Бунтовниците поддржани од Русија веќе имаат пукано и соборено други летала и тоа никој не го негира, неодамна набавија БУК проектили кои ја имаат доволната дострелна моќ за да достигне летало од овој тип, според нивни канали, профили и форуми и пред да се прочуе за ова, тие самите се пофалија со урнато воено летало, дури и го снимаа чадот од нивниот плен.
Веројатноста, можноста и коинциденцијата тука се мали.
Велам наводи затоа што не се работи за факти, ама тие имаат многу повеќе тежина наводите од тоа дека Украина или САД го урнале или наместиле авионот да го урнат бунтовниците. Пример сликата со летовите која ја принесе како доказ, и која не е точна.
Постои простор за дискусија на пример зошто имало таков пропуст од Управата за летање на Украина која не забранила да се прелетува на таа територија, и дали со тоа можеби само сакале да се деси вакво нешто, ама ќе признаеш тоа е тешко тврдење.
Не летал само тој авион, со месеци има воена зона и над тие подрачја прелетуваат многу авиони. Еден обучен техничар кој ракува со такви проектили и машини би препознал комерцијален од воен авион според брзината и висината на прелетот, и затоа и во други воени подрачја на други места во светот не било забранувано прелет. Така да ова не е преседан.
И дури и ова се да е намерно, пак тежината за самиот настан, макар и да бил како грешка, паќа на терет на бунтовниците и на Русија што ги поддржува и снабдува.
Во рутата на летот нема ништо специфично, и игнорантно е да велиш дека тоа треба доправа да се чека, кога ништо значајно не сугерира дека било спротивно.
Во ред, да речеме дека ти држи вода теоријата, иако ама воопшто не ти држи вода теоријата.
Објасни каква корист би имале новоруските бунтовници и Русија од соборување на патнички авион ?
И онака веќе ги бомбардираат од сите страни и целиот свет не ги признава како легални и легитимни власти во источна Украина, па дури ни Русија не ги признава како такви, и кога веќе на дебело ја губат граѓанската војна во источна Украина, каква корист би имале од соборување на патнички авион, кога сигурно се свесни дека целиот свет ќе ги осуди и ќе даде амин за нивно целосно ликвидирање и срамнување со земја ?
Работава се повеќе и повеќе мириса на Сирија во август 2013, имало напад со нервен гас врз цивилно население и од самиот почеток - го осудуваат Башар ал Асад, иако воопшто не беше ни потврдено дали навистина имало напад со гас или станува збор за добро изрежирана видео снимка. Подоцна се докажа дека навистина имало напад со нерверн гас, но никогаш не се докажа кој е виновникот.
Но сепак САД и Велика Британија почнаа да ги позиционираат своите носачи на авиони во близина на кипарското и сириското крајбрежје, со цел да ја бомбардираат Сирија.
Но одеднаш наидоа на 2 сопки:
1. Владимир Путин испрати руски воени бродови во близина на сириското крајбрежје, вклучувајќи го и единствениот руски носач на авиони - Адмирал Кузњецов;
2. Мнозинството пратеници во британскиот Парламент гласаа против резолуцијата на Дејвид Камерон за употреба на воена сила против Сирија.
Па за да не испадне дека без потреба трошеле гориво за носачите на авиони и да не испадне дека Џон Кери без потреба тропал глупости, кога велеше дека како татко е згрозен кога гледа како други родители ги држат во своите раце безживотните тела на своите деца, поради што мора да се превземе воена акција против Сирија и против Асад, за да не испадне дека сето ова беше за џабе, западот побара од Сирија да го предаде целото свое оружје за масовно уништување за истото да биде уништено.
Патем, кога сме кај Џон Кери - потрчкото на Барак Хусеин Обама и на воениот профитер Џон Мекејн, каде е тоа дете ?
Сеуште не сум видел, ниту слушнал од него изјава за тоа како е згрозен од глетката на патнички авион урнат во источна Украина, според негови зборови - несомнено соборен од страна на новоруските бунтовници, поддржани од Русија, кои мораат да бидат казнети, да се соочат со правдата и да сносат последици за ваквото ужасно злосторство.
Работава со овој патнички авион урнат во источна Украина се повеќе и повеќе мириса на Сирија во август 2013.