LAVAZZA одлично кафе. Кафето го има во Скопје. Повели ако ти држи џебот купи и уживај.
Зрната кафе се оригинални со единствен вкус. Вкусот се добива како резултат на дигестијата на зрната кафе од страна на Азиската палмова цибетка (животно вид на мунгос) - Paradoxushermaphroditus.
Додека зрното се наоѓа во стомакот на цибетката, соковите од дигестивниот систем ги вшмукуваат протеините кои го предизвикуваат горчливиот вкус на кафето со што се добива преработено кафе кое кога ќе се припреми има единствен од својот вид сладок вкус и прекрасна арома.
Азиската цибетка е мало животно што потсетува на мачка, кое живее во џунглите на Суматра, Јава и други Индонезиски острови. Цибетката е ноќно животно и се храни претежно со плодови, вклучувајќи и зрна од кафе, кои ги крадат од фармерите и оставаат зад себе си купишта уништена реколта.
Зрната од Copi Luwak се собираат рачно од земјата во густите џунгли на островот Суматра и потоа се сушат на сонце додека пергаментите не отпаднат од нив и потоа се печат. Секое пакување на Copi Luwak кафето се пече специјално пред секоја нарачка со цел да биде гарантирана свежината и посебните квалитети на единствениот вкус.