IgorChete
27
- Член од
- 4 февруари 2009
- Мислења
- 7.733
- Поени од реакции
- 7.549
Се сложувам дека е пропуст.Да те корегирам за две работи.
Ако немало забрана за цивилни летови над воена зона каде е познато дека постојат САМ системи кои можат да соборат и авион на таква висина е огромен пропуст на цивилната авијација во таа земја. Кој со здрав памет ќе пушти авион над воена зона каде веќе биле соборени неколку авиони?
Второ. Маршутата во цивилна авијација не се менува како ќе му текне на пилотот туку е однапред утврдена и за секоја и најмала промена мора да се извести контролата на летање. Секако дека од некоја причина може да се смени маршутата ама тогаш може и да се случи несреќа.
Веќе пишав по ова прашање, според меѓународните регулации воздушна зона каде што се води војна како оваа не е забранета затоа што се смета дека патничките авиони летаат превисоко за да бидат во опасност.
Одредени индивидуални авиокомпании имаат право да им забранат на своите пилоти да летаат низ таква зона, Air France и British Airways така направија за Украина.
Сега сите летови низ источна Украина се пренасочувани, но сега е предоцна.