Македонски Железници

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување

Дали е подобрен железничкиот сообраќај во Р.М


  • Вкупно гласачи
    181
оваа информација е од друг форум која ја напиша форумаш-машиновозач по професија

Се судрија патничкиот воз бр. 631 (серија 412 Горбачов) Скопје-Гевгелија и товарниот воз бр. 45205 (локомотива 461-121) исто Скопје-Гевгелија... И тоа не воз на воз од спротивна насока туку двата оделе во исти правец...При претекнување во станица...
,,Република,, без потреба ја филуваат работата ја преувеличуваат...Полесно повреден е само кондуктерот и никој друг...а патниците се пренесени до саканите дестинации со автобус...
 
Безбедноста е на највисоко ниво.Дневно во просек 27 до 30 воза, од кои најмногу товарни, поминуваат низ станицата во Велес. Сигурноста на возовите е на највисоко ниво,велат отправникот на возови Васил Маневски и неговиот шеф Јован Ушев.
Телекомандата им овозможува автоматски да се регулира и следи целиот
железнички сообраќај во земјава.- Сите колосеци во станицата ги
имаме на увид преку телекомандата. Кон Скопје имаме контрола на
движењето на возовите до станицата Рајко Жинзифов, а кон Гевгелија до
Згрополци, објаснува Васил, додека Јован не уверува дека со ваква
техника нема шанси два воза во исто време да се најдат на ист колосек.

1505080_552255938198039_1818482603_n.jpg
1510839_552256014864698_1847242783_n.jpg
1526239_552256008198032_1898211991_n.jpg
1513324_552256274864672_187241902_n.jpg
1456021_552256148198018_2000956360_n.jpg
1524697_552255941531372_675891753_n.jpg
282884_552255931531373_903844147_n.jpg


Според машиновозачите, патничкиот воз 631 чекал поминување на (побрзиот) патнички воз и после неговото поминување било планирано тргнување и на 631.Наводно кочниците на патничкиот откажале, па тргнал (за среќа) со премногу мала брзина - доволно влез на истиот колосек и изместување на неколку вагони од товарниот и неговата локомотива кои се движеле со ~80км/ч.

рајко1.png

рајко 2.png

ОТ:
Тешка работа е ова на машиновозачиве.Со секаква идиотштина да се замараш, фраери ќе поминат под рампа (лично сум бил сведок како патник) или на необезбедена пруга (Велес-Прилеп):
(споредбата меѓу оштетувањата на возот и камионот :eek:)
207122_441940212562946_1992032962_n.jpg
247511_441940835896217_746976061_n.jpg


дечишта ќе те расцепат со камења, идиоти ќе легнат на пруга па цел живот ќе имаш трауми...или кранот ќе го наместат на сред пруга (Тетово-Гостивар) :
1001695_475680759188891_518264332_n.jpg
 
Некој ако знај дам и кажи кога има воз од БТ до СК денес ( недела ?) и во колку часот по можност после 16.00 :) фала многу
 
Ај некој љубезен да ми каже има ли воз на релација Скопје-Неготино,кога(доколку има) и која е цената(доколку има)?
 
Еве уште слики
Надворешно убаво
temporary-12.jpg

gambar4.png


Ама реално нарачано гарнитура за приградски превоз, ЛРТ систем (освен ако не им текнало да наредат нормални седишта за линии до 3-4 саати)
temporary-11.jpg

MYKOMUTER%20ON%20THE%201ST%20DAY%20OF%20SERVICE.png
 
Дечки, да не има некој информација за како оди тоа за бесплатен превоз со железница за лица под 26 години?
 
Возовиве се топ, како што ги гледам на слика. Но ќе ги исшкртаат уште првата недела. :( И на ништо нема да личат после надворешно.
 
Иначе МЖ работат во загуба со патничките возови, тоа неколку пати го имаат изјавено.
Цитирам овде, да не е ОТ во темата за новите набавки:

- Нормално дека МЖ ќе работат со загуба во патничкиот превоз кога понудата им е ограничена на едно или две тргнувања дневно.Ако понудат почести термини, ќе видиме дали ќе работат со загуба.
Пример:
Како би патувал просечен патник до Кочани со воз од Скопје, ако имаш ЕДНАШ дневно тргнување попладне и враќањето другиот ден во 4 сабајле? Како би завршил работа ако сите инстутиции работат отприлика од 8 до 4?

- Зошто Велес да не е централна станица, ако пругите од/кон Кочани, Битола и Гевгелија сите одат низ таа станица?
Два пати дневно (рано утрински и после 4) можат да понудат опција Битола - Кочани/КО-БТ и Гевгелија - Скопје/СК-ГЕ кои би се укрстувале во Велес и конекции од типот Гевгелија/ Битола ќе бидат за сите полн погодок, од студенти и работници па до бизнис патувања со подобри услови и понуда.

- Двата воза дневно кон Кичево слободно нека ги спојат со линијата до Кочани, секако одат ист тип гарнитури.И ете превоз во правец Исток - Запад и обратно без преседнување во Скопје.

- Линиите од Битола и Гевгелија кон Скопје можат да ги продолжат кон Куманово со една иста гарнитура, а не да користат дополнителни за КУ/Табановце


Пред некое време имаа студија на Техничкиот Фкултет во Битола нарачана од нив - потребно е да се понудат поголем дел брзи/експресни линии без застанување ‘на секоја бандера‘, со оглед дека над 75% од патниците се од градските средини.
Патувањето со експресен воз меѓу БТ и СК (со застанување само во ВЕ и ПП) е 2:40, а обичен патнички воз со застанување насекаде 1 сат подолго.За споредба со автобус е 3 и пол саати.Тука веќе држат временска предност на таа линија, ама изгледа не можат (нејќат) да соберат 2 и 2 :unsure:
 
Катастрофални им се временските саатници, а и зачестеноста на линиите.
 
Знае некој колку отприлика е повратна карта Скопје - Прилеп? Од официјалнава страна не ми се баш веродостојни бројките.
 
Пред една недела патував со воз и видов како кондуктерот му наплаќа пола карта (без да ја напише) на еден патник. Во ходникот бевме 4-5 души а кондуктерот се однесуваше како тоа да е најнормалната работа на светов... :confused: И после МЖ била во загуба.... :tapp:
 
Знае некој колку отприлика е повратна карта Скопје - Прилеп? Од официјалнава страна не ми се баш веродостојни бројките.
Скопје-Прилеп-Скопје 400 денари е карта, а само во еден правец е 250 денари.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom