Законот на Телема

  • Креатор на темата Креатор на темата Divider
  • Време на започнување Време на започнување
Значи кога стануваш телемит технички стануваш и член на О.Т.О.? Разбрав.
Тоа е дискутабилното... :)
Реков јас сметам дека некој е Телемит ако ми пристапи братски на соодветен начин како што треба...
Но мои браќа и сестри велат дека за да си Телемит треба да го прифатиш Законот на Телема и да дејствуваш според него, колку што можеш подобро... и да ги прифатиш книгите од класа A од Редот A.'.A.'.

Комплексно е тоа прашање... цели философски расправи има за тоа... јас се држам кон левото крило на Редот, old school : или ќе си иницијант и ќе учествуваш во мистериите на Редовите и ќе бараш иницијации или ќе бидеш само пријател на Редот и надворешен воодушевувач на Законот :)
Но тоа се мои размисли...
Ако ти мислиш дека си Телемит, ок немам проблеми со тоа, но не можам да споделувам работи со тебе кои се зборуваат и учат во Редот, се разбираме нели...
 
Значи кога стануваш телемит технички стануваш и член на О.Т.О.? Разбрав.
Телемит може да биде и оној што се пронаоѓа во телемата а не е член.....но неможе да биде сметан од страна на членовите за Брат/Сестра.
 
Ти не ме читаш... :)
Бараш иницијација во Редот, ние те испрашуваме како инквизиција за да видиме дали имаш чесни и добронамерни размисли и одлучуваме дали ќе те прифатиме како Минервал или Гостин во Редот !
Техничките барања се: да си полнолетен, неосудуван нормално и да си ја прифатил Книгата на Законот како твој Закон на дејствување на Земјата :)
А дали ќе те подржи некој во тоа барање, зависи и од тебе и од нас... но тоа не е грижа на кандидатот :)
Те читам, но мислев дека телемитите не се членови на О.Т.О поради тоа што нели Круоли како ваш основоположник претходно станал член на О.Т.О како и вашата хиерархија. Но сега е во ред, разбрав. :)
 
@Dumbledore , гледаш, @Ipsissimus не го дели моето мислење...
Ете, ме разочара... сега ќе си плачам бидејќи никој не сака сериозно во однос на Законот и Редот...
Ама ако :)

Се зезам, но сепак има различни мислења во врска со тоа дали си Телемит ако дејствуваш така или си телемит ако се само иницираш и дејствуваш...
Мислам дека секако ако го прифатиш Законот и дејствуваш во „духот на новото време“ - патот носи кон иницјација...
 
Па обично го надополнуваш и браниш, па реков да те прашам. И он не одговара на поставени прашања, да те потсетам. :)

Јас не го надополнувам, нема потреба нели. А го бранам само кога е неправедно баниран:)

Доволно е способен да сам се одбрани. Ти имаш ли потреба од старател?

Ти би сакал ја да одговорам во негово име:eek:?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Bog
Те читам, но мислев дека телемитите не се членови на О.Т.О поради тоа што нели Круоли како ваш основоположник претходно станал член на О.Т.О како и вашата хиерархија. Но сега е во ред, разбрав. :)
Кроули само го претвара старо-еонскиот Ред во одлично „материјално возило“ на новиот Закон! :)

П.С. Вака не сум пишувал одамна на форумов... брзо, брзо :)
 
Јас не го надополнувам, нема потреба нели. А го бранам само кога е неправедно баниран:)

Доволно е способен да сам се одбрани. Ти имаш ли потреба од старател?

Ти би сакал ја да одговорам во негово име:eek:?
Ај читај, секој негов втор збор е секта, заспан, ренде.....и после неправедно баниран. Праведно беше баниран и банот му траеше само неколку дена, така да нека биде среќен (и ти биди, капитенот се врати :) ). Јас немам ништо против него, само треба да си го промени односот. :)
 
@Dumbledore и @Donald Sikert - за вакви муабети има други теми... може таму да се префрлите.... пример „Прашања од до модерато“ и слично...

Не сакам да читам еден муабет тука и одеднаш да се нафрлаат оф-топик муабети по темава...
 
Дали со некое друго тајно братство стоите добро? :)
Колку што ми е познато, ОТО нема несогласувања ниту спорови со ниеден иницијаторски Ред, плус има доста членови што се истовремено иницијанти и во ОТО и во други Редови.
 
Кроули само го претвара старо-еонскиот Ред во одлично „материјално возило“ на новиот Закон! :)
Значи редот постоел, а Круоли го трансформирал? Зш нели О.Т.О. постои со векови. :)
 
Значи редот постоел, а Круоли го трансформирал? Зш нели О.Т.О. постои со векови. :)
Кроули како и јас БИЛ инициран во О.Т.О.
Напредувал, имал пракса и знаење и станува O.H.O. на Редот... Го менува, додава пракси, додава знање инциира нови луѓе....
 
Колку што ми е познато, ОТО нема несогласувања ниту спорови со ниеден иницијаторски Ред, плус има доста членови што се истовремено иницијанти и во ОТО и во други Редови.
Да ми спомна. Има и масони. Тоа ме интересираше. :)
 
@Dumbledore и @Donald Sikert - за вакви муабети има други теми... може таму да се префрлите.... пример „Прашања од до модерато“ и слично...

Не сакам да читам еден муабет тука и одеднаш да се нафрлаат оф-топик муабети по темава...

Де бе друже, ќе испадне дека којзнае колку полезни и конструктивни муабети се водат на темава, па некој офтопик ќе ги засени.
 
Де бе друже, ќе испадне дека којзнае колку полезни и конструктивни муабети се водат на темава, па некој офтопик ќе ги засени.
За мене се полезни и конструктивни - ако за тебе не се, не доаѓај на темава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom