Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Стеф, збор два за појасов http://www.bidifit.com.mk/cel-na-vezhbanje/slabeenje/u-slender-pojas.html вика: ,,Ги тонира и зацврстува стомачните мускули, без активно вежбањ, имитира стомачни вежби, што помага во зајакнувањето на стомачните мускули“ дали ова е револуција во фитнесот и не мора веќе да се замараме со напорни тренинзи? :)[DOUBLEPOST=1405348451][/DOUBLEPOST]
Де бе, бар ти препознаваше сарказам
Ако веруваш во маркетинг ќе отидеш банкрот.
Подобар избор ти се чучњеви и мртво кревање.
Дали хеланките за слабеење стварно топат масни на…: http://youtu.be/Zg9ad8IhHpg
 
Ако веруваш во маркетинг ќе отидеш банкрот.
Подобар избор ти се чучњеви и мртво кревање.
Дали хеланките за слабеење стварно топат масни на…: http://youtu.be/Zg9ad8IhHpg
Добро, а што мислиш за повеќенаменскава справа од биди фит? Сакам да ја комбинирам со клупа за стомачни и бенч клупа со тегови. Целта не ми е бодибилдер ко тебе него нба тело или во краен случај дејвид хазелхов од бејвоч.
 
images


Денеска го земав оваа профи мас и не ми е баш најјасно како се пие?!Пишува од 1-4 пати да се пие дневно,јас сакам 2 пати после тренинг и пред спиење.
Е сега не ми е јасно колку грама се зема,еден човек кој е бил боди билдер и кој има теретана ми вели 2 пати по 30 грама,додека на кесичката пишува 50гр.
И не ми е јасно се раствора во само 100 мл млеко или бода,нели е тоа премалку?

Зимај по 50гр. а тоа во колку мл го раствораш нема врска тоа само зависи колку сакаш да ти биде густо јас секад растворам со 400мл таман ми е :X3: Пиши после колку си накачил и такви ствари за месец дена
 
images

за да имаш најдобар ефект пиј го веднаш после тренинг и пред спиење, содржи во него и CASEIN ,што го прави одличен и за навечер. Дозирањето е 50г во 100-150мл (вода или млеко), ако го раствараш со млеко, го збогатуваш.
[DOUBLEPOST=1405423976][/DOUBLEPOST]http://pbc.mk/proizvodi/gejneri/critical-mass-detail
Од тука си нарачав гејнер ,ААКГ-аргинин и витамини, верувале или не, јас зголемив на мускулна маса а намалив на маснотии и сало околу стомакот :). Во теретана вежбам за зголемување на мускулна маса и еднаш во неделата кардио тренинг.
 
Последно уредено:
Фала братко.Не сакам јас многу маса да качам,мислам може ама само мускулна,неам стомак и така сакам и да остане.Градиве да ги исполнам што е можно подобро.Иначе 2 години тренирам без прекин,а минатото лето пиев веј протеин.За резултатите ке јавам,моментално варирам помеѓу 71 и 72 кг,ама за мене ке е топ и до 80ка да сум.
 
До поискусните..

кога вежбам грб,правам вратило 3 серии по максимум колку можам,потоа правам влечење со тег,па мртво дигање,па или лат машина или таа другата машина за грб(не знам како се вика) па правам веслање со шипка за лат,и на крај правам на справа за вратило,со килажи која те дига нагоре,ставам на 40-45 кг,јас сум моментално 82 кила.

е сега ме интересира,дали е булшит таа справа и дали не се дигаш воопшто,или по моја логика,се дигам со 50% од сопствена килажа ?да ја правам или да не губам време на неа ?
 
Прави ја,јас ја правам со помош 15кг,10кг,20кг,самиот ке осетиш дека се уморуваш и дека има ефект од неа.
Инаку по мое треба за грб да правиш максимум 4-5 вежби но со повеке серии.
На пример за грб:

7 серии правиш позади
6 серии напред
5 правиш со едноручни,влечеш со плеќи
4 серии правиш било која друга вежба за грб
 
Дали е можно поради временските (не)прилики (еден ден е 32-3+ другиот 20-24-5), да се губи концентрација, сила, желба за тренинг или е до мене ?
 
Дали е можно поради временските (не)прилики (еден ден е 32-3+ другиот 20-24-5), да се губи концентрација, сила, желба за тренинг или е до мене ?

Не знам дали е до тоа,но и мене ми се дешава,и тоа ме прави многу нервозен.
 
Не знам дали е до тоа,но и мене ми се дешава,и тоа ме прави многу нервозен.
Сум забележал дека почесто се случува кога времето ќе се мени драстично преку ден.
Пример вчера, одам и јаден и спиен, а се зевам, ни со вода успев да се свестам, ни со кафе. :cenzura:
 
Зошто кога се кревам на вратило,осеќам како да немам сила во рацеве ? значи,како прстиве да неможат да ме држат..не дека немам вежбано на вратило,иам вежбано и п90х,каде што праев над 25-30 повторувања на вратило(нормално,не во серија), а во теретана сум ги правел по 10 во серија,но сега имам накачено околу 8-10 кила+подолго време немав вежбано,но еве после 1 месец уште не ги осеќам како "свои" и многу сум слаб на вратило,сега...

не знам,можеби е до килажата,или до тоа што имам слаба подлактица(споредено со останатите делови)

а мртво на пример,правам и веслање со шипка накај стомак,и стандард мртво дигање,со 60 кг,можам и уште да ставам но сеуште немам појас и нејќам да се форсирам.

Со еднорачен тег влечење,правам со 25 кила,10 повторувања...

што да правам,да јачам подлакт и стисок,и во фаза на слабеење сум,па ќе се вратам во стара форма за вратило,или што е решението ? во друго,во се сум вратен за килажи и повторувања,ама вратило јок..
 
Дали може некој да ми прати програма зa домашно вежбање без справи, само еднорачни тегови и вратило, за од понеделник до сабота? Барав на Google но скоро сите се со справи, а останатите се сите мускулни групи во исти ден. Благодарам однапред.
 
Дали може некој да ми прати програма зa домашно вежбање без справи, само еднорачни тегови и вратило, за од понеделник до сабота? Барав на Google но скоро сите се со справи, а останатите се сите мускулни групи во исти ден. Благодарам однапред.

P90Х јас би ти препорачал.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom