Македонска ракометна репрезентација - (жени)

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Убаво си беше пишано погоре за врските на тато и мама. Магдинчев се правдаше дека Штериова не играла во Вардар, и дека нема да дозволи преку репрезентација девојките да си обезбедуваат трансфери во странство. Ете играше во купот и во првенството последниов период, исто како и останатите од Металург и вториот тим на Вардар. Ама и без репрезентација Штериова си обезбеди трансфер во Вац наредна година. И Маневска ја нема, а им е најдобра во Вардар. За "странките", Десподовска и Георгиевска мислам дека ќе бидат вклучени во составот. Ова се само за тренинзи повикани. Така беше и пред утакмиците со Русија.
 
Пред негови очи Штеки ги полнеше Металург во финалето и полуфиналето на купот. Забло еден скапан. Ќе се кошкаме со Лихтенштајн и Андора.
 
@RMCF_Vide ќе ви објасни сега дека врска немате и дека мора да играат СИТЕ од металург пошто они се клубот репрезентација :icon_mrgr:

Битно Митова ја земале, другите небитни :icon_mrgr:
 
А не се спомнуваше еден период по медиумиве дека Виноградова и Костјукова ќе играат за репрезентација? Има некој инфо што бидна од сето тоа?
 
А не се спомнуваше еден период по медиумиве дека Виноградова и Костјукова ќе играат за репрезентација? Има некој инфо што бидна од сето тоа?
Мислам дека Костјукова треба да наврши 2 години како резидент во Македонија па да игра ама не ме фаќај за збор, не сум сигурна.

абе ајде доволно добри девојчиња да Индира ги пушта против постари од нив 4-5 години, не се добри за Македонија.... на крај точно ќе испадне тоа дека е ифрит зошто го ишутираа од Вардар.
 
За тоа што го избркале од клубот, ни во најмала рака не треба да му се криви девојките. Треба да гледа за доброто на репрезентацијата, а не да расчиствува сопствени сметки и фрустрации. Ако е заради тоа, крајно непрофесионално однесување е тоа.
 
Како дел од подготовките за последните два квалификациски натпревари, селекторот на женската репрезентација Ристо Магдинчев го објави список на ракометарки повикани за тренинзи на ден 26.05.2014 (понеделник), 28.05.2014 (среда) и 30.05.2014 (петок) во СЦБТ „Борис Трајковски“.

СПИСОК НА РАКОМЕТАРКИ:
ГОЛМАНИ:
1. Антиќ Наташа ЖРК МЕТАЛУРГ
2. Дурланова Сандра ЖРК МЕТАЛУРГ
3. Петковска Драгана ЖРК ВАРДАР СЦБТ
4. Петковска Сара ЖРК МЕТАЛУРГ- ТУРЦИЈА
КРИЛА:
5. Саздовска Јована ЖРК МЕТАЛУРГ
6. Митрова Драгица ЖРК МЕТАЛУРГ
7. Николовска Симона ЖРК МЕТАЛУРГ
БЕКОВИ:
8. Ливриниќ Елена ЖРК МЕТАЛУРГ
9. Јовановска Дајана ЖРК МЕТАЛУРГ
10. Керамитчиева Теа ЖРК МЕТАЛУРГ
11. Саздовски Ивана ЖРК ВАРДАР СЦБТ
12. Белеска Андреа ЖРК МЕТАЛУРГ
13. Величковска Габриела ЖРК МЕТАЛУРГ
14. Дордиевска Душица ЖРК МЕТАЛУРГ
15. Гроздановска Симона ЖРК МЕТАЛУРГ
16. Митова Сара ЖРК ВАРДАР СЦБТ
ПИКЕРИ:
17. Мечевска Робертина ЖРК МЕТАЛУРГ
18. Младеновска Наташа ЖРК МЕТАЛУРГ
19. Илкова Ленче ТУРЦ


:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
Поглуп избор амин :facepalm: каде е тука Ѓорѓиевска,Десподовска или они отпосле ќе се приклучат?

Премногу средни бекови се земени во репрезентацијава.
Земена е Ливриниќ и Величковска што првата игра по минута и четириесет и пет секунди по натпревар а втората е најлошиот среден бек во Македонија без преспектива во иднина, а изоставена е Маневска која си гази на среден во ЖРК Вардар 2 (y) а и Маја Трпковска исто така има поголема минутажа од овие две.
Тука прв избор ќе биде Душица нема дилема, но против нас за жал ниеднаш не ја видов да се крене на шут :(
____________________________________________________________________________
Гроздановска од десно крило магично ја трансформираа во десен бек :facepalm: она крилоно Саздовска Јована е повисока од неа :tapp: мада оваа Гроздановска има незгодни удари од под блокот.Белеска е више трет избор.
____________________________________________________________________________
Јовановска Дајана>Марија Штериова :cuc: верувам дека ќе биде трет избор после Саздовски и Митова (y)

Керамитчиева е универзалка како Хмирова ;) Секоја чест за девојчево има 16 или 17 години не сум сигурен.Саидова ја избуши од дистанца а и пенал некој даде мислам.Преку 180 цм е, има релативно прецизен шут.Нека работат правилно со девојчево, да не се заебаваат да не го упропастат.
____________________________________________________________________________
Околу крилава ајде Митова има искуство колку толку, aма другиве незнам баш како ќе се снајдат :unsure:
Што бидна со Костиукова?
____________________________________________________________________________
Онаа Иаломитенау нели ќе ја натурализиравме??
Ако не прв избор таму ќе биде Антиќ, мада и нашата "легенда" Петковска не е за потценување :P
____________________________________________________________________________
Пикерите се тие.Моментално неаме подобри :( Мечевска за во одбрана, за позиционен нека иде Младеновска.Оваа Илкова нема ни да влезе сигурно.
сосема си во право.
Голман-требало да ја земат Дијана Наумовска , моментално игра во Грција , и има колку толку исксутво. Ивана Зафирова добра партија прикажа против Русинките на Кале па сега ја нема.
Крила-тоа е изборот, немаме опции
Бекови- Ивана Маневска и Маја Трпковска заслужија да бидат во Репрезентација, Маневска игра можи цел натпревар или 50 минути а тие девојките од втор тим Металург играат само едно полувреме или не влегуваат воопшто. Маја Трпковска се врати во форма .
Тања Шалевска против сите екипи дава 15 голови, против Металург 14 даде. заслужува барем да биде на спсиокот или резерва, сама си игра, и дава, и пенали изведува, и крило и пикер си игра .
Пикери
Би требало шанса да и се даде на Гакидова од Металург втор тим и пикерот од ЖРК Вардар .
Со приклучувањето на Елена Ѓоргиевска, Деспотовска Зорица и Екатерина Костјукова некои ле летат од список
и секако Моника Јанеска по 1000 пат заслужува да игра во Репрезентација
 
Последно уредено:
@RMCF_Vide ќе ви објасни сега дека врска немате и дека мора да играат СИТЕ од металург пошто они се клубот репрезентација :icon_mrgr:

Битно Митова ја земале, другите небитни :icon_mrgr:

Тебе те чекав на другата тема :icon_mrgr:

Никаде не сум рекол, ниту некогаш ќе речам дека треба да играат сите од Металург. Во репрезентација треба да играат само најдобрите, било од кој тим и да се. Ниеден тим не е побитен од репрезентацијата
Цитирај ме на другата тема ако имав нешто неточно пишано и исправи ме :D
 
како можи за репрезентација да игра една Велечкоска која игра само 2-3 минути ?????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????? и не само на еден, туку на сите натпревари толку игра, дури и со кожувчанка од штип .
не се надевајте на некаква сензација од репрезентацијава, со овој состав ќе губиме и од Австралија
 
Убаво си беше пишано погоре за врските на тато и мама. Магдинчев се правдаше дека Штериова не играла во Вардар, и дека нема да дозволи преку репрезентација девојките да си обезбедуваат трансфери во странство. Ете играше во купот и во првенството последниов период, исто како и останатите од Металург и вториот тим на Вардар. Ама и без репрезентација Штериова си обезбеди трансфер во Вац наредна година. И Маневска ја нема, а им е најдобра во Вардар. За "странките", Десподовска и Георгиевска мислам дека ќе бидат вклучени во составот. Ова се само за тренинзи повикани. Така беше и пред утакмиците со Русија.

Па на простаков тоа би требало да му е и него приоритет, да создаде добар тим па ако може и сите до една да се продадат во странски појаки првенства. Со тоа ќе добие и репрезентацијата на квалитет. Јас него можам да го разберам, толку му фаќа црпката. Него од федерација овие неможам да ги разберам што толерираат и плаќаат вакви тренери.
 
Со Алтхаус во Скопје – Јенсен повика 16 ракометарки за дуелот против Македонија

Во неделата вечер, германскиот селектор Јенсен го објави списокот со 16 ракометарки кои ќе настапат во германскиот состав против селекцијата на Македонија како дел од квалификациите за Европското Првенство. Од составот кој ја победи Холандија на два пати (30:23, 28:27), отпаднаа две ракометарки, Ен Катрин Гајгерих и Франциска Мицнер. Во составот ќе биде вклучена и новото засилување на ЖРК Вардар СЦБТ, Ања Алтхаус, која по контролните натпревари, доби зелено светло од медицинскиот тим да се соочи со Македонија.

Со победа во Скопје, Германија и дефинитивно ќе се квалификува на Европското Првенство. „Нашата цел се две победи, но одиме чекор по чекор. Затоа сме целосно фокусирани на натпреварот во среда.“, изјави Јенсен. Место за паника во германските редови нема, но Германките работат на целта да бидат што подобри од натпревар во натпревар. „Имаме многу алтернативи во тимот, можеме да испробуваме секакви акции и тактики и се` уште имаме простор за подобрување.“, додаде Јенсен.
Капитенот Клара Волтеринг, која неодамна играше во финалето од женската ракометна Лига на Шампиони е исто така оптимист: „Во Скопје очекуваме вжештена атмосфера, но не сакаме ништо да оставиме на случајноста и сакаме уште во среда да ја завршиме работата.“

Германија во Скопје ќе допатува со следниве ракометарки кои ќе одиграат во дуелите против Македонија на 11 и 14 јуни:

Голмани: Клара Волтеринг (Будуќност), Јана Краузе (Турингер);
Крила: Натали Аугсбург (Спрефукс Берлин), Анџи Гешке (Олденбург), Свења Хубер (Турингер), Марлен Цапф (Баер Леверкузен);
Бекови: Кристин Баер (Спрефукс Берлин), Саска Ланг (Лајпциг), Ана Лорпер (Олденбург), Шениа Миневскаја (Мецинген), Сузан Милер (Лајпциг), Ким Наидзинавичиус (Баер Леверкузен), Лаура Штајнбајх (ФТЦ Будапест);
Пикери: Ања Алтхаус (Вардар СЦБТ), Ана Милер (Лајпциг), Лиза Шулце (Лајпциг).

Фашистката денес пристига на аеродром :sneaky:
 
Јас малце ќе закаснам ама идам 100% :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom