Убаво што ги размрда мозочните ганглии. Арно ама имам впечаток дека не си го разбрал постот.
Плус многу некако конфузно нафрлаш работи и скокаш од едно на друго, и делуваш неразбирливо.
Затоа ти реков оди пополека со точкит еод претходно, едно по едно објаснувај.
Ајде вака да поедноставам.
1. Прифаќаш дека етимолошкото значење на глаголот religare и неговото значење е основа на дискусијата. Потоа велиш дека духовноста и религијата не оделе заедно, повикувајќи се на дефиницијата дека религијата е обожување на супермоќен ентитет, најчесто антропоморфен. И згора на тоа велиш дека може да си ја развиваш духовноста, а да не си религиозен. Согласно моето објаснување за поимот религија не можеш.
Даваш пример кој нема врска со муабетов околу добротата на човекот и тоа да е верник, повторно потпирајќи се на тоа дека верници се оние што обожуваат ентитет Бог, најверојатно антропоморфен. Значи конфузно користиш спротивни дефиниции кога ти одговараат.
2. Во делот за вербата повторно нафрлаш мислење, а не го поткрепуваш. Што е верба за тебе? Ќе дефинираш ли и ти нешто, или се треба јас да дадам дефиниција? Си навел дека знаеш и техники на спознавање мантри, дишење и пози кои се запишани некаде? Ајде дај подобјасни каде се запишани, дали се тоа ритуали, си ги извел ти, си се споил со божественото итн.....
Јас ти напоменав дека вербата се базира на искуство и интуиција. Ред е да го потврдиш или демантираш, малку поконкретно. Тука се темелиш на тоа дека верба е догматско уверување во постоење на Бог (антропоморфен), и користење на однапред догматско дефинирани ритуали, иако убаво ти е напоменато дека за се што зборувам се однесува на секоја индивидуа посебно. Дека нивото е сведено на индивидуализам.
3. Прашуваш дали е до вербата или молитвите или пак до привлекување/одбивање на енергијата и потенцираш дека второто е чиста физика.Ч) Убаво е пишано дека надградба на твојата внатрешност, популарно наречена духовност, се темели на балансот на енергијата во клучните центри од телото. Тоа значи ако знаеш физика, ќе го постигнеш тоа, нели?
4. Се воздржувам од реплика за реинкарнацијата, оти многу време ќе ми одземе да ти кажам дека не е исто со воскреснување. Или ќе те прашам да дефинираш што претставува за тебе реинкарнација, а што воскреснување, па ќе видиме понатаму?
5. Јас не реков дека нема сличности. Напротив. Велиш си ги претумбал сите можни комбинации и со дошол до заклучок дека работата е едноставна – природноста, како што велиш.
Ајде дефинирај што подразбираш под природност? Сигурно се темели врз некои закони, нели? Кои се тие? И слично.
Мораш друже нешто и да дефинираш. Не може вака нафрлано се и сешто. Еве одбери едно нешто и почни. Почни отпозади.
Дефинирај или подобјасни што сметаш дека е за тебе природност, врз основа на кои дефиниции го темелиш тоа, врз основа на што ги исфрли сите останати можности за да дојдеш до тој заклучок.
прво и основно, не сум јас ѓурџи и да тврдам дека знам се', дека сум ги открил тајните и сл работи.
напротив, многу малку знам за да можам да тврдам нешто. но, затоа пак се трудам да дискутирам и видам дали некои мои размислувања се во вистинскиот правец или не. тоа дека некој знае, ... мало морген. затоа и го искористив зборот “дискутирам“.
природност? па се што е во склопот на природните закони и редови. редови се однесува на редот во природата. и ние сме дел од таа природа, а се однесуваме како да сме над неа. ова особено важи за монотеистичките религии, али и за многу други. чисто за илустрација на што мислам, ... животните немале душа и затоа на нев нема да им се суди пред страшниот суд. или во исламот дека не смее да се има слики од луѓе, ама од животни ДА, затоа што тие се под нас. истото важи и за растенијата. ете на каква природност мислам. да се однесуваме како дел од неа, а не над неа.
е сега да пробам со ред да идам. првиот болд, затоа и го кажав тоа дека јас не се сложувам со таа твоја дефиниција. едноставно во секоја религија си има некој кој е НАД се', некој кој е творец и контролор на сите иако во некои во помала мера, а во некои во поголема. така да тоа антропоморфен е сеприсутен. затоа и ти го дадов ко пример тоа со добротата, за да увидиш дека не може да важи тоа што ти го сакаш. не е до мене да одлучам, него не е применливо.
па самиот збор верба по себе значи да веруваш без да знаеш или бидеш сигурен во некој/нешто. можеби од некои други искуства можеш да очекуваш/предвидиш дека некој/нешто ќе стори, али тоа пак не значи дека од искуство знаеш дека е така. плус на сето тоа и догмата која забранува/дозволува некои дејанија. тоа што ти го кажуваш за секоја инивидуа посебно и не е религија. од причина што немаат ништо заедничко освен оставањето на секој со своите мисли и сикуства. ........хмммммм ме потсеќа на телемата ова. да не размислуваш натаму?
точката 3, ДА. мислам ДА. но не било која физика, него гранката која го опфаќа тој дел. исто ко со оптика да објаснуваш квантна механика, нели?
4. исто прокламираат, повторно раѓање. е сега, тоа што монотеистите го адапртирале за свои потреби, а потекнува од хиндуизмот, тоа е иста суштина, друго паковање. ај со друг пример, исламот и христијанството со жената и нејзината облека. и едните и другите велат да жената биде пристојно облечена. .......... но и сам ја знаеш таа “пристојност“ и кај едните и кај другите.
5. не сум претумбал, али се трудам да претумбувам што е можно повеќе информации и комбинации. и така едно 2-3 милијарди луѓе, во текот на неколку стотина години, па ваљда ќе испадне една вистинска мисла, нели?
не само што почвунам од позади, него и таму мислам дека треба и да се остане. дека е тоа најблику до природното, најмалку загадено од институциите.