Антикампања за Охрид?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Од година на година охриѓани станвет понервозни. Како годинава уште послабо од лани? :)
Јас не сум по туризмов,си работам државна работа,то мојт да ти објаснит некој шо издават соби.Ама ко шо ми гледат ова година најслабо.
 
Кога охриџаните ќе бидат еснафи како Турците тогаш ќе правиме муабет за туризам. Како што кажа некој погоре сељачко однесување, а не некаква антикампања или завист е проблемот за Охрид. Да се еснафи луѓе охриџаните, нема да има антикампања, ама скоро секој или бил изгорен или знае што некој е изгорен во Охрид и нема потреба многу доказен материјал да го убедат дека охриџани секоја година се повеќе го допираат дното во однесувањето, мада скоро секоја година е истата приказна т.е не одат надолу, туку тука си се бидејќи сељачко однесување, не се поправа во година или самоук не можеш да станеш еснаф.[DOUBLEPOST=1405530586][/DOUBLEPOST]
Од година на година охриѓани станвет понервозни. Како годинава уште послабо од лани? :)
Па лани од 29.07 до 3.08, годинава од 30.07 до 3.08 :D
 
Ја користам оваа прилика да си го кажам мислењето за Охрид.

Сметам дека Охрид (+езерото секако) е уникатен, во светски рамки. (да не набројувам по ред зашто е тоа така)

Неговата уникатност, со сите карактеристики, наложува зачувување како императив, а не како опција.


Според мене, тоа треба да се наплати, затоа што Охрид е еден, а плажи како тие во Грчка има миљон у светов.

Грешките на охриѓани (или грешките на Македонија, сеедно) се карактеристични за нас. Се прават потези кои на краткорочен план носат финансиска добит, а на долгорочен - пропаст од секој аспект.

Ја најпрво зачувувањето на Охрид би го стаил во прв план и би го сменил целиот туристички концепт на градот. Во таа насока уште еднаш ќе го постирам истово, што го пишав пред неколку години:

Ја сум за по високи цени во Охрид.

...заради елиминирање на чергарскиот туризам.
Имено, охриѓани дозволија секоја шуша у дворот, ходникот, шаторот, кујната, да стаи кревети и да ги пуни со туристи. Да, он може што сака да праи со својот имот, али секоја куќа у секое крајбрежно село (и у самиот град) тоа го праи (односно им се дозволува тоа да го праат).
Со тоа енормно се оптеретува инфраструктурата на градот и ривиерата:
- многу повеќе гужви на патиштата, а со тоа по големо загадување на воздухот
- по големо загадување на околината (вклучително и езерото)
- оптеретување на: колекторскиот систем, водовод, канализација и општо сите комунални системи кои не се направени за толкав притисок

Така, ете, ја сум решил да платам поише од хотел у Грчка и идам у Десарет. Ко излегуам од хотелот у тоа селото, ај шо нема нигде место игла да фрлиш, него нема контејнери и сите сметот го фрлаат до секоја бандера, а камионче поминуе еднаш дневно и со лопата го собираат ѓубрето од секоја бандера. Бандерите се наоѓаат у сред лето у сред гужва по должината на главниот (и единствениот) пат. Па се добива какофонија од пот, смрад и гужва.
Друга приказна е тоа што хотелот, дупка пун, не ги става во погон сите сервиси и капацитети. Немаше место во хотелот и луѓе ги враќаа од рецепција. Епа коа толку ти е пун хотелот и имаш ќар, зарем тогаш ли лифтови да не ти работат, келнери нема (саат и пол за вечера се чекаше), собарки - исто. Ако при ваква исполнетост во потполност не ги искористиш сите капацитети на услуги, тогаш кога?

Поентата ми е, дека треба да се елиминира чергарскиот туризам и услугата да се подобри. Тогаш ќе може комотно да се вреднува високо летувањето на ова единствено место.

Со тоа ќе се придонесе многу за најбитната работа,а тоа е еколошкиот аспект, кој гледам дека се занемарува од страна на охриѓани на сметка на краткорочни глупости.

Охрид (и државата) прво нека глеа да го зачува езерото. Работи како, келнерот ме глеал криво и скуп ми е милк-шејкот, се глупости во однос на есенцијалните нешта за кои не се води сметка.

Сакам да идам во Охрид на одмор, нека биде скупо и нека биде на ниво.
Граѓаните со по плиток џеб нека одат во Струга, Преспа и Дојран. Не можеме да си дозволиме Охрид вака да се засерува
 
еве ви уште една анти реклама лично од мене и неколку причини зашто не би одел повторно на одмор таму....
- пансиони а ни п од тоа, мебел од турско време, душеци со излезени жици итн итн глетката е страшна :cenzura: еднаш спиев на една фотеља што се спушташе

-од 4 идења 3 пати времето беше врнежливо па со долги си се шетавме.
зборови на една србинка:
ми нисмо били на летовање
ми нисмо били на зимовање
ми смо били на кишовање

нормално на ова неможе човечки фактор да утиче али според мене е голема негативност

-таксистите, мислам ја прават работата дај да се напуниме сеа со пари па ме заболе некој што ке збори и дали ке дојде догодина, некој што не се разбира го дерат на живо, исто угостителите ги пумпаат цените а години години наназад им се префрлува за тоа ама ич не им чуе али мислам треба градоначалник да ги стегне, односно да определи цени по зони и да нема мрдање.

за услугата сум бил у неколку земји каде буквално ти го дудлаат ко да си Субрата ебате тоа и доаѓаш до заклучок дека само у нашава држава се вадат со тоа дека слабо биле платени шо ги ебам, сум станал на лева нога, у пмс сум итн муштеријата најмалку е должен ова да го трпи. И кога ке направиш суму сумарум сфаќаш дека нема шо да бараш у Охрид и пичиш негде кај што ги ценат парите што им ги оставаш.

ако е ова завист, ок нека е!
 
За услугата.Од келнер(ка) платен(а) 9-10.000 да очекуваш дудлање и хепи фејсес, тешко.А и кога не оставаш барем минимален бакшиш за сл. пат да имаш ‘предност‘.
Најголем дел од нив во лето се средношколци макс. бруцоши дојдени од страна со лажна надеж за некаква екстра заработка.Најголемата кривица е тука на газдите кои каснат со плата од лето до ноември, а во меѓувреме ќе си купат нов џип од заработката.
Пошо домашната клиентела во Охрид не е научена на оставање и минимален бакшиш (до негде сфатливо според стандардот, ама ова не им дават право изживување со келнерите), нека одредат шутраците од општина минимална плата за келнери и општо туристички работници, ако веќе можат секакви глупости.
Интересно е како при средно угостителско со 1000 и кусур ученици во Охрид, најмал дел од персоналот (посебно келнери/шанкери) се Охриѓани.
 
Демек во другите земји келнерите после секоја сезона купуваат Мерцедес
 
Убаво кажа еден член погоре ,ако плукате по нашето а се чукате во гради дека сте патриоти идите у Грчка и нека ви го дудлаат со Скопјани,Цигани,Фиромци . Солун,морето курац-палац било наше ама веќе е не така да муабети од типот " идам во нашиот дел " на друг тоа да му го кажуваат. Нај дебилен муабет што сум чул е " иако одам секоја година у Грчка таму сум со македонци во кампот " :facepalm:.

Кога ке видам колку не функционира целово општество и колку е посрана државава за мене Охрид е бисер и бисер ке остане. Со нељубезни келнери,домаќини и таксисти ја се карам до јаја и не се замарам. Ама за љубезните и фините секоја чест и знам да им пуштам ситен бакшиш и пак доаѓам кај нив.

Така да за сите што кењаат со сметките ,треба и ја секое идење на кеј,у Веро,Сити Мол,Капитол да ги сликам сметките за тоа колку е скапо таму за разлика од биртиите у Долно Лисиче,Волково,Илинден и Топанско Поле.
 
Не се проблем цените во Охрид туку услугата. Цените и не се нешто екстремно високи.
Кога јас веќе сум решила да идам на одмор, 20-30 денари плус за пиво ништо нема да ми сменат, но муабетот е кога веќе наплаќаш тогаш дај и услуга. Ко за пример, јас не сум од Скопје, а немам баш некое позитивно искуство со Охриѓани, така што муабетот со Скопјани и не ви држи вода.

https://www.youtube.com/watch?v=jA8ei7RQK_I
 

OT>
Ова е друга приказна, само добра покривка е официјалната верзија.

Концесионерот на плажата „Потпеш“ ги демантира обвинувањата на локалната самоуправа
Вести | Охрид | 16.07.2014 14:30Посети : 2103
Плажата „Потпеш“ егизистира веќе осум години и досега не сме имале никаков проблем ниту со државните, ниту со локалните иснпекциски служби. За жал, овојпат, дали од непознавање како да се увиди фактичката состојба, неправедно бевме обвинети дека сме узурпатори на просторот и дека не се придружуваме до одредени делови од договорот за закуп на плажата, вели концесионерот Димитри Пендовски, демантирајќи ги обвинувањата на локалната самоуправа, дека кај плажата „Потпеш“ било констатирано и дека има узурпација на државно земјиште.


DSC_0629.JPG



DSC_0647.JPG



Како што вели Пендовски, делот за кој што е обвинет концесионерот на плажата не е узурпиран, туку соодветно нацртан и вметнат во елаборатот кој е составен дел од планската документација.

Еве на лице место можеме да се увериме дека за делот, за којшто сме обвинети дека сме узурпатори, не е узурпиран, туку напротив е нацртан во елаборатот што е составен дел на документацијата предададена од Министерството за транспорт и врски и за тој дел, ние уредно секоја година однапред плаќаме кирија.“ - потенцира Пендовски.


DSC_0649.JPG


Исто така, Пендовски ги демантира обвинувањата на општинскиот инспекторат, дека на плажата „Потпеш“ просторот целосно е прекриен со лежалки. Според него, несовесни граѓани со чамци узурпирале дел од капалиштето предвидено за посетителите на плажата.

Во делот на лежалките за оние 40 проценти, може да се види дека 40 отсто од плажата „Потпеш“ не е послана со лежалки, туку има слободен дел кој за жал, некој несовесни граѓани, го узурпирале со стари чамци или направиле работилници. Ние многу пати имаме барано интервенција од инспекциските служби, но за жал досега немаме писмено реагирано, но ги имаме запознаено со тој факт.“ - објаснува Пендовски.


DSC_0633.JPG



DSC_0636.JPG



DSC_0639_1.JPG



Тој се надева дека овие денови ќе има средба со надлежните во локалната самоуправа, со цел да се утврди фактичката состојба на плажата.

Можеби постои некоја ситна грешка кај нас, но можеме да се договориме и истата да ја поправиме. Овојпат, во ова нивно соопштение за јавноста, неправедно сме обвинети дека сме узурпатори и дека на некој начин сме неправедни кон гостите.“ - вели Пендовски.


DSC_0641.JPG



DSC_0642.JPG



DSC_0646.JPG



Како што потенцира Пендовски, поради високиот водостој на езерото, 20 проценти од песочната плажа се наоѓа под вода.

Ние како концесионери на плажата на владеење имаме 1273 м2 по договор за користење склучен со Министерството за транспорт и врски за кој плаќаме кирија. Меѓутоа тоа е релативно, водостојот е висок, така ние имаме изгубено 20 отсто од песочната плажа, а во моментов имаме кусок од три метри, односно помалку корисна површина за капачите и нашите посетители.“ - потенцира концесионерот.


DSC_0665.JPG


DSC_0671.JPG



Плажата „Потпеш“ има ангажирано спасители на вода, а истата има 17 вработени лица.

Редовно плаќаме кирија и ги помагаме сите манифестации во општина Охрид. Ние никогаш не сме биле кочница за развојот на туризмот во градот.“ - велат од плажата „Потпеш“.


OhridNews

http://www.ohridnews.com/vesti/72602 :facepalm:
 
Не вреди да се дадат пари за одмор во Охрид.
Со истите пари ќе одам на море, поздраво а и подобро.
 
Владава прави реклами за туризмот. Минатата година и пари платија за да снимаат, гледам уште им се актуелни на јутубот.
Охрид е мртов град, годишно се иселуваат над 500 луѓе и не поради причината што нескафето на голден бич било 150 денари, туку дека нема индустрија, нема вработовање и просперитет за младината. А најтрагично е што на избори имат 90% излезеност на гласачите.
 
Место да чукна троа то главата од некој зид они тема отвараат..
Кревет е 500-600 денари а за петорица ќе ти требат 2,5-3к денвно или 25-30к за десет дена.
Цените се 50%повисоки од Скопските.
Недај боже да те закачи некој цајкан зашто возиш добра кола и си од Скопје.
Најминимално што можеш да добиеш е ќотек а недај боже тоа да биде нож или некое зрно ако на некој Ориџанец му се опулиш во чупето.

На крај на сезоната се жалите оти била слаба сезонава.Е па ќе биди а има и зошто
 
Владава прави реклами за туризмот. Минатата година и пари платија за да снимаат, гледам уште им се актуелни на јутубот.
Охрид е мртов град, годишно се иселуваат над 500 луѓе и не поради причината што нескафето на голден бич било 150 денари, туку дека нема индустрија, нема вработовање и просперитет за младината. А најтрагично е што на избори имат 90% излезеност на гласачите.
Е тоа...
Индустрија му треба на Охрид. Тешка индустрија, ако може.
Железара би било добро да ја пребацат таму. Ќе видите како одма ќе пркне градот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom