Најскапото кафе на светот Копи Лувак во Македонија !

  • Креатор на темата Креатор на темата Keljav
  • Време на започнување Време на започнување

Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
311
Последно уредено:
Јебеш ова. Лаваца про е мајка и маќеа за кафиња.
 
LAVAZZA одлично кафе. Кафето го има во Скопје. Повели ако ти држи џебот купи и уживај.

Зрната кафе се оригинални со единствен вкус. Вкусот се добива како резултат на дигестијата на зрната кафе од страна на Азиската палмова цибетка (животно вид на мунгос) - Paradoxushermaphroditus.

Додека зрното се наоѓа во стомакот на цибетката, соковите од дигестивниот систем ги вшмукуваат протеините кои го предизвикуваат горчливиот вкус на кафето со што се добива преработено кафе кое кога ќе се припреми има единствен од својот вид сладок вкус и прекрасна арома.

Азиската цибетка е мало животно што потсетува на мачка, кое живее во џунглите на Суматра, Јава и други Индонезиски острови. Цибетката е ноќно животно и се храни претежно со плодови, вклучувајќи и зрна од кафе, кои ги крадат од фармерите и оставаат зад себе си купишта уништена реколта.

Зрната од Copi Luwak се собираат рачно од земјата во густите џунгли на островот Суматра и потоа се сушат на сонце додека пергаментите не отпаднат од нив и потоа се печат. Секое пакување на Copi Luwak кафето се пече специјално пред секоја нарачка со цел да биде гарантирана свежината и посебните квалитети на единствениот вкус.
 
Последно уредено:
Што би се рекло во Охрид цената ќе биде колку соба во центар за истово ?
 
Ова кафе не се служи со пластична лажичка. Шоља од ова кафе е 100 ЕВРА

А може да се „гледа“ на него, ако го свртиш на тацна?
 
Зрната кафе се оригинални со единствен вкус. Вкусот се добива како резултат на дигестијата на зрната кафе од страна на Азиската палмова цибетка (животно вид на мунгос) - Paradoxushermaphroditus.

Додека зрното се наоѓа во стомакот на цибетката, соковите од дигестивниот систем ги вшмукуваат протеините кои го предизвикуваат горчливиот вкус на кафето со што се добива преработено кафе кое кога ќе се припреми има единствен од својот вид сладок вкус и прекрасна арома.
Чекај сеа, не сконтав што е фората со кафето и животинчево. Зрнава идат у стомак кај створот и после шо се дешава, како завршува процесот?
 
Процесот завршува со собирање на зрната од почвата, кои ги исфрла животното. После зрната се сушат на сонце. Откако ќе се исушат истите се печат. Но печењето е за секое пакување индивидуално. Кафето добива сладок вкус кој е единствен на светот.
 
па и медот е говно од пчелите. Инаку токму во тоа лежи екслузивноста на ова кафе. Врв на кафето. Врв на луксузот.
 
Технички. Технички е piece of shit. :ROFLMAO:

Настрана заебанцијата. Сигурно е добро кафето и има одличен вкус. Браво за личноста/фирмата која се нафатила да го донесе во Македонија бидејќи шоља кафе од 100 евра да продадеш овде не е баш лесна работа.

gl hf
 
Процесот завршува со собирање на зрната од почвата, кои ги исфрла животното. После зрната се сушат на сонце. Откако ќе се исушат истите се печат. Но печењето е за секое пакување индивидуално. Кафето добива сладок вкус кој е единствен на светот.

ова е некое животно пратено од бога?
 
животното е посебно и живее само во Индонезија. Инаку кафето веќе се продава. И тоа приватни лица си го пијат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom