Падна малезиски авион во Украина.

  • Креатор на темата Креатор на темата templar55
  • Време на започнување Време на започнување
Грешка ми беше фт и км.

Сепак ми држи муабет, бидејќи со игла беа соборувани Су 25 кои летаа од 2000 до 4000 метри. Исто и за хилихоптерите. Во домет на Иглата беа.

АН-26 пред некој ден што го соборија леташе на височина над 6000метри. Тој со што бил соборен?
 
Не се споредуваат ИГЛА и БУК.ИГЛА ти е во суштина рудиментарен ракетен фрлач, додека БУК е напреден интегриран радарски систем, гадна работа.
Кога прочитав прееска први информации за авионот, си викам - ова мора да е БУК.
Све си мислам дека ова е грешка, мислеле дека е воен авион или нешто слично.
Како било, РИП.
 
А зошто воопшто би срушиле патнички авион Русите од слободните територии. Што би добиле од тоа освен што ке им оди во прилог на украинските неофашисти, кои уште непаднат авионот се исполигавија дека русите го срушија. Почнувајки од тука од дежурните прозападни борци за слобода па и секаде по нетот. Истите тие што палеа живи луѓе , што гранатираа цивилни и невоени цели и досега што направија еден куп грозоморни убиства за што комотно да не беше ова поддржано од демократскиот запад судот во Хаг ке имаше уште многу многу работа.
Ај ако можи некој демократ тука да објасни не со што и како туку зошто го рушиле и што би добиле и изгубиле со тоа.
 
Така де, така, сите се криви освен тие што го срушиле авионот.
Јас мислам медали да им дадеме на руските сепаратисти за рушењето на патничкиов авион.[DOUBLEPOST=1405630355][/DOUBLEPOST]
И колку пати треба да се пише дека воздушниот простор на Украина не бил нит затворен нит забранет нит рестриктиран за патнички авиони?
Мислите со своја глава или трескате само тоа што ви одговара?
Гледај ја маршутата по која летал и ке видиш дека намерно е пренасочен, не сери само.
 
Не ми држат вода теориите дека украински ловци го следеле авионов, јасно е дека ова е дело на прорусите ама воопшто не ги кривам зошто војна е и очигледно мислеле дека се работи за украински воен авион. Овие од Киев треба да сносат поголема одговорност што очигледно намерно го усмериле авионот во тој правец знаејки дека прорусите ќе пробаат да го соборат и него..

Како и да е целта на Киев е исполнета, уште поголема подршка од меѓународната јавност..
 
АН-26 пред некој ден што го соборија леташе на височина над 6000метри. Тој со што бил соборен?
Епа за тој Ан се обвинува Русија дека оборила со воен ловец. Малце информирај се пред да тролаш.
 
А зошто воопшто би срушиле патнички авион Русите од слободните територии. Што би добиле од тоа освен што ке им оди во прилог на украинските неофашисти, кои уште непаднат авионот се исполигавија дека русите го срушија. Почнувајки од тука од дежурните прозападни борци за слобода па и секаде по нетот. Истите тие што палеа живи луѓе , што гранатираа цивилни и невоени цели и досега што направија еден куп грозоморни убиства за што комотно да не беше ова поддржано од демократскиот запад судот во Хаг ке имаше уште многу многу работа.
Ај ако можи некој демократ тука да објасни не со што и како туку зошто го рушиле и што би добиле и изгубиле со тоа.
Не знаеле руските сепаратисти дека е патнички авион. Најверојатно мислеле дека е воен транспортер каков што срушија пред месец дена.

Еве ти пресретнат разговор помеѓу високи офицери на сепаратистите, дури отпосле сфатиле дека патнички авион срушиле.
 
Гледај ја маршутата по која летал и ке видиш дека намерно е пренасочен, не сери само.
И повторно, нема рестрикции за летала над 7.5 километри во тој простор, патнички авиони кои летаат на 10-11 километри височина цело време летале таму за време на конфликтот.
 
Не се споредуваат ИГЛА и БУК.ИГЛА ти е во суштина рудиментарен ракетен фрлач, додека БУК е напреден интегриран радарски систем, гадна работа.
Кога прочитав прееска први информации за авионот, си викам - ова мора да е БУК.
Све си мислам дека ова е грешка, мислеле дека е воен авион или нешто слично.
Како било, РИП.
Муабетот беше за претходните соборувања на Су 25 и Мигови. Секако дека нема шанси со Игла да се собори Боинг на таа височина.
 
154 Dutch
47 unknown
27 Australian
23 Malaysian
11 Indonesian
6 British
4 German
4 Belgian
3 Filipino
1 Canadian
 
Епа за тој Ан се обвинува Русија дека оборила со воен ловец. Малце информирај се пред да тролаш.

Не тролам.Овој што го спомнав е вториот Антонов што го соборија. Пред тоа имаше уште еден исто таков соборен.
 

Те молам отвори www.flightradar24.com и запознај се со сајтот место да продолжиш со твоите глупости кои се граничат со дебилна пропаганда. Јас убаво ти кажав дека сајтот и било кој друг сајт за следење патнички летови покажува само ПАТНИЧКИ летови. Двата авиона на твоето видео имаат слична икона така да најверојатно се работи за друг Боинг.

Второ, трасите се менуваат за време на лет цело време и тука нема ништо чудно.
Трето, забрана за летање низ источна Украина или било каква воена зона нема и никогаш немало, патнички авиони летаат на сосема различлна висина од воени авиони и користат различни радарски системи.

Да те корегирам за две работи.

Ако немало забрана за цивилни летови над воена зона каде е познато дека постојат САМ системи кои можат да соборат и авион на таква висина е огромен пропуст на цивилната авијација во таа земја. Кој со здрав памет ќе пушти авион над воена зона каде веќе биле соборени неколку авиони?

Второ. Маршутата во цивилна авијација не се менува како ќе му текне на пилотот туку е однапред утврдена и за секоја и најмала промена мора да се извести контролата на летање. Секако дека од некоја причина може да се смени маршутата ама тогаш може и да се случи несреќа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom