се одлепи на 4 гола разлика.
Одржуваа 4 гола разлика во последните 10 минути, кога Холандија намали на 28-26. На минута и пол до крај, Холанѓанките пресекоа топка и отидоа во чиста контра која свињата голман на Кореја успеа да ја фати :vozbud::vozbud:
Тука беше крајот, а во следен напад Кореја само ја потврди победата.
Холанѓанките не се толку слаби, дадоа и неколку убави голови со цепелини.

За жал не можев да ја гледам Тунис-Казахстан која завршила со победа на Тунис од 5 разлика. На страната на првенството пишале дека ова бил најнеизвесен меч. Каков непрофесионализам, врска нема, минимум 3-4 понезивесни мечеви имаше во текот на целиот ден од овој меч...
Очигледно беше дека овие две екипи нема што да бараат во групава... Казахстанките од авион се гледаше дека се убедливо најслаби, а овие Тунижанките сите беа како кобили. Два на два метра. Казахстанките според тренингот што го видов само еден добар пикер имаа како Анжела Платон :D

Слаба посетеност на туринорв во Скопје. Очекував барем некои спортски работници да гледаат. Очекував Вардар да пушти некои да скаутираат тука :facepalm:
Ако не извадиш некои млади ракометарки од вакви првенства, тогаш не знам каде би ги барал.
Доне беше тука да гледа и даваше некои коментари, а и Манасков беше во сала...
 
Член од
14 август 2012
Мислења
1.705
Поени од реакции
738
Со кој игра Македонија наредна и до кочлу години са виа кадетките
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Може да оди да се гледа нешто. Коњаник пиши кога ќе одиш на нешто од тука и јас сакам да погледам. Ќе му пратиме после скаут репорт на Самсоненко :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.659
Може да оди да се гледа нешто. Коњаник пиши кога ќе одиш на нешто од тука и јас сакам да погледам. Ќе му пратиме после скаут репорт на Самсоненко :D
Утре цела програма би требало да ја следам, од 15 часот до колку што можам (докај 8 некаде...).
Задутре е ден за пауза, па во среда претпоставувам ќе гледам некоја утакмица и после тоа нема да можам да гледам веќе :(
 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.152
Поени од реакции
2.754
Кај ги ставија нашиве у Струмица а баш сакав да ги погледам.Посебно да видам како брани нашата легенда Петковска :D а и Ладева би требало да добива шанса па да бранат по едно полувреме.
Керамитчиева под итно да се земе во вториот тим на Вардар, трубам веќе цела година:)
Страшен потенцијал е девојчево, ако најдете стрим фокусирајте се на средниот бек т.е број 23(тој го носи во Металург а би требало и во Репрезентација).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom